Како да се заштитиш од вирусите оваа сезона

Како да се заштитиш од вирусите оваа сезона

Есента е преубаво годишно време, но смената на сезоните често носи здравствени проблеми. Настинките и вирусите се едни од најиритирачките заболувања кои се појавуваат наесен. Имунитетот ни опаѓа и сме затекнати од пониски температури, променливи временски услови кои претставуваат одлична основа за развој на бактерии и вируси. Справувањето со вирусите може да биде навистина здодевно и болно и да ти го исцрпува времето и енергијата за извршување на секојдневните активности.

Хигиената е половина здравје

Можеби е многу очигледен совет и сметаш дека доволно правиш околу ова, но факт е дека хигиената драстично ќе ги намали шансите за фаќање вируси. Често миј ги рацете, особено откако се ракуваш со повеќе луѓе или допираш јавни места како ескалатори, автобуси или рачки од канцелариски врати. Чувај си антибактериски гел за раце или пак антибактериски марамчиња во чантата, во случај кога не можеш да стигнеш до мијалник. Гризењето нокти исто така е строго забрането бидејќи огромен дел штетни бактерии се наоѓаат токму под нашите нокти.

Доволно сон

Спиењето е време во коешто твоето тело се регенерира и закрепнува, па затоа погрижи се да ги добиеш задолжителните 8 часа сон секоја вечер. На твоето тело му е потребна целата енергија кога се бори против вирусите и штетните бактерии, па затоа не дозволувај уморот да те совладува и посвети си време за себеси и за одмор.

Витамин Ц

Здравото и одмерено јадење ќе ти даде многу поголема предност во избегнувањето на вирусите отколку јадењето брза храна која не ги содржи хранливите состојки кои ти се потребни. Меѓутоа, ако навистина сакаш да го активираш твојот имунолошки систем, јади храна која изобилува со витамин Ц. Ова ќе го зајакне твојот имунитет кој поуспешно ќе се избори со суровите вируси и бактерии што го напаѓаат твојот организам. Немањето време за подготовка на јадење не е изговор бидејќи постојат многу вкусни рецепти кои можеш да ги зготвиш во краток рок. Затоа, подготви ги лимоните, портокалите, цитроните и брокулите и заедно вклучете се во борбата против здодевните вируси!

Останете на топло и суво

Една од причините поради кои луѓето добиваат настинка кога времето е постудено е затоа што човечкиот имунолошки систем е послаб кога неговата температура е пониска, особено при нагли опаѓања на температурите карактеристични за есента. Вирусите и штетните бактерии особено ги „обожаваат“ студените носови кои ги гледаат како многу привлечна средина за нивен развој поради слузта што се наоѓа таму. Останувањето на топло ќе го зајакне твојот имунолошки систем и ќе ги обесхрабри вирусите да го користат твојот нос како комора за инкубација.

Пијте колку што е можно повеќе вода

Дехидрираноста ја прави секоја болест многу полоша, затоа обиди се да пиеш колку  што е можно повеќе вода. Дури и ако се чувствуваш добро, пиењето повеќе течности нема да е излишно, бидејќи телото користи вода за одржување на својата температура, отстранување на штетните материи и е потребно за целокупното здравје. Воспостави си утринска рутина – секое утро да испиеш цела чаша млака вода откако ќе се разбудиш.

Нашето здравје е најважната работа во животот, иако честопати забораваме на тоа.  Финансиските пречки повеќе не се проблем во одржувањето на твоето здравје, бидејќи ги имаш Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци или Credissimo плус до 80.000 денари.



Врати се назад

Прочитај повеќе