14 совети како да заштедите пари од струја (дел 1)

ОД Credissimo МК | 01.11.2016
14 совети како да заштедите пари од струја (дел 1)

Есента дојде...

Секоја година барем по два пати сме бомбардирани со вести за евентуално зголемување на сметките. Дали ќе биде поскапување на струјата или на природниот гас- главна компонента при одредувањето на цената на парното и топлата вода. Еве повторно е есен и трошоците  дома ќе стануваат се повисоки. А Вие можеби веќе имате и претходни обврски поради трошоците за летниот одмор?

Како најбрзо да ги платам сметките за струја и парно?

Справувањето со месечните трошоци за дома е можно, но се потребни неколку компоненти како самодисциплина и прилагодливост. Постојат вклучително и варијанти за нивно намалување. Пред тоа сепак е убаво да се ослободите од акумулирани долгови кон компаниите за да започнете на чисто. Ако имате потешкотии со покривање на овие долгови, може да одберете одложено плаќање, под услов да е можно. Друга опција е да земете брз кредит. На овој начин може да ги подмирите насобраните обврски и потоа да отплаќате само еден долг, а не неколку. Исто така удобна е и опцијата Кредит до плата - во случаите кога плаќањето не трпи одлагање, а има уште време до земањето на Вашиата плата.

Сметките за струја

Најпрво започнете со активности со кои големината на сметките нема да скока секој месец до таванот. Според последните податоци од енергетската комисија, најчестите жалби се имено за високи сметки за струја. Проверете на пример дали електричното броило Ви работи правилно. Впрочем ако имате сомнежи за услугата може да се обратите до Регулаторната Комисија за енергетика. Ова важи и во случај кога услугата во Вашето место на живеење е неквалитетна. Другата можност е да се обратите кон самата компанија - снабдувач.

Корисни ресурси: Проверка на струја и парно

1. Изолација

Најдобриот начин за заштеда на струја и парно останува Изолацијата. Ова не е за џебот на секој, но ако имате можност, подобро направете инвестиција во изолирањето на домот. Тоа ќе Ви се исплати. Правете го тоа секогаш за време на подолго отсуство од дома, држете ги исклучени и апаратите кои ги користите релативно ретко.

Важно! Дури и кога не работат, тие консумираат електрична енергија, ако се вклучени во струја.

Секогаш кога купувате техника, обрнете внимание на енергетската класа. Поекономичните се поскапи, но тоа исто така е инвестиција во помали сметки. Не заборавајте и на ноќната тарифа. Едноставни правила, како пуштање на машината за перење или вклучувањето на бојлерот по 10 часот навечер можат да ви заштедат средства.

2. Ноќна тарифа! ​

Си повторувате дека машината за перење ќе се врти само по 23 часот, но секогаш заборавате или заспивате и перењето си останува за преку ден. Е па има опции:

а) да седите будни,

б) да ја наполните од рано и да си ставите аларм за да ја вклучите,

в) да инвестирате во посовремен модел кој има опција за одложен старт,

г) едноставно потрудете се да не заборавите. Многу нешта можат да бидат одложени за ноќна тарифа: готвењето, машината за садови, сушарата, бојлерот...

Друг одличен, но поради некоја причина не особено популарен метод е

3. Исклучување на уредите од штекерите

Правете го тоа секогаш за време на подолго отсуство од дома, држете ги исклучени и апаратите кои ги користите релативно ретко.

Важно! Дури и кога не работат, тие консумираат електрична енергија, ако се вклучени во струја.

Секогаш кога купувате техника, обрнете внимание на енергетската класа. Поекономичните се поскапи, но тоа исто така е инвестиција во помали сметки. Не заборавајте и на ноќната тарифа. Едноставни правила, како пуштање на машината за перење или вклучувањето на бојлерот по 10 часот навечер можат да ви заштедат средства.

И не на последно место –

4. Заменете ги сијалиците дома со штедливи сијалици

Заменете ги сијалиците дома со штедливи сијалици. Значително поскапи се од обичните, но се исто така и со многу подолг живот и помала потрошувачка на енергија.

И тука сосема нормално треба да го спомнеме квалитетот на уредите 

Висок клас за заштеда на енергија ќе ве израдува со многу нови функции а и со пониска сметка за струја. Едноставно обрнувајте внимание што купувате. Веќе има и пегли за алишта со 20% помала употреба на струја. А доколку не сте ги смениле сијалиците, веќе сте закасниле.

5. Дигнете го имунитетот 

Да, токму така. Не се обидувајте да го претворате домот во тропска плажа во декември. Ако се греете со електрична енергија и го намалите термостатот со само 1 степен, тоа ќе ви спаси 6% од сметката. Барем така тврдат компаниите за електродистрибуција, но што ве спречува да пробате? Покрај тоа е корисно и за здравјето, навистина.

Прочитајте уште неколку совети како да заштедите пари од сметките за струја

 

Назад

Прочитај повеќе

Со користењето на сајтот за брзи кредити credissimo.mk, ги прифаќаш условите за 'cookies' од наша страна. Со нив ние го подобруваме квалитетот на нашите услуги.