Подгответе се за зимата

Подгответе се за зимата

Нека Ви е светло и топло кога надвор е мрачно, студено и сиво


Студено Ви е? Најверојатно одамна ги имате извадено од гардероберот зимните алишта, можеби веќе ја облекувате зимската јакна и зимските чизми. Навечер се покривате со дебело меко ќебе и се почесто имате желба да изедете или испиете нешто топло.
Како што телото има потреба од најразлични видови грижи во зимата да Ви е топло и удобно, така и домот има потреба од некои промени. Не станува збор само за ремонти или изолации и покрај тоа што тие се од големо значење за топлината во Вашиот дом. Ако имате можност може да започнете да ја реализирате таа инвестиција дури и ако треба да земете кредит за да покриете дел од трошоците. Има полесни начини Вашиот дом да стане потопол и попријатен.


Поправете го тоа што може да се поправи

Ако Вашата столарија е стара, а Вие немате финансиски можности да ја смените со нова, најдобро е да земете да ги залепите со силикон празните простори меѓу стаклото и дрвото.
Ако имате PVC и не е амортизирана или не е наместена правилно најдобро е да повикате мајстор да ја намести. Обратете внимание и на вратите, како на надворешните (тераси и влезна врата) , така и на внатрешните особено ако имате неотоплени простори во домот.


Потпомогнете го отоплувањето

Дали некогаш ги имате исчистено филтрите на клима уредот?Ако не- сега е моментот да го сторите тоа.Клима уредот ќе работи подобро и ќе топли повеќе (тоа ќе Ви ја намали и сметката за струја). Ако имате парно не заборавајте да проверите дали од радиаторите убаво е испуштен воздухот. Тестот е многу лесен: Ако има делови од радијаторот кои што не се толку топли или се студени значи во нив има воздух и тој пречи на топлата течност да достигне до таму. За да го подобрите тоа испуштете го излишниот воздух.


За секоја куќа си треба грижа и посветеност

Препорачливо е да си ги исчистите олуците за да не се наполнат со кал и листови. Постои ризик од замрзнување на водоводните цевки така да обратете внимание на нивната изолација. Приберете ги и покријте ги сите работи од дворот кои што може да се расипат од мразот и студот, на пример дрвени маси и клупи.

Нека Ви е топло!

Дали ќе Ви биде убаво и пријатно ако и дома Ви е студено како што е студено, мрачно и сиво надвор? Сега повеќе од никогаш Ви се потребен комфорт и топлина во домот. Внесете нови детали во домот со меки пастелни бои. Запалете си ароматни свеќи. На подот ставете мек, дебел тепих. Посетете неколку продавници и дозволете си ги овие задоволства. Овие мали и ситни детали се инвестиција за подобро расположение и добро состојба на духот. Ако немате доволно финансиски средства обратете се за кредит во Credissimo. За само неколку минутки ќе го добиете посакуваниот износ на Вашата трансакциска сметка. Додека си го испиете чајот парите ќе Ви бидат на сметка.



Врати се назад

Прочитај повеќе