Неколку совети како да ги зголемиш месечните приходи!

Аплицираj
Неколку совети како да ги зголемиш месечните приходи!

Секој од нас некогаш бил во ситуација да му требаат плус пари во месецот. Секогаш кога ти требаат дополнителни  приходи можеш да дојдеш до нив ако добро размислиш што можеш да дадеш во замена.

Книги

Ако дома имаш огромна библиотека, па дел од книгите ти зафаќаат место и собираат прашина, ова е одлична прилика да дојдеш до некој денар плус. Дури и кога самиот сакаш да собираш книги, секогаш во твојата библиотека ќе најдеш некоја книга која е по грешка кај тебе, некоја која си ја купил или добил, а никогаш не си ја отворил и не планираш да ја читаш во иднина.

Нека не бидат само украс – собери ги сите книги што не ти требаат, стави ги во една торба и оди во центарот или некаде каде се движи поголема толпа народ, покрај кеј, во парк и слично. Најди антикварни книжарници кои откупуваат користени книги. Продај ги своите и со ова истовремено ослободуваш корисен простор во домот, заштедуваш време за чистење и си заработуваш некој екстра денар.

Продај го своето знаење

Секој од нас има некое знаење што другите го немаат, а им е потребно, независно од тоа за какво знаење станува збор. Размисли што е она за кое си добар и за кое имаш некакво искуство во животот. Испланирај на кој начин би можел тоа знаење да го продадеш.

Напиши еден оглас дека даваш часови или дека можеш да бидеш тутор за извесен финансиски надомест. На пример, ако си бил добар во математика, или ако си студент, понуди да им помагаш на ученици кои имаат проблеми со учењето, ако твоја пасија е историјата и знаеш многу за спомениците и историјата на градовите, понуди ги своите услуги на туристи и биди им водич.

Зависно од твоите знаења, таленти и снаодливост, сите овие работи може да ти донесат извесна заработка – најважно е да преземеш акција и да не чекаш парите да ти дојдат сами.

Изнајми дел од станот

Можеш да понудиш сместување на разни сајтови кои нудат ваква услуга, а можеби паметна идеја за издавање би било да ја кажеш својата понуда и на агенции со недвижнини, како и на туристички агенции, за да ја имаат предвид доколку треба да сместат некого за неколку денови.

Заработувањето на овој начин е прилично лесно и освен малку деранжирање, не бара речиси никаков дополнителен напор од тебе.

На располагање ти стои и опцијата да си најдеш цимер. Ова посебно важи за оние кои живеат сами и за студенти. На тој начин не само што добиваш пари од киријата, туку ќе ги делиш и другите трошоци како сметки за струја, интернет, парно… Секако, да живееш со некого понекогаш ги намалува и трошоците за исхрана, затоа што готвењето за еден е секогаш поскапо.

Продај го она што не ти треба

Појди до најблискиот пазар и прошетај по тезгите. Секако, нема да те интересира делот со зеленчук и овошје, туку оние тезги каде што се продаваат секакви ситници за дома. Поразговарај со продавачите, ако нив не ги интересира да го купат или препродадат за некаква заработка она што ти сакаш да го понудиш, можеби ќе може да те упатат кај некој што е заинтересиран.

Многу често низ дома имаме секакви ситници кои никогаш не ги користиме. Со продажба на непотребните работи добиваш многу повеќе, не само парите од продаденото – непотребните ситници зафаќаат место, собираат прашина . Ослободувањето на просторот и твоето време ќе влијае одлично врз тебе.

Продај го своето време

Некои од нас имаат многу слободно време и не знаат што да прават со него. А времето е одличен ресурс што можеш да го искористиш за да заработиш некој денар. Со завршување на некои ситни услуги на оние кои немаат време или не можат самите да ги завршат, возможно е да дојдеш до некакви привремени приходи.

Поразговарај со соседите кои имаат куче, а постојано се зафатени со работа – дали би им биле корисни твоите услуги за да го шеташ понекогаш, за извесна финансиска награда. Исто така можеш да им се понудиш на пензионерите во твојата зграда доколку не се способни самите да појдат до продавница или до аптека, секој ден да пазариш за нив, за некоја мала парична награда. Секој е во специфична ситуација, затоа размисли самиот на кој друг начин би можел да го продадеш своето време за некаква брза заработувачка.

Имаш повеќе опции за да дојдеш до дополнителни пари, твое е да размислиш која да ја одбереш и што имаш да понудиш. За да не се преоптоваруваш премногу, имаш и една одлична опција, воедно и наједноставна, а тоа е Credissimo! Аплицирај за „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така може да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. Доколку имаш потреба од малку поголем финансиски приход во моментот, аплицирај за „Credissimo плус" до 80.000 денари и за кратко ги имаш дополнителните пари што ги бараш.
Ете го твоето решение, просто и едноставно.

Повеќе

Ти нудиме неколку совети како да внесеш свежина во својот дом и да создадеш убава атмосфера.
Не е само летото за активности, прочитај, забавувај се и уживај во есента.
Доколку сакаш да патуваш во октомври, но не знаеш каде, прочитај ја нашата статија и можеби ќе ти се допаднат нашите совети.