Кредит на месечни рати - кои се предностите?

Кредит на месечни рати - кои се предностите?

Во денешното бескрајно море од кредитни производи, услови, предности, промоции и преференции, понекогаш е тешко човек да се ориентира. Кој е најсоодветниот кредит за мене? На која банкарска или небанкарска институција да ги користам услугите? Како да ја определам износот кој ми треба? Како да ја пресметаам правилно камата? Кој начин на плаќање да го изберам?

За секое од овие прашања можат да бидат испишани страници со објаснувања, но дури и тогаш вистината нема да е потполна, бидејќи персоналните потреби и можности на секој поединечен кредитокорисник нема како да бидат опфатени во едно објаснување. Затоа и секогаш препорачуваме, ако не сте сигурни што е најдобро за вашиот случај, да се консултирате со еден вработен на преферираната кредитна компанија.

Врз основа на ова верување - дека секој случај е индивидуален и пристапот кон него треба да е токму таков, одбравме кредитниот производ "Credissimo плус" да се плаќа на еднакви месечни рати. Искуството со големиот број на клиенти покажало дека овој метод е најраспространет и во скоро сите случаи - најлесен за нашите клиенти. Заедно со тоа и финансиски помалку оптоварувања од некои други можности. Но, да ги разгледаме прво актуелните услуги.

Периодичност на ратите

Во моментов на кредитниот пазар постојат разновидни производи, кои нудат различни начини на плаќање на кредитот, вклучувајќи како и периодичност на ратите. Може да најдете кредити кои стандардно се исплаќаат на месечни рати (еднакви или намалувачки, на 15 дена, еднократно (на пример кредитите до плата). Називот на кредитниот производ сам зборува за себе, но ајде да ги видиме работите одблизу:

  • Кредити до плата. Тоа се кредити кои се со ограничен износ на сумата, па да биде можно таа да биде вратена со една единствена рата. Таков пример е "Credissimo до плата". Овој кредит може да биде во износ од 3000 до 12000 денари, а рокот за враќање е 15 до 30 дена. Вакви слични кредити се исклучително удобни, кога имате потреба од еднократна мала сума и можете да си дозволите да ја вратите одеднаш во рамките на периодот. Производот овозможува продолжување на рокот (Револвинг) со уште 30 дена по потреба. Кредитот до плата е често претпочитан и поради грејс периодот за секој прв кредит и можноста да ги вратите парите без камата.
  • Кредити на месечни рати. Повеќето луѓе добиваат приход и плата еднаш месечно. Токму овој факт го прави и враќањето на месечни рати најпопуларната и најпосакувана опција. Пожелно е датумот на месечната рата да се совпаѓа или да е во близина по датумот на земањето на платата (доходот) и да е меѓу првите трошоци кои ги покривате, заедно со домашните сметки и др. Оваа можност за прилагодување е огромна погодност и го намалува ризикот да пропуштите рата.

Како се одредува големината на месечните рати?

Големината на месечни рати се одредува целосно спрема можностите и желбите на клиентот. Претставува двостран процес. Од една страна корисникот одредува колку долг да биде периодот на враќање и соодветно висината на ратата. Од друга страна добива совет од страна на кредитните експерти, дали претпочитаниот план е навистина погоден спрема наведените приходи, семеен статус и сл. Оваа двојна проверка овозможува максимално добра проценка која треба да ги задоволува во целост индивидуалните способности и преференци. А како што стана збор, ние веруваме во индивидуалниот пристап кон секој наш клиент.

Кои можности ги нуди "Credissimo плус"?

"Credissimo плус" е брз кредит со плаќање на еднакви месечни рати. Нуди можност за земање на кредит во вредност од 6000 до 40000 денари. Со можност за враќање во рок од 3 и 15 месеци. Начинот на определување на рокот и износот на ратите е целосно индивидуален за секој клиент и случај и без скриени трошоци. Важно е да знаете дека ако претходно сте биле клиент на Credissimo и сте ги вратиле кредитите во определените рокови, добивате голем број бонуси и попусти како наш лојален клиент.

Но, не е само тоа. Веќе знаете дека може да аплицирате и да Ви биде одобрен кредитот од Credissimo целосно онлајн - преку форма на веб-сајтот, преку чат со наш вработен, преку чатботот на Messenger или телефон. Одговор добивате до 7 минути, а одобрените парични средства за краток период ќе ги имате на трансакциската сметка наведената во барањето за кредит.

Плаќањето на ратите е исто толку лесно!

Нема потреба да да барате наша канцеларија, ниту пак да чекате некој да ве посети дома. Може да плаќате во Банка или пошта, како и преку e-banking услугата. Со ова повторно покажуваме дека вашата удобност е основен приоритет на Credissimo! Бидејќи веруваме дека односот кон секој треба да е персонализиран и со фокус врз неговите лични желби и стил на живот.



Врати се назад

Прочитај повеќе