5 фудбалски стадиони во Италија кои треба да ги посетиш

5 фудбалски стадиони во Италија кои треба да ги посетиш

Лето е! Искористи го одморот за сончање на плажа и капење во бистрите морски води на италијанската ривиера. Направи си екскурзија во преубавите италијански градови, а ако фудбалот е твојата пасија – посети ги најпознатите фудбалски стадиони.

Ова се 5 стадиони кои треба да ги посетиш:

„Артемио Франки“ во Фиренца

Стадионот „Артемио Франки“ во Фиренца е изграден во 1931 година и е дом на калчолигашот „Фиорентина“. Овој стадион е со капацитет од 43. 147 седишта и се наоѓа во срцето на градот Фиренца, а навивачите на популарните „Виолетови“ важат за едни од најгласните навивачи во Италија, правејќи извонредна атмосфера за време на натпреварите.

Стадионот е реновиран во два наврата и тоа во 1990 и во 2013 година. Стадионот е именуван  по долгогодишниот поранешен претседател на Фудбалската федерација на Италија и поранешен претседател на УЕФА, Артемио Франки.

„Диего Армандо Марадона“ во Неапол

До неодамна овој стадион се викаше „Сан Паоло“, но стадионот на актуелниот италијански шампион „Наполи“ се преименува во „Диего Армандо Марадона“ по смртта на аргентинската фудбалска икона во 2020 година.

Стадионот е изграден во 1959 година и  во два наврата е реновиран и тоа во 1990 и во 2019 година. Моментално има капацитет од 54.726 седишта, додека рекордот за најмногу гледачи на еден фудбалски натпревар датира од декември 1974 година, кога „Наполи“ го угости големиот „Јувентус“ пред 90.736 гледачи. Моментално стадионот „Диего Армандо Марадона“ е трет по големина стадион во Италија.

„Алијанц“ во Торино

Стадионот на „Јувентус“ моментално го носи името „Алијанц“ од спонзорски причини, а е дом на „Бјанконерите“ од есента 2011 година, кога трофејниот италијански клуб се пресели од култниот „Деле Алпи“.

Стадионот на „Јувентус“во Торино моментално претставува најнов и најмодерен стадион во Италија со вкупно 41.507 седишта. Најдобар период за посета е за дербито против „Рома“, кога стадионот, најчесто, е распродаден.

„Сан Сиро“/„Џузепе Меаца“ во Милано

Домот на двата гиганта и градски ривали, „Интер“ и „Милан“, постои речиси еден век, поточно во употреба е пуштен во 1926 година. Стадионот го носи името „Сан Сиро“  кога домаќин е „Милан“, а кога „дома“ игра „Интер“ стадионот го носи името „Џузепе Меаца“.

Овој култен стадион е најголем во Италија со максимален капацитет од 80.018 седишта. Низ историјата на него се играле бројни натпревари од светските и европските првенства, Лигата на шампиони, а, исто така, се организирале музички концерти од светски познати бендови како што се: Ролинг стоунс, ЈуТу, Ред Хот Чили Пеперс, исто така, и на познати пејачи како Боб Дилан, Мајкл Џексон, Дејвид Боуви...

Инаку, на „Сан Сиро“ ќе се одржи церемонијата со која ќе се означи старт на Зимските олимписки игри во 2026 година.

„Олимпико“ во Рим

Посетата на „Вечниот град“ секогаш е добар избор, но истата треба да биде поинтересна доколку на листата места за посетување го ставите и стадионот „Олимпико“. Ова е дом на лутите ривали „Рома“ и „Лацио“.

„Олимпико“ почнал да се гради во 1927 година, но за фудбалски натпревари бил пренаменет дури во 1953 година. На овој стадион се одржале церемониите за отворање и затворање на Летните олимписки игри во 1960 година, а од тогаш капацитетот на седишта е намален за речиси 30 %.

Моментално „Олимпико“ може да собере 70.634 гледачи, кои прават феноменална атмосфера и искуство какво што може еднаш да се доживее.

 

Доколку сакаш да ги посетиш овие стадиони и да ги видиш сите убавини што ги нуди Италија, вклучи се во нашата наградна игра и добиј бесплатно патување во Италија.

Аплицирај како нов клиент за кредит со 0 % камата за 3 месеци и стани потенцијален добитник на главната награда или една од останатите 80 награди.

 



Врати се назад

Прочитај повеќе