Учествувај во наградната игра од 10.05.2021 г. до 20.06.2021 г. во која секој одобрен и исплатен Credissimo Плус до 80 000 ден. на твојата сметка, може да ти донесе нов iPhone 11.
Аплицирај за твојот кредит во 3 лесни чекори:
- Поднеси апликација за сума од 6000 ден. до 80 000 ден. со период на исплата до 24 месеци;
- Добиј одобрување за неколку минути;
- Парите ги добиваш на твојата трансакциска сметка.
Секој одобрен и исплатен кредит автоматски учествува во наградната игра!
Добитници
- Прво извлекување 25.05.2021г. - Зоран Стоjанов, p*********l@gmail.com е добитник на iPhone 64GB
- Второ извлекување 08.06.2021 г. - Харун Селими, h**********i@hotmail.com е добитник на iPhone 64GB
- Трето извлекување 22.06.2021 г. - Мирjана Трпковска, m*********a@hotmail.com е добитник на iPhone 64GB
ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА
Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Сл. Весник на РМ“, број 24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15 и 154/15 и 23/16), а во врска со член 125 и 126 од Законот, се утврдуваат следните правила на наградната игра:
ОРГАНИЗАТОР
Член 1
Организатор на Наградната игра Пролетта ти носи нов iPhone (во понатамошниот текст именувана само како „Наградна игра“) е Финансиско друштво КРЕДИСМО ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст „Организатор“) со регистрирано седиште на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Р. Северна Македонија, со електронска пошта: contacts@credissimo.mk
ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
Член 2
Наградната игра има за цел рекламирање на кредитниот производ на ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје:
- кредит до 80 000 денари на рати „Credissimo Плус“,
ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Член 3
Официјалното име на Наградната игра е „Пролетта ти носи нов iPhone“.
Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р.Северна Македонија, лица со и над 18 - годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит „Credissimo Плус“ и кои ги исполнуваат условите за одобрување и истиот да им биде одобрен и исплатен на наведената жиро сметка во кредитната апликација.
Наградната игра ќе започне од 10.05.2021 година од 00:01 часот и ќе трае до 20.06.2021 година до 23:59 часот. Кредитните апликации кои се поднесени во неработните денови и празници исто така учествуваат. Тие се разгледуваат и доколку се одобрат се исплаќаат првиот работен ден.
ТЕРИТОРИЈА
Член 4
Наградната игра се организира на територијата на Р. Северна Македонија и важи за сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Северна Македонија, лица со и над 18 годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит „Credissimo Плус“, односно кои ги исполнуваат условите за одобрување на истиот и истиот им бил одобрен и исплатен.
ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ, ВРЕДНОСТ НА СЕКОЈА НАГРАДА ОД ФОНДОТ НА НАГРАДИ И ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ФОНДОТ НА НАГРАДИ ( ВО ДЕНАРИ)
Член 5
Во Наградната игра ќе бидат доделени следните награди:
Бр. | Награди | Количина | Поединечна вредност со 18% ДДВ | Вкупна вредност со 18% ДДВ |
1. | *Apple iPhone 11 64GB | 3 | 44,906.78 денари | 158,970 денари |
ВКУПНО | 3 | 158,970 денари |
*Одговорноста за исправноста на уредот (Apple iPhone 11 64GB), како и гаранцијата паѓа на товар на добавувачот на уредот, согласно гарантното писмо кое доаѓа со него.
ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА
Член 6
Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р.Северна Македонија со и над 18 годишна возраст кои ги исполнуваат условите за одобрување на кредит „Credissimo Плус“, односно кои ќе поднесат Барање за одобрување на кредит и истиот им биде одобрен и исплатен на жиро сметката наведена во апликацијата за кредит. Како потврда за учество во Наградната игра ќе претставува мејлот кои го добиваат клиентите при одобрување на барањето за кредит.
Учесниците кои не ги прифаќаат овие Правила на наградната игра имаат право да го откажат своето учество во Наградната игра со праќање на Изјава за откажување на учество во Наградна игра на е-маил адресата contacts@credissimo.mk, во спротивно сите учесници ќе се смета дека ги прифаќаат Правилата на наградна игра и ќе учествуваат во неа.
Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.
ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ
Член 7
Извлекувањето на наградите ќе се изврши електронски по случаен избор од системската база на податоци во која учествуваат клиентите на кои им е одобрен и исплатен кредит, на следниов начин:
- Прво извлекување на 25.05.2021, за период од 10.05.2021 до 23.05.2021 – 1х iPhone 11
- Второ извлекување на 08.06.2021 за период од 24.05.2021 до 06.06.2021 – 1х iPhone 11
- Трето извлекување на 22.06.2021 за период од 07.06.2021 до 20.06.2021 – 1х iPhone 11
Извлекувањето на наградите ќе биде ќе биде електронски, по принципот на случаен избор, а ќе учествуваат сите кредитни апликации на начин и услови наведени погоре.
При извлекување на добитниците, во истото време ќе се извлекуваат резервни добитници, во случај ако некои од добитниците се откажат од добиената награда, односно да не може Организаторот да стапи во контакт со нив.
За текот на извлекувањето ќе се води записник, кој ќе биде потпишан од членовите на Комисијата која ќе биде составена од:
- Двајца претставници од ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје
- Еден Правник
Извлекувањата ќе бидат во седиштето на Организаторот на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Република Северна Македонија.
ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА
Член 8
Правилата за Наградната игра ќе бидат објавени, пред почеток на наградната игра, по добивање на согласност од Министерството за финансии на:
- веб страните на Организаторот, https://www.credissimo.mk/,
- Facebookстраната на организаторотhttps://www.facebook.com/credissimo.mk
- мобилната апликација за Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.appstrand.credissimo и
- мобилната апликација за iOS: https://itunes.apple.com/mk/app/credissimo-mk-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5/id1239299443?mt=8
Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 3 дена од денот на секое од извлекувањата на наградите на:
- веб страните на Организаторот, https://www.credissimo.mk/,
- Facebookстраната на организаторотhttps://www.facebook.com/credissimo.mk
- мобилната апликација за Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.appstrand.credissimo и
- мобилната апликација за iOS: https://itunes.apple.com/mk/app/credissimo-mk-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5/id1239299443?mt=8
Организаторот ќе ги извести добитниците за добиената награда по телефон на бројот оставен како контакт при одобрување на кредитот и по електронскапошта на онаа електронска адресакоја е наведена во Барањето за одобрување на кредит.
Доколку Добитниците немаат наведено дополнителна електронска адреса, за адреса за контакт ќе се смета адресата која ја навеле во Барањето за одобрување кредит.
Организаторот не одговара за неточно пополнети податоци во Барањето за кредит или неуспешен електронски пренос на податоците, прекин во комуникациската врска без разлика од причината од која потекнува, недостапност или немање на интернет, други причини како резултат на виша сила и сл.
Во случај да не може да се оствари контакт преку електронска адреса, добитниците ќе бидат дополнително известени телефонски.
Добитниците на наградите наградата ќе ја подигнат на датум, час и место договорени со Организаторот и добитникот.
Добитниците наградите ќе ги добијат во рок од 60 дена од денот на објавување на наградите на горенаведените веб страници, доколку Организаторот не успее да стапи во контакт со нив го губат тоа право, во таков случај Организаторот има право, истата да не ја додели или да ја додели на резервниот добитник.
Со конечната реализација на наградата престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитникот.
Со самото учествово наградната игра, Учесниците ги прифаќаатовие Правила за наградна игра.
Доделувањето на наградата може да биде јавен настан. Организаторот има право со нивна согласност да ги слика/снима добитниците на наградите со што нивните лични податоци име и презиме можат да станат јавни и да бидат користени во аудио, фотографија или видео материјал, без право на дополнителен надомест.
ПРАВО НА ПРИГОВОР
Член 9
Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра кој е должен во рок од 5 (пет) дена, од денот на приемот на приговорот писмено да одговори на добиениот приговор.
ОГРАНИЧУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО
Член 10
Ако Организаторот утврди злонамерни дејствија од страна на Учесник во Наградната игра, со цел манипулација на истата, Организаторот има право да го дисквалификува и отстрани тој учесник. Организаторот има право да дисквалификува без предупредување секој Учесник, за кој се посомнева или утврди манипулативни дејствија, со цел освојување на Наградите.
Не може да биде Учесник во Наградната игра, лице кое е партнер или акционер или е во работен однос или врз основа на друг договор работи за Организаторот или работи со реализацијата, обезбедувањето и администрирањето на Наградната игра, како и членови на нивните потесни семејства.
Организаторот има за право да исклучи од учество во Наградната игра и да не дозволи добивање Награда на Учесник, за кој има податоци дека извршил злоупотреба со технички, програмски или други средства и уреди со цел неовластен пристап до системи на Организаторот и/или учество во Наградната игра и добивање на Наградата, или други дејства, спротивни на правилата на Наградната игра или на влезените во употреба нормативни акти.
ПРЕНОС И ЗАМЕНА НА НАГРАДАТА
Член 11
Наградите не може да се пренесат на друго лице. Наградите не можат да биде заменети за готовина.
КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 12
Организаторот во целост ќе ги почитува одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во пракса ќе цели кон одржување високо ниво на добра практика при обработка на личните податоци.
При механизмот на случајно компјутерскоизвлекување на добитници, ќе се користат само IDброевитеодДоговорот за кредит, а нема да бидат користени нивните останати податоци.
Со самото Аплицирање, односно со одобрување и исплата на кредитот, Кредитокорисниците учествуваат во наградната игра. Доколку некој не сака неговите податоци да се обработуваат за таа намена, можат да го откажат своето учество во Наградната игра со Изјава за откажување пратена на е-маил адресата contacts@credissimo.mk,
За лицата кои ќе учествуваат во Наградната игра, односно Учесниците кои ќе ги добијат наградите Организаторот има право нивните лични податоци да ги користи во своите идни маркетинг активности.
ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА
Член 13
Организаторот има право подобивањето на одобрението од Министерството за финансии да јапрекине Наградната игра во било која фаза, согласно член 8 од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, со известување до јавностапреку дневниот печат, и на веб страните наведени во член 8 доколку настапи штетна последица предизвикана со кривичнодело или поради дејство на виша сила.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИ ШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ
Член 14
Евентуално настанатите спорови меѓу Организаторот и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 15
Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување пред започнување на наградната игра, а ќе важат до завршување на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнување на наградите.
Со конечната реализација на наградите престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.