9 идеи за романтично изненадување за НЕГО

ОД Credissimo МК | 14.02.2017
9 идеи за романтично изненадување за НЕГО

9 идеи за романтично изненадување за НЕГО

Често си мислиме дека зборови како „маж“ и „ романтика“ на едно место може да ги сретнеме само во филмовите и книгите. Не е докажано, но скоро секоја жена се има убедено дека во секој маж се крие мало момче кое што не е ограничено од предрасудата дека роматиката е лигава работа. Затоа без никакви колебања можеме да кажеме дека секој маж би се израдувал на некое специјално изнанадување за него, изненадување што ќе му покаже колку многу е сакан. Еден од најдобрите моменти за тоа е Денот на вљубените, па подобро е да ги земеш работите во свои раце и да му го направиш денот поубав отколку да чекаш тој прв да се сети.

1. Домашна романтика

Класика си е класика - нема како да згрешиш. Вечера со свеќи, дома..убава музика, облечена во убав фустан.Тоа се задолжителните елементи, а од нив може да произлезат неколку различни варијанти. Пр: вечерата да е на пикник т.е. да биде на подот, фустанот да го нема или воопшто да не е вечера, а некаква масажа. Свеќите да останат затоа што тие создаваат специјална атмосфера, а сите дополнителни декорации како црвени балони, срциња и листови од рози исто така се добредојдени. Сепак кога сте сами и тој има право да се разнежни. Нели?

2. Хотелот до вас

Ова е опција ако живееш во место каде што има хотели. Резервирај соба, отидете на вечера, а после тоа одведи го во неочекуван за него правец. Нема маж кој не би се израдувал на ваква промена на вечерниот план.

3. Случајно патување

Нема човек кој мрази да патува. Една резервација макар да е само за викенд е навистина едно убаво изненадување. Собери му го багажот и почекај го да се врати од работа. Ако вози, ќе мораш да кажеш каде одите. Може да отидете на специјално за вас место, место кое што во вас ќе пробуди стари спомени. Оваа опција можби ќе биде тешка за исполнување и времето ќе биде прекратко за да ја исполните, а можеби и нема да имате доволно пари. Но, ако навистина сакате незаборавен романтичен викенд многу лесно можете да си ја осигурите потребната сума со земање на кредит од Кредисимо – до 12 000 ден (Кредит до плата), или до 40 000 ден (Кредит Плус).

4. Нека биде центар на внимание

Ти можеби и не си толку заинтересирана за спорт и разни технологии ама ако мажот до тебе има некоја страст кон нешто, нема подобар подарок од тој сврзан сонеговото хоби. Ако ти е тешко да се ориентираш со што да го изненадиш можеш да ги прашаш неговите пријатели т.е. некој што малку повеќе знае за неговите интереси. И не, не е „глупаво“ и „неромантично“ да му купиш јадица, компас или маица од омилениот клуб ако тоа навистина може да го направи посреќен.

5. Играчка

Точно така, повеќе од веќе пораснатите момчиња се уште сакаат да си играат. Подарокот може да е некој поскап како дрон, GoPro камера или видеоигра за Playstation или Xbox. Може да е нешто за автомобилот, на пример GPS навигација. Може и навистина да е играчка - автомобил или хиликоптер на далечински. Идеите се многу, а ако посетиш некој сајт сигурно ќе се досетиш уште за нешто.

6. Забава по негов вкус

Дали заедно сте биле на куглање, на билијард или пикадо? Исто така возможни опции се театар, кино и концерт.

7. Нешто специјално

Ако имаш доволно време, нерви и идеи можеш да подготвиш нешто специјално.Се што ти треба е една тетратка и неколку заеднички слики со кои што ќе можеш да ја напишеш и опишеш историјата на вашата врска-таква каква што ја гледаш ти. Додај и малку хумор. Можеш да наполниш една кутија со ливчиња со желби и изјави за тоа колку многу го сакаш и тој секој ден да си влече по едно од нив. Можеш да му напишеш и љубовно писмо и да го запечатиш со бакнеж.

8. Изненади го на работата

Зошто да не му го однесеш подарокот на работа? Можеш да го го испшратиш и по курир. Дури и пица да му порачаш, иако е мал гест сепак ќе се зарадува.

9. Нетипично прославување

Тој не го признава Св. Валентин за празник? Нема проблем: Кажи му силно дека ќе го прославите Св.Тифун и дека ќе испиете многу вино. А местото и начинот земете ги од некоја од претходните точки. Добро, испиеното вино може и да не е во толку големо количество, затоа што оваа година 14-ти е работен ден, но важно е некако да го маскираш празникот и да го натераш да се вклучи во него.

Назад

Прочитај повеќе

Со користењето на сајтот за брзи кредити credissimo.mk, ги прифаќаш условите за 'cookies' од наша страна. Со нив ние го подобруваме квалитетот на нашите услуги.