Направи сам подарок за Свети Валентин – идеи за подароци „Те сакам"

Направи сам подарок за Свети Валентин  – идеи за подароци „Те сакам

Најубавите подароци не доаѓаат само во луксузно пакување. Понекогаш, најубавиот подарок е оној кој го имаш направено сам и во кој си вложил личен труд и време. Ако сакаш да ја изненадиш твојата половинка со автентичен и персонализиран подарок по повод св. Валентајн, еве неколку направи сам идеи.

Тегла со ,,50 причини зошто го/ја сакаш“

Што ти е потребно?

  • Стаклена тегла со капак
  • Шарени ливчиња
  • Лента за декорација

Како се прави?

Напиши 50 мали пораки со причини зошто го/ја сакаш – романтични или смешни. Свиткај ги и стави ги во теглата. Декорирај ја теглата со лента.

Зошто е посебен подарокот?

Секој ден твојата сакана личност ќе може да извлече по една причина и да се потсети на тоа колку многу ја сакаш.

 

Персонализирана книга „Нашата приказна“

Што ти е потребно?

  • Мал тефтер или празна книга
  • Шарени маркери и лепак
  • Заеднички фотографии

Како се прави?

Создај албум со вашите најубави спомени – првиот состанок, заеднички патувања, забавни моменти. Додај други фотографии, цртежи и мали детали.

Зошто е посебен подарокот?

Ова е книга што со текот на времето станува се по драга и подрага.

 

Ваучери за љубовни изненадувања

Што ти е потребно?

  • Дебел картон
  • Ножици
  • Маркери и бујна фантазија

Како се прави?

Направи ваучери за појадок во кревет, масажа, филмска вечер... Подари ги во кутија или рачно направен плик.

Зошто е посебен подарокот?

Ова е подарок што ќе ви носи радост и на двајцата и после празникот.

 

Домашно чоколадо

Што ти е потребно?

  • 200 г темно чоколадо
  • 100 мл слатка павлака
  • 1 лажица путер
  • какао, кокос или јаткасти плодови

Како се прави?

Загреј ја павлаката, додади го темното чоколадо и путер. Стави ја смесата во капап или направи форма на срце. Остави во фрижидер 2 часа.

Зошто е посебен подарокот?

Домашното чоколадо има посебен вкус кога е направено со љубов.

 

Колаж „Сложувалка од нашите спомени“

Што ти е потребно?

  • Голема рамка
  • Заеднички фотографии
  • Лепак или двострана лента

Како се прави?

Подреди фотографиите во рамка како сложувалка и додај мали пораки.

Зошто е посебен подарокот?

Секој пат кога ќе го погледнеш ќе те потсети на вашите најубави моменти.

Не заборавај дека подарокот што ќе се памети најдолго е оној во кој си вложил дел од твоето срце. Не е важно колку чини, туку каква порака носи. Рачно изработените подароци покажуваат посебно внимание и создаваат емоции што остануваат засекогаш.

Која од овие идеи ќе ја пробаш ти годинава?

Поврзани статии

Неколку идеи за подарок за 8-ми март во последен момент!

Неколку идеи за подарок за 8-ми март во последен момент!

Посакај им среќен 8-ми март на омилените жени во твојот живот со една од овие идеи за подарок.

Топ 5 најгледани филмови на Gley

Топ 5 најгледани филмови на Gley

Нè интересираше кои се најгледаните филмови на националната стриминг платформа Gley, па направивме едно мало истражување и дојдовме до следната листа од „all-time“ топ 5.

Направи сам: Уникатна маска за Ноќта на вештерките!

Направи сам: Уникатна маска за Ноќта на вештерките!

Погледни ги овие идеи и направи си уникатна маска со којашто ќе бидеш највпечатлив за Ноќта на вештерките!

Избери подарок според хороскопскиот знак

Избери подарок според хороскопскиот знак

Празниците завршија, подарувањето продолжува. Наближуваат Денот на вљубените, Денот на жената - Осми март, а можеби следи и некој роденден на твој близок роднина или пријател?

Периодот на свадби пристигна!

Периодот на свадби пристигна!

Во денешната статија ви нудиме неколку совети и идеи за совршениот свадбен подарок. Доколку сеуште сте одбрале, погледнете ги нашите предлози.