Обезбеди чист воздух дома! Еве како…

Аплицираj
Обезбеди чист воздух дома! Еве како…

Последните години, како што температурите опаѓаат, така загаденоста на воздухот се зголемува до алармантно ниво. Состојбата никако да се подобри, а и оваа година продолжуваме да дишеме смог.

Носи маска додека си надвор

Носи маска додека си надвор, ама не било каква. Гледај да има N95 заштитен слој кој докажано ги блокира 95 проценти од опасните ситни честички. Иако ова може да ти попречи на правилната респирација, подобро е да се спречи сета таа нечистотија отколку да се вдише.
Доколку нивото на загаденост во твојата област е на многу високо ниво, а имаш потреба да го напуштиш домот, користи висококвалитетна маска за лице со висок процент на заштита од загадениот воздух.

Избегни ги големите улици и булевари

Загадувањето значително се намалува кога се оддалечуваш од главните улици. Дрвата нудат заштита! Провери ги нивоата на загадување на воздухот во твојот град и биди во тек со промените. Тоа можеш да го направиш онлајн.

Настојувај да останеш во затворен простор доколку имаш информации дека загадувањето на воздухот е високо во твојата област.

Инсталирај домашен филтер за воздух

Тој го блокира загадувањето на воздухот. Менувај го филтерот на секои три до шест месеци, во зависност од препораките на производот и нивото на загаденост.

Прави вежби за дишење

Ако имаш деца, научи ги да го прават истото, за да се подобри капацитетот на белите дробови и со тоа да им помогнеш во борбата против штетните ефекти од загадувањето на воздухот.

Одгледувај  растенија во домот

Голем број на растенија помагаат во чистењето на воздухот преку создавање на големи количества кислород и чистење на мувла, како на пример алое.

Откажи се од пушењето

Нема да направиш промена во светот и општата загаденост, но ќе ги заштитиш членовите на твоето семејство. Ако си страстен пушач, дури и во домот, размисли дека кога ќе ја отвориш вратата или прозорецот за да влезе чист воздух, всушност просторијата ја полниш со смог. Чадот од цигарите е исто така штетен и може да развие фиброза и оштетување на ткивото на белите дробови.

Крени ја свеста на народот

Незнаењето е најголем непријател, затоа погрижи се да дознаеш што повеќе за параметрите за мерење на загадувањето на воздухот и како тие варираат во твојот град или населба. Разговарај со пријателите, соседите, колегите на работа. Дискутирај на училишните совети или организирај некаква кампања.

Промени  го начинот на исхрана

Помогни им на твоите бели дробови да ги издржат влијанијата од загадениот воздух. Внесувај храна богата со витамини, како на пример:

  • Витамин А и бета-каротин – ги има во маргаринот, слаткиот компир или морковот
  • Витамин Ц – присутен е во портокали, грејпфрут или брокула
  • Витамин Е – зелен зеленчук, житарици, жолчки од јајце, путер или растителни масла

Исто така, конзумирај повеќе храна што содржи селен – јајца, кромид, лук или риба…

Следи ги овие совети за да се избориш со загадениот воздух се додека не се пронајде трајно решение. Маска за лице и прочистувачи на воздух е најважно да поседуваш за да бидеш безбеден и дома и кога ќе имаш потреба да излезеш надвор. Има секакви типови и брендови на маски и прочистувачи, но внимавај какви купуваш, многу е важно да купиш со висок квалитет за подобро дејство.

Знаеш дека парите веќе не се проблем затоа што ‘’Credissimo’’ се грижи и за твоето здравје!  Аплицирај за „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така може да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. Ако имаш потреба од повеќе, тогаш аплицирај за „Credissimo плус" до 80.000 денари!
На здравјето не се штеди!

Повеќе

Прочитај повеќе за неколку интересни зимски спортови кои ќе направат да ја засакаш зимата уште повеќе!
Најдобрата клиентска услуга за 2018-та година помеѓу 5-те најпопуларни компании за брзи кредити во Македонија, според интернационалниот лидер за пазарни истражувања, агенцијата IPSOS
Се ближи крајот на годината, а ти си решил да ја прославиш надвор од домот и од државата. Кои се најдобри новогодишни дестинации што ќе те изненадат со своите понуди и ќе ја направат вечерта незаборавна?