Добриот изглед на косата е правопропорционален со нивото на самодовербата што го имаме дента. Може да се согласиме дека кога фризурата ни е средена, се чувствуваме како изгледот да ни е целосен и совршен. Како што навлегуваме подлабоко во летната сезона, се појавува искра во нас која нѐ тера да експериментираме со нова, свежа фризура која ќе одговара на сончевото време и летното расположение. Единствениот проблем е да се одлучиме на промена и, секако, да собереме храброст да му дозволиме на стилистот да ја направи својата „магија“. За да ти го олесниме овој процес, подготвивме кратка листа со фризури што се најпопуларни оваа сезона.
Долга боб-фризура
Ова е револуционерна фризура која никогаш не излегува од мода. Долгите, тапо-потстрижени прамени кои слободно паѓаат совршено одговараат на секој облик на лице. Токму ова е причината што оваа фризура се вбројува меѓу најпопуларните избори на славните личности. Овој вид фризура ги истакнува коските на лицето и прави лицето да изгледа подолго и послабо. Исто така, долгиот боб е лесен за одржување бидејќи може да се носи и на права и на виткана коса.
Шишки-завеси
Ако ја гледате истата фризура кај сите инстаграм-инфлуенсерки, тогаш мора да има добра причина зошто таа толку често се практикува и се вбројува меѓу најпопуларните оваа сезона. Шишките можат да стојат одлично на лицето, давајќи му еден поостар и помодерен изглед. Сепак, лошата работа е тоа што се ужасно тешки за одржување и можат да ја иритираат кожата на челото. Затоа шишките-завеси се одлични за сите оние што не сакаат да се справуваат со овие проблеми. Ваквите шишки комбинирани со пуштена, брановидна коса со нежно осветлени прамени совршено ќе одговара на твојот нов тен и ќе ти даде неодолив, тропски изглед.
Дооолга коса!
Иако навидум не бара никаков труд, ова е можеби најтешката фризура за одржување. Таа почнува со добро потстрижување, а другото останува на тебе и твојата дисциплина околу косата. Овој тип фризура успева исклучиво со здрава и негувана коса. Летното сонце може да биде навистина сурово кон твојата коса, па затоа не заборавај да земеш средства за заштита од топлина и од УВ-зраци кога ќе заминеш на одмор.
Сакаш да направиш комплетна промена на твојот изглед и да се чувствуваш најудобно во својата кожа? Ти дефинитивно го заслужуваш тоа, а како поддршка тука се „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци и „Credissimo плус" до 80.000 денари, кои ќе направат да блескаш со самодоверба!