Избери подарок според хороскопскиот знак

Избери подарок според хороскопскиот знак

Празниците завршија, подарувањето продолжува.

Наближуваат Денот на вљубените, Денот на жената - Осми март, а можеби следи и некој роденден на твој близок роднина или пријател?

Понекогаш поводот за подарување и не е толку важен колку што е важно подарувањето како гест, укажувањето на почит и покажувањето на љубов. Кога подаруваме, сакаме да знаеме дека подарокот ќе му се допадне на тој што му го подаруваме.

Кога треба да подаруваме, многумина од нас се во дилема каков подарок да изберат. Бараме совети од пријатели, од колеги, а во зависност од тоа на кого подаруваме, некои од нас се советуваат и со астролози за подарокот да биде навистина правилно изберен.

Да подариш подарок според хороскопскиот знак и не е така лоша идеја затоа што според индивидуалните карактеристики за секој хороскопски знак може да се направи навистина правилен избор за подарок.

Дали и ти наскоро сакаш на некого да му подариш нешто, но не знаеш што да му купиш?

Прочитај ги советите за тоа каков подарок можеш да избереш според хороскопскиот знак. Секако, нема да згрешиш. Олесни си го изборот сега!

Овен

Овните,  поради нивниот авантуристички и натпреварувачки дух, во хороскопот најчесто се опишани како „претприемачи“. Затоа, најдоброто решение за подарок за нив е блуза или кошула, којашто ќе може да си ја носат на работа. Аксесоар како смарт часовник кој ќе асоцира на неговиот натпреварувачки и трудољубив дух, исто така, би бил добар избор. Подарок - картичка за посетување теретана или јога, исто така, не е лоша идеја.

Бик

Биковите се под влијание на планетата Венера, планета на љубовта. Тие се многу сензибилни и опседнати со својот изглед. Тие се големи љубители на природата. Букет со цвеќиња или цвеќе во саксија, би бил идеален подарок за нив. Високобуџетен парфем, исто така, нема да одбијат. Сигурни сме дека нема да ти замерат и доколку одлучиш да им подариш ваучер за третман во спа-центар. Купи им нешто скапо и убаво.

Близнаци

Доколку забележиш дека близнак се возбудува на ново парче хартија и пенкало, не се изненадувај, бидејќи главни особини на близнаците се комуникација и интелект. Затоа, планер и персонализирано пенкало би биле идеален подарок за овој хороскопски знак. Исто така, многу ќе му се допадне ако му подариш торба за патување или интересна книга.

Рак

На раковите најважни им се домот и  семејството и сè што е поврзано околу нив. Воедно, ракот се смета за генијалец во кујната, па затоа каков било кулинарски сет би бил добредојден подарок. Исто така, албум со специјално изработена корица, во кој ќе може да чува фотографии е полн погодок со кој ќе го погодиш директно во срце.

Лав

Лавовите сакаат да се во центарот на вниманието, поточно, сакаат да бидат забележани со својот уникатен стил. Најдобар подарок за нив е моден детаљ што ќе го оддели од останатите. Шал или парче облека од неговиот омилен бренд, накит, или луксузни средства за убавина, ќе го направат лавот да биде среќен. Доколку помислиш дека си претерал со подарокот, воопшто не е така, сепак, станува збор за подарок за лав, така што ништо не е претерано.

Девица

Луѓето под знакот девица се доста приземјени и секогаш подготвени да решаваат проблеми или предизвици. Доколку на девица ѝ дадеш активност во која ќе може да ги користи рацете, тоа е знак дека си го погодил подарокот. Затоа, часови по готвење, спојување сложувалка или книга, односно списание со крстозбори се подароци со кои нема да погрешиш.

Вага

Препуштени на музиката и уметноста, вагите се тип на луѓе што сакаат нежност и убавина. Претплата за сервисот „Спотифај“ е подарок по мерка за речиси секоја вага. Кога станува збор за нежноста, парче облека изработено од свила, или плишано перниче ќе ги направи среќни. Уметничко дело, исто така, би било полн погодок, а сигурно нема да ти замери доколку ѝ подариш накит, поточно обетки.

Шкорпија

Водени од планетата Плутон, шкорпиите се синоним за мистерија и волја, но и за авантура. Доколку имаш блиска личност во знакот шкорпија, подари ѝ секси долна облека, но доколку не се осмелуваш да посегнеш по тој избор, тогаш и кожна чанта или кожна јакна е добар избор.

Стрелец

Стрелците се исполнети со позитивна енергија и оптимизам, а се познати и како љубители на патувањата. Куфер за патување, несесер за чување на лични документи, како и билет за некоја авантуристичка дестинација се главните работи на кои треба да посветиш внимание при избирањето на совршен подарок. Доколку си одлучил да подариш облека на стрелец, ќе поминеш полесно со обичен пар фармерки или класична маица.

Јарец

Дисциплината е главна одлика кај јарецот, а како посебна пасија се двои наклонетоста кон историјата. Како обожавател на историската вредност, за јарецот најдобар подарок би била автобиографска книга од неговиот омилен уметник, пејач или музичар. Билет за уметничка изложба, исто така, е подарок кој можеш да го искористиш и за да договориш состанок, со што ќе ги истакнеш твоите симпатии кон јарецот.

Водолија

Луѓето под знакот водолија секогаш се настроени кон иднината, планирањето и правењето следни чекори, но, исто така, се и бунтовници во душата. Нема да погрешиш доколку подарокот е нешто што е поврзано со технологија. Само однеси ја водолијата во продавница за смартфони или бела техника, сама ќе си го одбере подарокот. Водолијата ќе те цени повеќе доколку како подарок донираш сума на пари на некоја добротворна организација во нејзино име.

Риби

Рибата е хороскопски знак кој е синоним за водење грижа за здравјето и изгледот. Како креативен знак, рибата ќе ти биде благодарна доколку ѝ подариш висококвалитетна постелнина, меки папучи, а најмногу ќе се израдува на книга со љубовна поезија.

 

Ти го олеснивме ли изборот? Дали се одлучи каков подарок ќе подариш?

Ние да - Ти подаруваме една бесплатна рата доколку аплицираш за кредит до 10.3.2024 година.

Можеби не знаеме кој хороскопски знак си, но сигурни сме дека подарокот ќе ти се допадне.

 Аплицирај до 200.000,00 денари  и добиј една бесплатна рата сега!  Самиот одбери кога нема да ја платиш!

Да, добро прочита, еден месец нема да платиш!



Врати се назад

Прочитај повеќе