Есенски активности со твоето дете

Есенски активности со твоето дете

Есента е позната по својот шарм и живописност во својот изглед. Свежо, но сепак пријатно есенско време, топли и шарени бои, сезона на топли чајеви и вкусни пити. Есента е прекрасен транзициски период кој психички нѐ подготвува за долгата и напорна зима. Па затоа, искористете го овој прекрасен период за забавни активности во кои можете да ги вклучите и вашите деца и да уживате во сè што има да понуди сезоната. Како начин да се искаже благодарение кон есента, подготвивме листа на неколку забавни есенски активности со твоето дете.

Одете на лов на лисја

Лов на лисjа

Активностите на отворено се секогаш одлични за твоето дете. Движењето во природа, помага во зголемувањето на детскиот имунитет, заштита од алергии и сл. Прошетајте во некоја блиска шумичка и заедно собирајте шарени есенски лисја. Доколку твоето дете е многу мало, ова е одлична можност да ги научите боите, така што твоето дете ќе ти кажува во која боја е секој лист. Потоа помогни му да ги сортира лисјата според нивната боја и големината. Ова се мали, но одлични вежби со кои се развива логиката кај малите дечиња, а со кои истовремено ќе се забавуваат во природа.

Есенско дрвце

Есенско дрвце

Една од најинтересните есенски активности вклучува и доза на креативност и сликање. А сите деца обожаваат да работат со бои и да сликаат. Ова е одлично искуство кое ја развива креативноста кај малите деца и исто така, помага и за развој на координацијата. Користете лепило за да залепите неколку гранчиња на платно или пак на хамер, кое ќе го претставува стеблото на дрвото. Земете црвена, жолта и портокалова темперна боја, со којашто детето со прстињата ќе прави отпечатоци околу дрвото, односно така ќе ги наслика есенските лисја.

Еже од шишарки

Еже од шишарки

Есента е преслатка, особено за прошетки. Покрај ловот на лисја кој го споменавме погоре, твоето дете може да најде уште некои интересни скриени „богатства“ при прошетката, како што се шишарките. Соберете неколку шишарки, кои подоцна ќе ги искористите за да ги ишарате и да ги претворите во украси во форма на ежиња. Децата ја сакаат оваа активност и се возбудени да откријат што сè друго можат да направат со пронајдените богатства!

Редовните прошетки во природа се особено полезни за правилниот развој на твоите деца. Посвети му внимание на твоето дете и вклучи го во заеднички есенски активности и дозволете си посета на некое ново, убаво место во природа, на чист воздух. Организирај неколкудневно патување за тебе и за твоето семејство без никакви финансиски грижи, со Credissimo до плата до 20.000 денари, со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, или Credissimo плус до 80.000 денари и уживајте во убавините на есента.

Прочитај повеќе

Есен - периодот на зголемените трошоци

Есен - периодот на зголемените трошоци

Помина летото, најубавиот период од годината којшто е симбол за одмор, релаксација и уживање. Есента календарски веќе започна.

Време е да одберете хоби за своето дете

Време е да одберете хоби за своето дете

За децата е важно да го исполнуваат своето слободно време на креативен начин кој ќе им помогне во развивањето на нивната личност и карактер уште од рана возраст. Доколку сеуште не сте одбрале хоби за своето дете, може да најдете инспирација во нашата статија.

Уживај во есента на вистински начин

Уживај во есента на вистински начин

Доколку сакаш да патуваш во октомври, но не знаеш каде, прочитај ја нашата статија и можеби ќе ти се допаднат нашите совети.

Европски дестинации кои се најпривлечни во есен

Европски дестинации кои се најпривлечни во есен

Посети ги најпривлечните европски дестинации и почувстуваај ја есенската идила во вистинско светло.

Топ 3 места во Македонија за есенска прошетка

Топ 3 места во Македонија за есенска прошетка

Eсенскиот период е идеален за патување. Времето е создадено за прошетки во кои максимално ќе уживаш во магичните пејзажи со портокалова и златна боја