Споделеното патување и зошто да му се довериме

Споделеното патување и зошто да му се довериме

Споделеното патување постои далеку пред Uber да ги разбранува законодавните власти низ светот и да освои голем број забрани. Во интерес на вистината,  можно е баба ви или прабаба ви да патувале со споделени трошоци. Доволно е да се договориле со соседот да користат една кола за посета во соседното село. Ако ги прашате родителите пак,  многу е можно да заработиле барем неколку одмори на море придвижувајќи се автостоп.

Не е исто, ќе кажете. Напротив, сосема ист е, само тогаш немало ниту интернет, ниту социјални мрежи, ниту мобилни телефони со нивните апликации.

Слична практика сепак постои во многу земји, а ако случајно не сте се нашле и во Македонија. Има многу сајтови како што се http://vozime.mk/, http://www.kinisaj.mk/  и Facebook групи како што се https://www.facebook.com/events/927354870690977/ , https://www.facebook.com/groups/710652508981927/ , https://es-es.facebook.com/avtostopmk/posts/1080877535359357:0

 

Што претставува?

Во суштина:
-Некој ќе патува донекаде и има слободни места во автомобилот. Може да предложи превоз, без разлика дали ќе посака да се покрие дел од бензинот или ќе ве вози бесплатно, едноставно затоа онака тргнал (и пример досадно  му е да е сам; има добро срце; му се допаѓа идејата како целина).
-Некој сака да патува некаде и бара човек во иста насока во одреден период од време, затоа што не го поднесува движењето со јавен превоз, досадно му е, по поевтино е., итн
Веројатно сте виделе слични понуди и барања од пријатели на социјалните мрежи. Бидејќи  меѓу сопствените пријатели бројот е ограничен, логично е да има и такви сајтови и групи. Ако често патуваш до Скопје пример, природно дека ќе прашаш во група, каде што многу други луѓе редовно патуваат од и за истиот град. А не меѓу пријатели кои се од различни точки на земјата.
Често има понуди и за такви заеднички патувања во странство. Но, ако сакате да отидете на конкретно  место и да се движите до сите точки (а не да треба да се враќате со авион или автобус), може да се договорите со неколку  различни возачи во меѓународните платформи за споделено патување.

 

Зошто е удобно?

На прво место излегува поевтино и се разбира значително побрзо од патувањето со возови и автобуси. Но сосема не е само тоа. Голема е можноста за социјализација, познанство со многу нови и интересни луѓе посета на места кои инаку може и да не ги посетите. И згора на тоа им овозможува моментално да се одлучите за патување буквално од сега за тргнување по неколку минути. Или пак да се одлучите на патување какво што воопшто не сте планирале.

 

До каде може да стигнете?

Буквално секаде. Може да е во рамките на градот во кој живеете. Може да е до различни населени места во земјата. Може да е надвор од Македонија- во Европа, во САД, во Австралија ...
Како што кажавме претходно, може да се комбинираат различни превози итн

 

Малку култура

Ако имате план да се возите кај некого, добро е да имате предвид дека не е многу воспитано да се храните во колата, да носите алкохолни пијалоци и секако - да пушите. Освен ако не се договорите нешто различно, се разбира.
Ако пак ги нудите своите услуги на превоз, може да ги споменете овие услови во известувањето. Често луѓето кажуваат каква музика пуштаат и каква категорично нема да слушаат. Дали автомобилот има клима и колку багаж можат да соберат заедно со потенцијалните патници. Каков пат сте избрале до крајната дестинација е исто така важно.

 

А ако наидам на луѓе кои ...

Различни луѓе одговараат поинаку кон оваа можност за патување. Некои немаат никакви грижи. Други претпочитаат да ја користат услугата, заедно со пријател, за да не се сами и да се чувствуваат поудобно. А трети се ограничуваат само до групи луѓе кои ги познаваат или со кои имаат заеднички познаници.
На крајот на краиштата тоа е договор меѓу вас и друг човек, при тоа неформален. Ако почувствувате дека нешто не е во ред или имате грижи, не е задолжително да се качувате во автомобилот. За секој случај и не давајте пари однапред.
Овој тип патувања не се регулирани законски. Казни има единствено за превозниците кои возат редовно за профит. Односно ако видите оглас за споделено патување со комбе или уште повеќе со автобус, очигледно е дека малку веројатно е да биде такво. По сигурно е нерегулиран организиран превоз. Пак може да излезе поевтино, но за разлика од легалните превозници, каде билетот ви е и осигурување при несреќи, тука тоа не е така.

 

Како да си најдам превоз или сопатници

Најлесно е да стартувате од пребарувањето во Google и Facebook, за да ги откриете веб-сајтовите и групите кои ќе ви завршат најдобра работа. Особено за социјалната мрежа веќе споменавме дека има одделни групи и по градови. 
Разгледајте ги и ако одлучите дека тоа е добар начин да правите планирани и непланирани патувања, потоа споделете впечатоци! А ако не ви достигнува буџет, за да ги остварите - земете кредит од Credissimo, "Кредит до плата"до 12000 денари со 0%  за секој прв кредит, или "Credissimo плус", до 40000 денари и можност за враќање до 15 месеци.



Врати се назад

Прочитај повеќе