Неколку брзи маски за коса кои видливо ќе ти помогнат

Неколку брзи маски за коса кои видливо ќе ти помогнат

Сонцето во голема мера може да влијае на нашата коса, како на позитивен така и на негативен начин. На краткорочен план, сонцето е најдобар пријател на нашата коса, бидејќи УВ-зраците го осветлуваат влакното давајќи ни природен и нијансиран летен изглед. Но, долгорочно, овие зраци можат да ја оштетат косата, дехидрирајќи го самото влакно и давајќи ѝ сув, здодевен изглед. Како и да е, ова е моментален проблем кој може да се реши и без непотребно трошење огромни суми на скапи производи и третмани за коса. Најефективните маски за коса се наоѓаат токму во твојата кујна. Погледни ги овие домашни рецепти за маска со кои ќе се обнови и подобри квалитетот на косата оштетена од суровото летно сонце.

Маска за коса од авокадо, мед и лимон

Маска за коса од авокадо, мед и лимон

Авокадото и медот можат значително да го подобрат квалитетот на косата, така што ќе помогнат во обновувањето на кератинските протеински врски во самото влакно кои се оштетени од сонцето, додека сокот од лимон и маслиновото масло ќе ја направат твојата коса суперсвиленкаста и лесна за расчешлување. Во сад измешај испасирано авокадо, 2 супени лажици мед, 3 супени лажици маслиново масло и неколку капки сок од лимон и измешај додека не добиеш хомогена смеса. Намачкај ја косата и остави ја смесата да се впие 20 минути, потоа измиј ја смесата со млака вода и шампон. И за крај, уживај во резултатот.

Маска од мед и млеко

Маска од мед и млеко

Оваа маска е една од наједноставните, но најефективните маски за оштетена коса која брзо ќе го хидрира коренот и ќе го обнови самото влакно. Млекото е полно со масти, кои ќе ја направат твојата коса мека и флексибилна, како и со млечна киселина која ќе ги исчисти старите, мртви клетки кои се акумулираат на површината на влакното и предизвикуваат да стане груба и безживотна, додека пак медот ќе ја врати нејзината влажност. Доколку правата коса е твојата омилена фризура, тогаш оваа маска е за тебе бидејќи исто така се користи како природен начин на исправување на косата, така што време е да се ослободиш од штетната пегла која е најголемиот непријател на здравата коса.

Банана-милкшејк маска

Маска од банани и млеко

Кажи ѝ збогум на сувата и оштетена коса! Оваа маска целосно ќе ја обнови косата благодарение на бананите кои се богати со витамини и минерали и имаат неверојатна хидратантна моќ која видливо го засилува сјајот на косата. Оваа маска ќе ја направи твојата коса свиленикава, мазна и дополнително ќе ја исправи косата давајќи ѝ негуван изглед. Едноставно измешај банана, кокосово млеко (или, пак, обично млеко и кокосово масло) и мед во блендер, измешај ја смесата и остави ја 20-30 минути на твојата коса. Магично, нели?

Убавата и негувана коса носи голема самодоверба. Ако косата ти е премногу оштетена за да се обнови со овие маски, не очајувај. Дозволи си го третманот што го посакуваш со поддршка од Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци или искористи Credissimo плус  до 80.000 денари за целосен третман на твоето тело и блесни во полн сјај!



Врати се назад

Прочитај повеќе