Најпрофитабилната инвестиција

Најпрофитабилната инвестиција

Никогаш не е доцна да ја најдете професијата од Вашите соништа

Пред две години Ана заглавува со другарка ѝ во скопскиот метеж. До ден денес се сеќава на разговорот кој што го имале тогаш бидејќи тој разговор го променил нејзиниот живот.

Се разбира точно во тој момент Ана не може да претпостави што ќе се случи. Нејзината другарка и предложува да се запише на курс по програмирање, но на нејзе тоа и звучи невозможно. Тогаш таа работела во pet shop и немала никакви допирни точки со програмирање, ниту пак имала интерес кон “таа сложена работа”. Но сепак одлучува да отиде на курсот.

Курсот е повеќе од интересен. Ана се запознава со луѓе кои со голема желба и помагаат. Денес таа работи како програмер, понекогаш дури предава и смета дека ја има пронајдено професијата од нејзините соништа.

Не секој може да се пофали со слични чуда на судбината, но среќата ги прати храбрите! Желбата за стекнување нови знаења не значи задолжитена промена на професијата, но дефинитивно значи откривање на многу нови можности.

Како да не станеме ограничени по сопствена волја?

Светот на технологиите денеска се движи побрзо од било кога. Секоја година имаме понови и побрзи смартфони, лаптопи, компјутери кои за нас стануваат се полесни за користење. Но за постарите генерации секоја нова технологија преставува нова пречка. Повозрасните ги обвинуваат новите технологии дека се премногу тешки и комплексни за нив и тие не можат да ги користат, но вистината е дека многу често тие воопшто не ни пробуваат да ги разберат овие технолошки уреди. Вината лежи во тоа што тие сметаат дека нивниот период за учење одамна е завршен.

Како што вели експертот по образование и креативност г-дин Кен Робинсон во неговите предавања: ''Системот создава луѓе, кои ја следат патеката – поминуваш низ образованието, ја земаш дипломата и понатаму очекуваш да чекориш по кариерната патека и да заработуваш пари. Крај со учењето.''

Меѓутоа вистината е дека учебниците стареат со секоја минута, а новите можности за стекнување знаење се зголемуваат постојано. Доколку човек не се обидува да ги надградува вештините “запишани на хартија”, многу скоро и тие ќе ја загубат својата вредност.

Новото знаење открива нови хоризонти

Случајот со Ана е типичен пример за смелост, кој што може да Ви го промени животот за 360 степени. Еден курс по странски јазик на пример може да не изгледа како опција за “некое слично чудо”, но може да отвори многу врати коишто еден човек би го извеле на сосема нови профисионални патишта и би му гарантирале нови успеси. Истото тоа се однесува и за секакви опции за дополнителна квалификација кон веќе стекнатата.

Освен курсевите за стекнување нови знаења, не се за занемарување и така наречените “меки вештини” (soft skills). Тие даваат конкретни знаења, исполнети со мотивациски практики и заедно со тоа ја развиваат креативноста. Способноста за наоѓање на необични и креативни решенија и прескокнување на границите на она нормалното и рутиното е точно тоа, коешто може да Ве направи да бидете различни од останатиот дел од луѓето од Вашето секојдневие.

Слична е и смислата на наоѓање хоби курсеви – цртање, готвење, тенис – изборот е голем. Тие го подобруваат балансирањето помеѓу работа и забава, а тоа има големо значење за продуктивноста, наоѓање на внатрешен мир и среќен живот.

Можностите за обуки се веќе достапни за секој кој што има време и желба. Инвестирањето во себе е најисплатливата инвестиција. Доколку имате време и желба, а Ви недостигаат само пари за да го исполните замисленото, тогаш услугите на Credissimo се клучот кој може да го отклучи Вашиот скриен потенцијал.

Аплицирај за пари на време и инвестирај во себе!

Прочитај повеќе

Credissimo со супер НОВОСТИ!

Credissimo со супер НОВОСТИ!

Credissimo одговори на потребите на своите клиенти! „Credissimo до плата“ е веќе до бараните 20 000 денари.

Понуда за промена на роковите и условите на договорите за кредит

Понуда за промена на роковите и условите на договорите за кредит

Оваа Понуда е упатена кон сите корисници на кредит кои што имаат склучено договор за кредит со Credissimo заклучно со 31.03.2020 година.

Безгрижен предновогодишен празничен шопинг

Безгрижен предновогодишен празничен шопинг

Нова Година. Божиќ. Фамилија. Веселба. Јадење, пиење... Слика на полно блаженство. Меѓутоа додека да стигнеме до таму, повеќето од нас поминуваат низ пекол. Пеколот на предпразничното трчање по продавниците.. Во ваква непријатна ситуација може да попадне речиси секој од нас и е убаво да се знае дека сепак не е крај на светот. "Кредисимо" мисли за Вашето секојдневно спокојство и Ви нуди помош на сите оние кои што го оставате шопингот и за во последен момент.

Со Дедо Мраз една желба, со Credissimo сите!

Со Дедо Мраз една желба, со Credissimo сите!

Познатата ТВ водителка Лила Филиповска го откри вистнискиот пат кон остварувањето на сите желби во новата кампања на компанијата

Credissimo со услуга број 1 во небанкарскиот финансиски сектор

Credissimo со услуга број 1 во небанкарскиот финансиски сектор

Најдобрата клиентска услуга за 2018-та година помеѓу 5-те најпопуларни компании за брзи кредити во Македонија, според интернационалниот лидер за пазарни истражувања, агенцијата IPSOS