Мислиш ли дека е возможно да се заработат еден милион денари?Има луѓе коишто се потрудиле и успеале да заработат, други се упорни и сѐ уште се трудат, а трети само манифестираат еден ден да станат милионери.
Најверојатно, секој има желба да стане милионер. Но, колку реално оваа желба може да биде остварена? Дали таа цел е тешка за постигнување или со доволно трпение и малку повеќе труд може да бида постигната? Затоа подготвивме 8 совети коишто е убаво да ги прочиташ за да знаеш како најбрзо можеш да се здобиеш барем со дел од еден МИЛИОН денари, ако веќе не можеш да направиш цел еден МИЛИОН. Ако ти се посреќи, среќата ќе си биде само твоја, а задоволството ќе биде и наше затоа што сме помогнале со нашите совети.
Ти набројуваме неколку работи кои би можел да ги направиш за да започнеш да добиваш постојано поголем прилив на средства кои во подолг временски период би довеле до натрупување на поголема сума на твојата трансакциска сметка.
Фриленс работа
Доколку поседуваш вештини во областа на компјутерското програмирање, маркетинг, дизајн, копирајтинг, па дури и комуникациски способности, можеш да работиш како фриленсер за странски компании кои би ти плаќале многу повеќе отколку да работиш за домашни фирми. Компјутерското програмирање веќе неколку децении е во голем раст, па така колку се покомплексни проектите на кои ќе работиш и повеќе пари ќе ти легнат на сметка. Иако е ризично да бидеш фриленсер, особено доколку немаш друг приход, добрата страна е што истовремено можеш да соработуваш со повеќе клиенти и така побрзо да стигнеш до поголема заработотувачка. Колку повеќе имаш клиенти и колку повеќе часови работиш на ден толку ќе имаш поголеми приходи и во долгорочен период можноста да заработиш дел од еден МИЛИОН. На тебе останува да покажеш знаење, посветеност и труд.
Инвестирај во акции
Доколку имаш познавање од берза и имаш минимален капитал, со детално истражување можеш да најдеш акции кои инвестицијата би ти ја направиле во профит. Како и сè друго, ризикот е доста присутен во „играњето“ со берзата, но, секако, дека може да ти се исплати доколку посветиш доволно време во барањето на вистинската инвестиција. Секој иден приход можеш да го искористиш за реинвестиција, односно да го надополнуваш портфолиото, а колку ќе биде успешно, толку побрзо ќе ја заработиш посакуваната сума на пари.
Напиши книга
Звучи чудно и помалку смешно, но факт е дека може да ти се посреќи и книгата што ќе ја напишеш да биде многу читана. Особено доколку го владееш литературното пишување и си експерт за граматика и правопис. Уште поголеми можности за да успееш би имал доколку веќе имаш одбрано тема на која сакаш да пишуваш (дали книгата ќе биде роман, истражување, биографија или можеби книга за деца надополнета со илустрации). Покрај вештините за пишување, треба да одвоиш добар дел од твоето време за да ја напишеш книгата, а потоа да смислиш добра ПР кампања, и да најдеш искусна издавачка куќа која ќе ти помогне да продадеш што е можно повеќе копии. Во зависност од темата на книгата, посветениот труд и време и ова може да те донесе близу до еден МИЛИОН денари. Твое е само да започнеш да пишуваш.
Најди си бизнис-ангел
Бизнис-ангелот е инвеститор и можеш да го побараш само доколку имаш добра бизнис-идеја во која веруваш дека ќе успее, а немаш доволно капитал да започнеш самостојно. Бизнис-ангелите се насекаде низ светот и чекаат луѓе токму како тебе кои имаат смислено добри бизнис-идеи, но немаат средства да ги почнат или не знаат како. За да стигнеш до овие бизнис-ангели можеби нема да ти требаат познанства, но ќе треба да бидеш активен на настани кои имаат за цел да ги спојат токму овие две страни – инвеститори со иноватори. Дали ќе добиеш капитал за твојата идеја, зависи од тоа дали има перспектива истата да успее. Имаш ли идеја за бизнис? Започни да си бараш бизнис-ангел сега. Со среќа!
Бизнис со печатење
Ако имаш познавања за креирање логоа и имаш уметнички талент, можеш да се обидеш да започнеш бизнис со печатење. Започни да брендираш маици и секаква облека, да изработуваш илустрации за на канвас, да ги печатиш и продаваш на интернет. Возможно е да те ангажира компанија за да изработиш креации за маици за вработените, или, едноставно, ако твоите илустрациии изгледаат толку добро на канвас, со помош на социјалните мрежи може да стигнеш до потенцијалните купувачи и успешно да продаваш онлајн.
Инвестиција во здрава храна
Македонија е земја со многу плодна почва. Мал е бројот на луѓе кои моментално се занимаваат со производство на органски зеленчук и овошје, но тоа не значи дека треба да се одмине оваа идеја. Доколку најдеш производител на органски зеленчук и овошје растено во рурална средина на природен начин, а, воедно, имаш некаков капитал да ги откупиш производите, можеш да ги продаваш во поголемите градови за повисока цена.
Изнајмувај недвижнини
Да речеме дека имаш некој минимален капитал и не знаеш како да ги инвестираш, можеш да земеш еден стан под кирија, да го „дотераш“ за изнајмување и да го нудиш на платформи како AirBnb на странски туристи. Работи на кои треба да посветиш внимание тука се локацијата, хигиената и условите кои ги нудиш за привремено сместување. Значи, станот треба да се наоѓа во централниот дел од градот, да биде чист и уреден, како и да ги има сите неопходни услови од типот на машина за перење облека, удобни кревети за спиење, греење/ладење, интернет и слично.
Стани инфлуенсер
Лесно е да се каже дека сакаш да бидеш инфлуенсер отколку навистина да бидеш. Факт е дека секој може да успее, доколку посвети доволно време и труд. Прво што треба да направиш е да одлучиш каков инфлуенсер ќе бидеш - кои се темите кои ќе ги опфаќаш при твоето обраќање на публиката, како ќе се обраќаш на публиката, колку често ќе креираш содржина за објавување на социјалните мрежи. Доколку твојата содржина привлече доволно луѓе да те следат, можеби ќе склучиш соработка со други бизниси за промоција на нивните производи, а може да ти се посреќи и да станеш заштитно лице на бренд. Мислиш дека можеш да си инфлуенсер?
Овие совети се само дел од многуте начини за тоа како да се стигне до дел од еден МИЛИОН денари. За која било бизнис идеја да се одлучиш треба да бидеш свесен дека најголемиот дел од успехот зависи од тебе – колку време и труд ќе вложиш за да се здобиеш со дел од еден МИЛИОН денари.
Доколку си подготвен да посветиш време и да вложиш труд, но ти недостигаат пари за да ги добиеш потребните познавања за да започнеш работа и да ја реализираш твојата идеја – можеш да сметаш на нас. Тука сме за да ти помогнеме да успееш!
Имаме одлична понуда со која можеш да се осмелиш да тргнеш по патот да заработиш близу еден МИЛИОН денари или еден цел МИЛИОН. Можеш да инвестираш во себе и да придобиеш знаења во конкретна област со нов курс или да си купиш потребна опрема за да ја стартираш твојата бизнис-идеја.
До 19 мај 2024 година можеш да аплицираш за кредит и да зграпчиш дел од нашиот МИЛИОН во бесплатна камата кој ќе ти помогне да го направиш твојот МИЛИОН.
Аплицирај за бескаматен кредит до 30.000 денари за 3 месеци рок на отплата. Колку земаш, толку враќаш! Кредитот, навистина, е без никаква камата и трошоци! Овој кредит може да биде едно, навистина, добро дополнително финансирање коешто ќе биде штица за добар скок и почеток за потпомагање или реализација на твојата бизнис-идеја.