Избегни го непотребното трошење!

Избегни го непотребното трошење!

На трошење може да се натераш само самиот ти. Ако не знаеш да го контролираш тоа што го правиш, трошењето ќе биде сериозен проблем. Ова се грешките што ги правиш.

Не ги контролираш своите пари

Постои едно клучно правило кога станува збор за управување со личните финансии, а тоа се однесува на тоа колку ги контролираш своите пари. Ако не ги контролираш своите пари, тие ќе го контролираат твојот живот. Поедноставно кажано, кога ќе снемаш пари, тоа ќе влијае на твоите одлуки и ти ќе мора да живееш така како што твојата беспарица ќе ти наложи.

Првиот чекор кон контролирањето на твоите пари е да знаеш секогаш колку имаш во моментот и колку е предвидено да потрошиш.  Многу е полесно да ги контролираш своите пари кога трошиш кеш отколку кога плаќаш со картичка. Многу полесно е да изгубиш контрола над трошењето кога не ги гледаш парите што ги трошиш.

Немаш долгорочен финансиски план

Долгорочниот финансиски план ти дава перспектива. Без него, секој денар што ти доаѓа во рака има поинакво значење за тебе.

Да имаш долгорочен финансиски план подразбира дека мора да си ги напишеш на еден лист своите цели за 1, 5 или 10 години. Тоа не мора да значи дека ќе ги исполниш – поважен е фактот дека знаеш во која насока се движиш. Оваа насоченост ќе им даде постојаност на твоите одлуки. Многу често непотребните трошења доаѓаат од промената на одлуките и незнаењето што точно сакаш да купиш или што точно сакаш да постигнеш.

Купуваш на прва

Лошо е да купуваш производ или услуга, а притоа да не ја проверуваш точната цена. Ќе се изненадиш колку луѓе во суштина многу ретко проверуваат за цената, особено кога станува збор за разни дреболии што ги купуваат во супермаркетот. Сепак, кога ќе се соберат на купче, цените на овие мали нешта може да ти го истенчат буџетот.

Многу луѓе, исто така, не ја проверуваат цената на истиот производ во различни продавници. Зошто да плаќаш поскапо кога истото може да го добиеш поевтино.

Подлегнуваш на притисоци и на сугестии

Постои цела индустрија која се занимава само со едно: да те убеди да трошиш. Рекламната индустрија често за себе вели дека цел ѝ е да ги дознае потребните информации за потрошувачите, но во суштина таа прави многу повеќе од тоа. Често дури и создава потреби што луѓето навистина ги немаат.

Ако почнеш да им подлегнуваш на сугестиите на рекламите, може да банкротираш за неколку часа. Затоа, игнорирај ги – немој да размислуваш за нив како за информации и игнорирај ги целосно кога носиш одлуки за трошење.

Престани да ги правиш овие грешки кога трошиш пари без разлика за што. Биди внимателен и води сметка за парите. Ако тоа ти претставува проблем и ти треба подолго време да се одвикнеш од многу трошење, има одлична опција за тебе. Аплицирај за „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така може да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати, или аплицирај за „Credissimo плус" до 80.000 денари и троши кога сакаш и колку сакаш.

Поврзани статии

Научно е докажано - Јануари е најдолг месец во годината

Научно е докажано - Јануари е најдолг месец во годината

Веројатно првата причина која би го поврзал јануари со „вечност“ е тоа дека има 31 ден, но има и други месеци кои имаат 31 ден, како и декември на пример, па веројатно е најбрзиот месец во годината поради сите настани, прослави и одбројувања до новата година.

Внеси го празничниот дух во твојот дом

Внеси го празничниот дух во твојот дом

Се ближи Новата Година, а сè уште го немаш украсено домот? Не грижи се, имаме неколку супер лесни идеи за тебе.

Кои потрошувачки навики ќе бидат актуелни во 2023 година?

Кои потрошувачки навики ќе бидат актуелни во 2023 година?

Види како ќе се промени тенденцијата во купувањето и како тоа ќе влијае на потрошувачите оваа година

Неколку совети како да ги зголемиш месечните приходи!

Неколку совети како да ги зголемиш месечните приходи!

Во оваа статија ќе најдеш неколку корисни совети како лесно да си ги зголемиш финансиските средства.

Есен - периодот на зголемените трошоци

Есен - периодот на зголемените трошоци

Помина летото, најубавиот период од годината којшто е симбол за одмор, релаксација и уживање. Есента календарски веќе започна.