Есенски активности кои мора да ги пробаш!

Аплицираj
Есенски активности кои мора да ги пробаш!

Промената на сезоната знае да биде тешко поднослива, особено сега кога е во прашање поздравувањето со топлите и сончеви денови, со лесната облека и омилените летни активности. Ако си љубител на летото, доаѓањето на есента може да ти изгледа доста депресивно. Сепак, октомври е месец во кој сѐ уште можеш да уживаш во последните потопли денови, но и исто така е вистински момент да се подготвиш за студените денови кои доаѓаат. Искористи ја секоја предност на ова годишно време и препушти се на уживањата кои се карактеристични за овој период.

Планинарење

Во последно време, поради брзиот начин на живот, неправилната исхрана и се поголемото загадување на воздухот , сè повеќе луѓе сè одлучуваат да започнат со овој спорт.

Се движиш низ преубави природни предели кои сè богати со чист воздух. Планинарењето е одлична кардио вежба, која го зајакнува срцето. Ако одлучиш  да го практикуваш овој спорт барем 150 минути неделно, имаш многу помал ризик да добиеш срцеви заболувања.

Кампување

Природата убаво изгледа, убаво мириса и убаво е да се биде таму. Излегување од дома и престојување во средина на која не си навикнат претставува излегување од твојата комфорт зона. Убавата природа и предизвиците со кои таа ќе те натера да се справуваш го прават кампувањето, авантура сама по себе. Целото тоа искуство е возбудливо.

Истражи ги околните места

Истражи ги околните места, градови. Македонија е полна со природни и културни богатства во кои можеш  да уживаш. Искачи се на врвот на Кожув, посети го Беровско езеро, познатите Смоларски  водопади, Галичник  или недопрената природа во малите селца кои ги има над 1500 на број.

Направи пикник

Направи пикник, јади храна која ја нуди есента и гледај ги боите во природата кои ги има исклучиво во есен. Кошницата за пикник наполни ја со омилените намирници и задолжително вметни ги есенските закуски, како јаболка, грозје, тиква. Не го заборавај доброто вино, топлото чајче или кафе во термос. Обиди се да не гледаш премногу во телефонот, освен кога треба да направиш некоја совршена слика од пејзажот.

Забавувај се со најмалите

Има нешто волшебно во ова годишно време  кое ја бои природата со прекрасни нијанси на црвена, жолта и портокалова. Освен што глетката е убава за набљудување и фотографирање, детските цртежи и дават посебна убавина. Затоа изведи ги децата надвор без разлика дали се твои, внуци или деца на пријатели и понеси ја хартијата, боичките и фломастерите и нека ја цртаат природата. Ова е одличен начин да ја почувствуваш сета убавина на мајката природа од ова доба на годината.

Патувај

Есента е синоним за патување по лесно достапни цени. Во овој период цените на летовите и сместувањето се многу пониски, а доколку си за шопинг може да начекаш супер парчиња облека или обувки од минатата сезона. За да можеш  да го истражиш  местото кое го посетуваш како локалец и да ја доживеш неговата енергија без еден куп туристи, само треба да го посетиш  во есенските месеци.

Искористи го секој момент од есента максимално. Уживај  во шарените бои, биди со твоите пријатели и создавај нови спомени постојано. Твое е да решиш на кој начин ќе се забавуваш оваа есен, другото остави го на Credissimo. Ако имаш потреба од вишок финансиски средства aплицирај за „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, исто така може да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. Aко си веќе решен што да правиш, а гледаш дека ти треба време за да заштедиш, не чекај!  Само аплицирај за „Credissimo плус" до 80.000 денари и уживај на свој начин.

Повеќе

Во оваа статија ќе најдеш неколку корисни совети како лесно да си ги зголемиш финансиските средства.
Ти нудиме неколку совети како да внесеш свежина во својот дом и да создадеш убава атмосфера.
Доколку сакаш да патуваш во октомври, но не знаеш каде, прочитај ја нашата статија и можеби ќе ти се допаднат нашите совети.