Испрати ја ратата на одмор!

Испрати ја ратата на одмор!

Дали дозна за нашата нова прoмоција? Во пресрет на летните годишни одмори и патувања, ти нудиме кредит на месечни рати до 120.000 ден. со можност за одложено плаќање на прва рата до 45 дена од земањето на кредитот. Одмараш ти, одмара и твојата рата!

Како и секое лето и ова лето ќе биде исполнето со позитивна енергија, годишните одмори се на прагот, а со нив и ентузијазмот за патувања, креирање на нови спомени и незаборавни авантури. За да можеме да ги остварме нашите планови за летна авантура често ни се потребни дополнителни финансиски средства, а секој еден од нас заслужува да отпатува на летен одмор и да заборави на грижите.

Опушти се и уживај во топлите летни денови со нашата нова промоција!

Каква е новата промоција?

Само ова лето можеш да земеш кредит на рати до 120.000 ден. и безгрижно да летуваш без да мислиш кога треба да ја платиш првата рата. Одмараш ти, одмара и твојата рата! Нашата нова прмоција ти нуди можност за одложена прва рата до 45 дена од земањето на кредитот. Отпатувај на летен одмор и испрати ја ратата на одмор сега!

До кога трае промоцијата?

Летната промоција трае од 06.06.2022 до 29.08.2022. За секој одобрен и земен кредит ќе продолжиме со паричните награди од 15.000 ден. секоја седмица, како и многу други изненадувања. Следи не за да дознаеш какви ќе бидат летните изненадувања!

Зошто да ја искористиш промоцијата?

Оваа промоција е за сите кои што сакаат да ги искористат раните попусти за летување и да си резервираат одмор уште сега, за сите кои што сакаат максимално да се опуштат и да уживаат во летото. Обезбедувањето на дополнителни финансиски средства ќе ти помогне да го реализираш твојот летен план. Ако знаеш каде сакаш да заминеш ова лето, а имаш потреба од дополнителни средства искористи ја понудата за брз кредит до 120.000 ден. со одложена рата.

Како да аплицираш за кредит со одложена рата?

  • Испрати целосно онлајн апликација за кредит преку веб сајтот credissimo.mk
  • Јави се на 02 511 1010 за да аплицираш преку телефон
  • Аплицирај преку чат

Ако сѐ уште немаш план каде да заминеш ова лето, ние ќе ти помогнеме да го избереш најдоброто место за тебе, затоа што заслужуваш!

 
Добитници:

 

1. Прво извлекување 21.06.2022г. - Филип А., f*******@gmail.com е добитник на 15.000 ден.

2. Второ извлекување 28.06.2022г. - Дарко Р., d******@yahoo.de е добитник на 15.000 ден.

3. Трето извлекување 05.07.2022г. - Виктор С., s*****@yahoo.com е добитник на 15.000 ден.

4. Четврто извлекување 12.07.2022г. - Кристијан Н., k****@gmail.com е добитник на 15.000 ден.

5. Петто извлекување 19.07.2022г. - Даниела Џ., d******yahoo.com е добитник на 15.000 ден.

6. Шесто извлекување 26.07.2022г - Тони П., p*****@yahoo.com е добитник на 15.000 ден.

7. Седмо извлекување 03.08.2022г. - Мирјана А., dr****@yahoo.com е добитник на 15.000 ден.

8. Осмо извлекување 09.08.2022г. - Маја М., m***yahoo.com е добитник на 15.000 ден.

9. Девето извлекување 16.08.2022г. - Максим М., m***gmail.com е добитник на 15.000 ден.

10. Десето извлекување 23.08.2022г. - Бисера А., b*********@gmail.com е добитник на 15.000 ден.

11. Единаесето извлекување 30.08.2022г. - Христина Т., s*****@yahoo.com е добитник на 15.000 ден.

12. Дванаесето извлекување 07.09.2022г. - Мартин Ж. , z****@gmail.com е добитник на 15.000 ден.

 

 

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Сл. Весник на РСМ“, број 24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15 и 154/15 и 23/16), а во врска со член 125 и 126 од Законот, се утврдуваат следните правила на наградната игра:

 

ОРГАНИЗАТОР

Член 1

Организатор на Наградната игра „Испрати ја ратата на одмор“ (во понатамошниот текст именувана само како „Наградна игра“) е Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст „Организатор“) со регистрирано седиште на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Р. Северна Македонија, со електронска пошта: support@credissimo.mk

 

ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Член 2

Наградната игра има за цел рекламирање на кредитните производи на ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје:

- кредит до 120000 денари на рати „Credissimo Плус“,

- кредит до 30000 денари „Credissimo До плата“.

 

ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 3

Официјалното име на Наградната игра е „Испрати ја ратата на одмор“.

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р.Северна Македонија, лица со и над 18 - годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит на било кој од двата кредитни производи и кои ги исполнуваат условите за одобрување и истиот да им биде одобрен и исплатен на наведената жиро сметка во кредитната апликација.

Наградната игра ќе започне од 15.06.2022 година од 00:01 часот и ќе трае до 29.08.2022 година до 23:59 часот. Кредитните апликации кои се поднесени во неработните денови и празници исто така учествуваат. Тие се разгледуваат и доколку се одобрат се исплаќаат првиот работен ден.

 

ТЕРИТОРИЈА

Член 4

Наградната игра се организира на територијата на Р. Северна Македонија и важи за сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Северна Македонија, лица со и над 18 годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит на било кој од двата кредитни производи, односно кои ги исполнуваат условите за одобрување на истиот и истиот им бил одобрен и исплатен.

 

ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ, ВРЕДНОСТ НА СЕКОЈА НАГРАДА ОД ФОНДОТ НА НАГРАДИ И ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ФОНДОТ НА НАГРАДИ ( ВО ДЕНАРИ)

Член 5

Во Наградната игра ќе бидат доделени следните награди:

Бр.

Награди

Количина

Поединечна вредностсо 18% ДДВ

Вкупна вредност со 18% ДДВ

1.

Парична награда

12

15.000 денари

15.000 денари

 

ВКУПНО

12

 

180.000 денари

 

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 6

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р.Северна Македонија со и над 18 годишна возраст како и да ги исполнуваат условите за одобрување на кредит на било кој од двата кредитни производи, односно кои ќе поднесат Барање за одобрување на кредит и истиот им биде одобрен и исплатен на жиро сметката наведена во апликацијата за кредит. Како потврда за учество во Наградната игра ќе претставува мејлот кои го добиваат клиентите при одобрување на барањето за кредит.

Не може да биде Учесник во Наградната игра, лице кое е партнер или акционер или е во работен однос или врз основа на друг договор работи за Организаторот или работи со реализацијата, обезбедувањето и администрирањето на Наградната игра, како и членови на нивните потесни семејства.

Учесниците кои не ги прифаќаат овие Правила на наградната игра имаат право да го откажат своето учество во Наградната игра со праќање на Изјава за откажување на учество во Наградна игра на е-маил адресата support@credissimo.mk, во спротивно сите учесници ќе се смета дека ги прифаќаат Правилата на наградна игра и ќе учествуваат во неа.

Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.

 

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 7

Извлекувањето на наградите ќе се изврши електронски по случаен избор од системската база на податоци во која учествуваат клиентите на кои им е одобрен и исплатен кредит, на следниов начин:

  • Прво извлекување 21.06.2022г. во 10 часот за период 14.06.2022г. – 19.06.2022г. – 15.000ден.
  • Второ извлекување 28.06.2022г. во 10 часот за период 20.06.2022г. – 26.06.2022г. – 15.000ден.
  • Трето извлекување 05.07.2022 г. во 10 часот за период 27.06.2022г. – 03.07.2022г. –15.000ден.
  • Четврто извлекување 12.07.2022г. во 10 часот за период 04.07.2022г. – 10.07.2022г. – 15.000ден.
  • Петто извлекување 19.07.2022г. во 10 часот за период 11.07.2022г. – 17.07.2022г – 15.000ден.
  • Шесто извлекување 26.07.2022г. во 10 часот за период 18.07.2022г. – 24.07.2022г –15.000ден.
  • Седмо извлекување 03.08.2022г. во 10 часот за период 25.07.2022г. – 31.07.2022г. – 15.000ден.
  • Осмо извлекување 09.08.2022. во 10 часот за период 01.08.2022г. – 07.08.2022г. – 15.000ден.
  • Деветто извлекување 16.08.2022г. во 10 часот за период 08.08.2022г. – 14.08.2022г. – 15.000ден.
  • Десетто извлекување 23.08.2022г. во 10 часот за период 15.08.2022г. – 21.08.2022г.– 15.000ден.
  • Единаесетто извлекување 30.08.2022г. во 10 часот за период 22.08.2022г. – 28.08.2022г.  – 15.000ден.
  • Дванаесетто извлекување 7.09.2022г. во 10 часот за период 29.08.2022 – 04.09.2022 – 15.000ден.

Извлекувањето на наградите ќе биде ќе биде електронски, по принципот на случаен избор, а ќе учествуваат сите кредитни апликации на начин и услови наведени погоре.

При извлекување на добитниците, во истото време ќе се извлекуваат резервни добитници, во случај ако некои од добитниците се откажат од добиената награда, односно да не може Организаторот да стапи во контакт со нив.

За текот на извлекувањето ќе се води записник, кој ќе биде потпишан од членовите на Комисијата која ќе биде составена од:

-  Двајца претставници од ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје

-  Еден Правник

Извлекувањата ќе бидат во седиштето на Организаторот на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Република Северна Македонија.

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА

Член 8

Правилата за Наградната игра ќе бидат објавени, пред почеток на наградната игра, по добивање на согласност од Министерството за финансии на:

- веб страните на Организаторот, https://www.credissimo.mk/,

- Facebook страната на организаторот https://www.facebook.com/credissimo.mk

- мобилната апликација за Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.appstrand.credissimo и

- мобилната апликација за iOS: https://itunes.apple.com/mk/app/credissimo-mk-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5/id1239299443?mt=8

Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 3 дена од денот на секое од извлекувањата на наградите на:

- веб страните на Организаторот, https://www.credissimo.mk/,

- Facebook страната на организаторотhttps://www.facebook.com/credissimo.mk

- мобилната апликација за Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.appstrand.credissimo и

- мобилната апликација за iOS: https://itunes.apple.com/mk/app/credissimo-mk-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5/id1239299443?mt=8

Организаторот ќе ги извести добитниците за добиената награда по телефон на бројот оставен како контакт при одобрување на кредитот и по електронскапошта на онаа електронска адресакоја е наведена во Барањето за одобрување на кредит.

Доколку Добитниците немаат наведено дополнителна електронска адреса, за адреса за контакт ќе се смета адресата која ја навеле во Барањето за одобрување кредит.

Организаторот не одговара за неточно пополнети податоци во Барањето за кредит или неуспешен електронски пренос на податоците, прекин во комуникациската врска без разлика од причината од која потекнува, недостапност или немање на интернет, други причини како резултат на виша сила и сл.

Во случај да не може да се оствари контакт преку електронска адреса, добитниците ќе бидат дополнително известени телефонски.

Добитниците на  наградата ќе ја добијат на трансакциската сметка преку која ги добиле паричните средства на име кредит.

Добитниците наградите ќе ги добијат во рок од 60 дена од денот на објавување на наградите на горенаведените веб страници, доколку Организаторот не успее да стапи во контакт со нив го губат тоа право, во таков случај Организаторот има право, истата да не ја додели или да ја додели на резервниот добитник.

 

Со конечната реализација на наградата престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитникот.

 

Со самото учество во наградната игра, Учесниците ги прифаќаат овие Правила за наградна игра.

Доделувањето на наградата може да биде јавен настан. Организаторот има право со нивна согласност да ги слика/снима добитниците на наградите со што нивните лични податоци име и презиме можат да станат јавни и да бидат користени во аудио, фотографија или видео материјал, без право на дополнителен надомест.

 

ПРАВО НА ПРИГОВОР

Член 9

Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра кој е должен во рок од 5 (пет) дена, од денот на приемот на приговорот писмено да одговори на добиениот приговор.

 

ОГРАНИЧУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО

Член 10

Ако Организаторот утврди злонамерни дејствија од страна на Учесник во Наградната игра, со цел манипулација на истата, Организаторот има право да го дисквалификува и отстрани тој учесник. Организаторот има право да дисквалификува без предупредување секој Учесник, за кој се посомнева или утврди манипулативни дејствија, со цел освојување на Наградите.

Не може да биде Учесник во Наградната игра, лице кое е партнер или акционер или е во работен однос или врз основа на друг договор работи за Организаторот или работи со реализацијата, обезбедувањето и администрирањето на Наградната игра, како и членови на нивните потесни семејства.

Организаторот има за право да исклучи од учество во Наградната игра и да не дозволи добивање Награда на Учесник, за кој има податоци дека извршил злоупотреба со технички, програмски или други средства и уреди со цел неовластен пристап до системи на Организаторот и/или учество во Наградната игра и добивање на Наградата, или други дејства, спротивни на правилата на Наградната игра или на влезените во употреба нормативни акти.

 

ПРЕНОС И ЗАМЕНА НА НАГРАДАТА

Член 11

Наградите не може да се пренесат на друго лице.

 

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Член 12

Организаторот во целост ќе ги почитува одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во пракса ќе цели кон одржување високо ниво на добра практика при обработка на личните податоци.

При механизмот на случајно компјутерско извлекување на добитници, ќе се користат само ID броевите од Договорот за кредит, а нема да бидат користени нивните останати податоци.

Со самото Аплицирање, односно со одобрување и исплата на кредитот, Кредитокорисниците учествуваат во наградната игра. Доколку некој не сака неговите податоци да се обработуваат за таа намена, можат да го откажат своето учество во Наградната игра со Изјава за откажување пратена на е-маил адресата  support@credissimo.mk,

За лицата кои ќе учествуваат во Наградната игра, односно Учесниците кои ќе ги добијат наградите Организаторот има право нивните лични податоци да ги користи во своите идни маркетинг активности.

 

OТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 13

Наградната игра може да биде прекината во случај на виша сила, согласно чл.8 од Законот за игри на среќа и забавни игри, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот да ја изведе наградната игра поради причини независни од неговата волја. Во овој случај, Организаторот, по известувањето и добиената согласност од Министерството за финансии, треба да ги информира учесниците за прекинувањето на наградната игра, за причините за прекинувањето и за датумот на прекинување преку соопштение во медиумите.

 

ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИ ШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ

Член 14

Евентуално настанатите спорови меѓу Организаторот и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.

 

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 15

Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување пред започнување на наградната игра, а ќе важат до завршување на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнување на наградите.

 
 


Врати се назад

Прочитај повеќе