Научно е докажано - Јануари е најдолг месец во годината

Научно е докажано - Јануари е најдолг месец во годината

Колку пати како на шега си кажал или си слушнал некој да каже: „Јануари е најдолгиот месец во годината“? Веројатно низ годините оваа фраза се провлекува како лајт-мотив секогаш кога јануари ќе започне, но верувал или не, научно е докажано дека е така.

Веројатно првата причина која би го поврзал јануари со „вечност“ е тоа дека има 31 ден, но има и други месеци кои имаат 31 ден, како и декември на пример, па веројатно е најбрзиот месец во годината поради сите настани, прослави и одбројувања до новата година. Убаво рекле старите, „времето брзо поминува кога има забава“. И навистина е така.

Постојат многу причини, докажани, но и недокажани зошто јануари е најдолгиот месец во годината, а во продолжение ќе одвоиме пет кои се поткрепени од истражувања или незанемарливи факти искажани од професори или психолози.

Враќање на обврските

Според Полин Волин, декември е месец во кој рутината на работа, факултет или секојдневието е комплетно нарушена, а јануари е тотално спротивно. Поради тоа, за многу луѓе денот се чини многу подолг отколку во декември, ендорфинот во телото опаѓа и расположението е на многу пониско ниво споредбено со месецот претходно.

Најтемните и најладните денови во годината

Статистички гледано, во јануари има во просек најмногу темни и најладни денови во годината. Ваквото метео, ги тера луѓето поголемиот дел од денот да го поминуваат на работа или дома, што го прави денот бавен. Можеби поради тоа и деновите вечно траат особено по празниците?

Постпразнично разочарување

Клори Кармајкл, психолог и автор на бројни книги поврзани со анксиозноста, вели дека во телото се случува се обратно од она што го исполнувало во декември. Според нејзе, пред се тоа се однесува за хормоните на среќа. „Добиваме подароци, или даваме подароци и гледаме како другите луѓе ја доживуваат магијата на празниците, нешто што едноставно не преплавува со допамин и се чувствуваме навистина добро“, вели таа.

Во јануари, според Кармајкл празнењето е буквално како када полна со вода откако ќе се извади чепот за одзатнување. Водата ја снемува брзо, исто како и хормоните за среќа во човековото тело.

Нова година, нов ти, нови притисоци?

За многумина, новата година значи пресврт на многу полиња во животот, а очекувањата си носат и притисок сами по себе. Стартот е секогаш важен, а стартот е во јануари. Затоа, доколку нешто не тргне по планот, притисокот од неуспех веднаш надоаѓа врз тебе, па од таму и психолошки влијае врз должината на секој ден и секоја ноќ.
 

Соочување со „краткиот“ буџет

Новогодишните и божиќните трошења веројатно значително се одразија на твојот буџет за декември, а веруваме и за јануари? Toa е месец во кој се затегнуваат ремените и се намалува трошењето, а исчекувањето на новата плата се брои ден за ден. Веруваме дека ова е една од поголемите причини зошто ни се чини дека јануари е најдолгиот месец.

Ние знаеме дека тоа е така и токму поради тоа имаме понуда со која јануари ќе го направиш или пократок или позабавен.

Земи до 200.000 ден., со грејс период од 45 дена до првата рата. Доколку го вратиш во грејс периодот, тогаш кредитот е без камата и трошоци, враќаш онолку колку што си земал. Ако не можеш да го вратиш без камата, го исплаќаш на стандартни месечни рати.

 



Врати се назад

Прочитај повеќе