Колку лесно може да ти биде хакирана лозинката?

Колку лесно може да ти биде хакирана лозинката?

Дали некогаш си користел иста лозинка за повеќе сајтови? Ако да — добредојде во клубот на 65% од луѓето кои тоа го прават.

Знаеш ли кои се најчестите лозинки во Македонија? Тоа се произволни броеви како „123456" , име + број „Еlena0701” и датум на раѓање „07011987". Ако не сакаш твоите лични податоци да бидат следниот лесен „плен“, време е да промениш нешто.

Твоите онлајн кориснички профили не се само регистрации – во нив се чуваат твоите лични и финансиски податоци кои можат да бидат  нешто многу вредно за хакерите. Украдената лозинка може да значи пристап до твојата трансакциска сметка, и лични документи. Со други зборови лозинката е многу повеќе од ,,само лозинка”.

Како да си создадеш сигурен профил?

Регистрирај се со вистинскиот имејл

При создавањето на профил, секогаш регистрирај се со имејл до кој имаш достап само ти. Избегнувај споделени или службени имејли за финансиски регистрации. И најважно – запомни со кој имејл си се регистрирал. Половина од случаите на изгубен достап почнуваат со реченицата: „Можеби се регистрирав со друг имејл…“ 

Создај силна лозинка

Наместо:  "123456" , име + број "Еlena0701” и датум на раѓање "07011987" ,
направи лозинка од најмалку 12 знаци – големи, мали букви, цифри и симболи. 

Трик за полесно да ја запомниш: Измисли реченица и користи ги првите букви. 
Пример: „Сакам да пазарувам онлајн секоја сабота во 10 часот!“ → Sdpss@10! 
Така создаваш лозинка која звучи како шифра, но всушност има посебна смисла.

Двустепена проверка – обезбедува поголема заштита

Активирај двостепена проверка (2FA) кога имаш можност. Тоа значи дека дури и ако некој ја открие твојата лозинка, нема да може да влезе без кодот што го добиваш на телефонот. Да, ќе потрошиш половина минута повеќе, но тоа ќе спречи 99% од обидите некој да „ си ја проба среќата“. 

Како да си ги заштитиш лозинките?

Каде НЕ треба да ги чуваш?

  • Во белешка на телефонот „Лозинки“ 
  • На лист залепен на монитор 
  • Во имејл испратен до тебе

Каде ДА ги чуваш?

  • Апликации за лозинки - Google Password Manager или 1Password 
  • Физички тефтер – но далеку од компјутер и заклучени на посебно место 
  • Во твојата глава – обиди се да ги запомниш

Практични совети за профилoт во Credissimo

Во Credissimo сигурноста e важна – тоа е дел од довербата меѓу нас.

Еве како можеш да го направиш твојот кориснички профил побезбеден:   

  • При регистрација - користи имејл кој го проверуваш редовно 
  • Лозинка - создај уникатна лозинка само за Credissimo 
  • Запомни ги имејлот и лозинката – веднаш по регистрацијата запиши си ги
  • Редовни проверки - еднаш месечно најавувај се за да се увериш дека се е во ред 
  • Ажурирање - обновувај ги податоците при промена 

Кои податоци НИКОГАШ не треба да ги споделуваш?

Запомни го ова правило: Ниту една компанија нема да бара твоја лозинка по телефон, имејл или чат.

Предупредувачки знаци за измама:

  • Имејл која бара „потврди ја лозинката“ 
  • СМС за „итна проверка“ на профилот 
  • Повик од „вработен“ кој бара достап или податоци 
  • Ако звучи итно – веројатно не е вистинско. 

Што да направиш ако не можеш да се најавиш?

Заборавена лозинка:

  • Користи го копчето „Заборавена лозинка“ 
  • Провери ја и спам папката
  • Ако не пристигне – контактирај го контакт центарот за корисници

Заборавен имејл:

  • Провери ги сите имејлови 
  • Побарај стари имејлови од Credissimo 
  • Јави се на 15 020 – ќе ти помогнеме 

Сигурноста не е лозинка, туку навика.

Онлајн сигурноста не е апликација што ја симнуваш. Таа е навика што ја градиш. 
Десет минути денес можат да ти заштедат неколку недели грижа утре. 

Во Credissimo ги чуваме твоите податоци – ти само додади ја последната заштита: силна лозинка и паметни навики.

Прочитај повеќе