Добредојде пролет!

Добредојде пролет!

Официјално ја испративме зимата и сега можеме да уживаме во убавината на сонцето, расцветаните дрвја и долгите прошетки во парковите. Ја вадиме лесната облека од плакарот, ги ставаме очилата за сонце и расположението инстантно се зголемува. Уште една одлична работа која доаѓа со пролетта е тоа што сезоната на пиење кафенце во двор е конечно отворена! А, тоа значи дека време е да започнеме со уредување на дворот и негова припрема за престојната сезона на релаксација.

Еве неколку кул идеи како го претвориш дворот во твоја, мала оаза.

Создади подлога за уредување

Со други зборови, исчисти го дворот и ослободи простор за зеленило и декорации! Да, знаеме дека ова е здодевно, но, овој дел не смееш да го прескокнеш. Започни со отстранување на сувите растенија, подготовка на земјата за нови насади, чистење на оградата, столиците и сите останати предмети во дворот. Не грижи се, за кратко доаѓа и интересниот дел.

Обои зелено!

Зеленилото има докажано позитивно, анти-стресно влијание врз нашето расположение. Замисли како си доаѓаш дома после напорен и стресен ден и седнуваш во твојот двор опкружен со зеленило. Прекрасно, нели? Насади трева на поголемиот дел од површината на дворот или направи го тоа во форма на патека на чии рабови ќе поставиш мини огради, цвеќиња или некои интересни украси по твој вкус. Така дворот ќе добие убава, жива композиција околу која ќе можеш да ги поставиш завршните детали.

Внимавај какви растенија одбираш!

Секое растение има свои потреби и бара различен напор за одржување. Доколку немаш премногу време за редовно уредување на дворот, наша препорака е да одбереш повеќегодишни растенија кои нема да ти одземаат премногу време за одржување и кои ќе можат да ги преживеат различните услови преку целата година.

Многу, многу саксии!

Кога веќе поголемиот дел од дворот е решен, можеш да се фокусираш на помалечките детали кои ќе дадат шаренило и разиграност. Саксиите со растенија, кактуси и цвеќиња во различни бои се шлагот на тортата во процесот на уредување на дворот и никогаш не можеш да имаш доволно од нив. Доколку си креативна личност и имаш малку слободно време, купи акрилни бои и почни да ги шараш саксиите во боите кои мислиш дека ќе одговараат на стилот на дворот. Во тој процес многу ќе се забавуваш, а твојот двор ќе има уникатен изглед!

Внеси светлина!

Ноќните седенки во двор се одличен начин да ги собереш твоите пријатели. За да создадеш невообичаена и мистична ноќна атмосфера одбери интересни висечки сијалички кои ќе ги групираш на неколку места од дворот. Исто така, многу ефикасен начин на осветлување на дворот се соларните светилки кои даваат суптилна светлина. Тие се премногу едноставни бидејќи можеш да ги поставиш на земјата и потоа не мораш да се грижиш за нивно полнење со енергија.

Ако не можеш да дочекаш да дојде новиот месец за да ја започнеш сезоната на седенки во двор, тука за да го забрза процесот на уредување на дворот е Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така можеш да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. Доколку сакаш професионално уреден двор, постои Credissimo плус до 80.000 денари кој ќе ти подари двор на кој сите соседи само ќе му подзавидат.



Врати се назад

Прочитај повеќе