Размислувате да го реновирате вашиот дом, започнете со добро планирање на вашиот буџет

Размислувате да го реновирате вашиот дом, започнете со добро планирање на вашиот буџет

Од време на време ни здосадува да ја гледаме истата боја на ѕидот во нашиот стан или истиот распоред на мебелот. Ѕидовите се избледени, на неколку места има пукнатини и сфаќате дека е вистинското време да го уредите и реновирате вашиот стан.
Се приближува пролетта и сакате да направите промена на монотоната средина и да внесете свежина во вашиот дом.
Сконцентрирајте се на вашиот стан и се што сакате да промените. Разгледајте го вашиот буџет и отфрлете ги непотребните секојдневни трошоци со цел да вложите во вашето уредување.
Треба да знаете дека кога сте изразиле желба за ваква промена, најбитно е да бидете едноставни и да внимавате на деталите.
Кога имате ограничени средства за реновирање, постојат голем број на работи што можете да направите.
Во кујната, ако имате ограничен буџет, додадете ред на мозаик плочки во контрастна боја за да се даде на постоечките ѕидни плочки нов изглед. Тоа ќе направи голема разлика.

 

За становите треба големо внимание ако сакате просторот да биде функционален. Најважно е да направите план. Одлучете се за она што ви е неопходно, подгответе го просторот па дури тогаш купувајте мебел.

Премногу бои оставаат впечаток на несреденост. Користете основни, неутрални бои, а за да ја разбиете монотонијата внесете силни нијанси во мали дози. Кога ги боите ѕидовите, три страни обојте во неутрална боја, а четвртиот малку затемнете го.
Ако сакате хармоничен изглед, бирајте различни текстури и облици. Набавете тепих со дијагонални линии, пернички со точки и секакви детали кои многу едноставно ќе го разиграат просторот.
Ламбите од кристал или стакло, како и безбојните столчиња се неверојатно декоративни, но и корисни кога се борите со секој квадратен метар. Тие визуелно ќе го зголемат просторот, а ќе ја зголемат и функционалноста.


Огледалата прават чуда во малите простории! Тие нека бидат извор на дупла сончева светлина или пак усмерете ги кон нешто што е вредно да се дуплира. Изберете рамка која стилски се вклопува со останатиот мебел и нема да погрешите.
Високите ламби се одлични за пријатно и интимно осветлување на просторот. Пригушеното светло кое доаѓа од малку повисоко позитивно влијае на пространоста
Наместо голем тросед одберете двосед и фотелја. Бирајте модели без многу масивни држачи или потпирачи бидејќи визуелно оставаат негативен впечаток во малиот простор.
Ако сте љубители на завесите, секогаш закачувајте ги неколку сантиметри под плафонот. Тоа остава впечаток на повисок и поголем простор, а воедно е и одлична декорација на празните ѕидови.

Кога ќе имате ограничени средства за реновирање, постојат голем број на работи што можете да направите за да го претворите вашиот дом модерен и практичен простор.

Бидете креативни и ако користите различни бои, текстури и модели, користете ги за да го покажате вашиот личен стил. Креативноста е секогаш повредна од било кој скап кристален украс кој со години го гледате во излозите.

Ова можеби не е најевтината работа, но е далеку од неостварлива. Ако единствената препрека е што вашата кредитна картичка не може да си го дозволи тој луксуз, немојте да се откажувате.
Кредисимо е секогаш тука за вас. Аплицирајте за брз кредит до 80.000 денари и добијте одобрување за само неколку минути!
Вашите планови за вашиот стан не пропаѓаат во вода. Опуштете се и без грижа реновирајте, уредувајте и внесете нов пролетен дух во вашиот дом.



Врати се назад

Прочитај повеќе