Си гледал серии и филмови на првата македонска стриминг платформа? Најдобрите македонски и балкански серии, но и сериите и филмовите од целиот свет се на едно место, на кое можеш да гледаш од кој било уред.
Нe интересираше кои се најгледаните филмови на националната стриминг платформа Gley, па направивме едно мало истражување и дојдовме до следната листа од „all-time“ топ 5. Во меѓувреме, имаме еден предлог за тебе – погоди кои се тие? Ако можеш да погодиш, направи еден список, прогнозирај, па потоа прочитаj.
„Те Дуа, жими мене“
Мега-популарната драматична криминалистичка комедија во режија на Марјан Гавриловски ги наполни киносалите и ги освои симпатиите на публиката, како и на критичарите.
Никола Кузелов и Атанас Атанасовски во главните улоги, се двајцата ликови кои се справуваат со разни предизвици во обидот да ја вратат купената жена (Ангела Стојановска) од Албанија, за на крајот младоженецот да се предомисли. Тони Михајловски, Игор Џамбазов и уште многу познати актери од домашната сцена се дел од оваа опасна потрага по идеалната сопруга.
„Нешто слатко“
Уште една романтична комедија која блесна на филмските платна е„Нешто слатко“, во режија на познатиот словенечки стенд-ап комичар Тин Водопиец.
Комедијата „Нешто слатко“ - нуди 90-минутна забава полна со заплети и пресврти. Кога кариерата на Каја – организаторка на маркетинг конференции „виси на конец“, нејзиниот маркетинг гуру од Македонија пропушта важен лет. За да се избегне катастрофа, Каја наоѓа несекојдневно решение. Сашко Коцев и Јелена Јованова-Периќ „растурија“ во главните улоги.
„Џган“
Оваа криминалистичка драма те учи дека никој не е роден насилник, но серија од сурови настани многу лесно можат да претворат едно интровертно момче во лидер на немилосрдна банда на млади бунтовници, чија цел е да се одмаздат на светот за претрпената штета.
Вардан Тозија е режисер и автор на сценариото, додека главните улоги им припаднаа на Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Сара Климоска.
„Женскиот мозок“
Од домашната сцена, се префрлуваме на холивудските платна и делото на Витни Камингс, познатата стенд-ап комичарка која си ја додели главната улога (Џулија) во филмот кој го режира. Филмот се темели на книгата „The female brain“ од Луан Бризендин. Придружена од прекрасната дива Софија Вергара, Џулија се потпира на науката во обидот да го најде вистинскиот животен партнер.
„Еклер“
Марко Ѓоковиќ го режира краткометражниот игран филм, приказна за синот на готвачката во Маршаловата вила, кој првпат во својот живот добива можност да ја вкуси храната што ја гледа како се готви, а не смее да ја пипне. Игор Ангелов, Sвездана Ангеловска и Давид Тодосевски се дел од екипата на главни актери.
Интересно, нели? Што е уште поинтереснo, со секој одобрен кредит во Credissimo, добиваш гратис претплата на Gley. Да, секогаш сме тука кога ти се потребни пари на време, но со нас секогаш добиваш нешто повеќе и за себе!