Што сѐ измислиле Италијанците?

Што сѐ измислиле Италијанците?

Дали знаеш дека дел од работите со кои што сме опкружени во секојдневието се измислени од познати и славни Италијанци? Италија е наследничка на далечната Римска Империја, од која многу работи како специфичната архитектура, исклучителните закони, правото и филозофијата до ден-денес се употребуваат и практикуваат.

Иако Римската Империја е одамна отидена во историјата, Италија и Италијанците се чини дека во себе го имаат тој иновативен дух, нудејќи му на светот изуми кои генерации и генерации ќе ги користат со илјадници години.

Ти ги откриваме најинтересните 7 работи кои се измислени од некого кој потекнува од Апенинскиот Полуостров, а од тебе очекуваме да ни кажеш колку од нив ти се познати.

1. Џакузи

Да започнеме со еден производ за вистинско олабавување. Фамозната џакузи бања е измислена од Италијанец кој имигрирал во Соединетите Американски Држави, а неговото име е Кандидо Џакузи. Тој имал син кој боледувал од артритис, па во далечната 1949 година, сакајќи да му помогне околу лечењето, создал бања која има хидротерапевтски карактеристики. Требало да поминат повеќе од 15 години за да се добие бенефит од неговиот изум, бидејќи вистинската слава ја добил 15 години подоцна.

2. Батерии

Многу изуми се нарекуваат по луѓето кои ги измислиле, но доколку не знаеш, волтите по кои се мерат батериите се именувани по иноваторот – Алесандро Волта. Тој е роден во Италија, во далечната 1745 година, бил физичар кој сакал да пронајде изум кој може да создаде хемиска енергија и да ја претвори истата во електрична. Создал машина која со сребро и цинк, складирани во ќебе и потопени во содиум и солена вода ќе послужат токму за таа намена.

3. Очила

ASSES очилата сo леќи кои ја коригираат далековидоста се измислени во Италија во периодот од 1268 до 1284 година од Салвина Д’армата или од Алесандро Спина. Има повеќе приказни кој ги измислил, но за нив едно е заедничко, а тоа е дека тие очила немале рамки, односно стоеле на горниот дел од носот. Речиси 100 години подоцна, се измислени очилата за кратковидост.

4. Барометар

Евангелиста Торичели можеби не ти звучи како познато име и презиме од Италија, но тој е најзаслужниот за измислувањето на барометарот, инструмент кој се користи за мерење на атмосферскиот притисок и прогнозата на времето. Уште во далечната 1643 година,Торичели открил дека промените во атмосферскиот притисок може да влијаат на кој начин живата се движи низ цевките. Благодарение на таквата хипотеза, го измислува овој благороден инструмент - наречен барометар - кој до ден-денес се користи насекаде низ светот.

5. MP3

Дали Apple ќе го имаше iPod-от или Sony ќе ги имаше познатите CD и DVD доколку не постоеше MP3 форматот? Благодарение на овој формат измислен од Леонардо Чиаригљоне и неговиот тим од Movie Picture Expert Group, кои измислиле фајлови кои лесно може да се трансферираат, а да се употребуваат за записи на дигитална музика или филмови. Ваквите формати, претставуваат револуција во дигиталната технологија за генерациите што доаѓаат подоцна.

6. Фармерки

Кој би помислил дека еден од најпознатите текстили во модерната ера е измислен од морнарите во Џенова во раните 1500 години на XVI век? Комбинација од лен и памук за цврстина на панталоните на селаните и оние кои работеле под отворено небо. Сината боја ја присвојува од индигото, кои морнарите од Џенова го носат од Индија. На почеток тоа биле работнички алишта, а денес симбол за мода насекаде низ светот!

7. Мока апарат

Системот кој се користи насекаде низ светот за создавање на еспресо кафе е измислен во Италија! Господинот Алфонсо Бијалети, во 1933 година, го создал овој апарат по градот Мока во Јемен, каде што тој искусил многу добро кафе. Станува збор за ѓезве кое го создава кафето преку топла вода и притисок од грејно тело. Многу брзо потоа, овој апарат станал икона во секое италијанско семејство, а потоа и насекаде низ светот, а неговиот начин на создавање на кафе денес го користат, речиси, сите еспресо машини во секој кафе-бар.

Дали сакаш од „прва рака“ да почувствуваш дел од овие изуми, посетувајќи ја Италија? Доколку одговорот е ДА, вклучи се во наградната игра во која доделуваме патување во Италија, на дестинација по твој избор, а додатно во патувањето е вклучен и џепарлак за потполно уживање!

Дополнително на тоа во нашата Ма Tantissimo наградна игра како награди доделуваме  и ваучери за вечера во италијански ресторан, курсеви по италијански јазик, кошница со италијански производи, неколку iPhone 14 телефони, полароид апарати и др.



Врати се назад

Прочитај повеќе