Твојот кориснички профил во Credissimo

ОД Credissimo МК | 03.10.2021
Твојот кориснички профил во Credissimo

Со цел олеснување на твоето корисничко патување на нашиот сајт создадовме кориснички профили. Овој нов технолошки процес уште повеќе ќе ја подобри корисничката поддршка, аплицирањето како процес ќе биде уште побрзо и полесно и во секој момент ќе имаш достапни онлајн информации за состојбата на твојот кредит.

Оваа статија ќе ти помогне да ја зголемиш твојата информираност за корисничките профили. Дознај кои се најважните информации кои што треба да ги знаеш за твојот личен кориснички профил во Credissimo и кои се предностите  и привилегиите што ти ги нуди.

Што е кориснички профил?

Кориснички профил е твојот личен профил во Credissimo, каде што можеш да најдеш информација и документи за тековните кредити, како и податоци за твојата кредитна историја кај нас.

Можеш да ги редактираш личните податоци брзо и лесно, да прикачиш слики од валиден личен документ (лична карта или пасош) и да испратиш апликација за кредит само со неколку кликови, без да ги воведуваш податоците повторно при секое ново аплицирање.

Каква информација можам да најдам во мојот кориснички профил?

Преку твојот личен кориснички профил во Credissimo можеш:

  • Да аплицираш за нов онлајн кредит уште побрзо без да ги пополнуваш твоите лични податоци или да испраќаш валиден личен документ ;
  • Да ја следиш состојбата на тековниот кредит;
  • Да ја следиш твојата кредитна историја кај нас;
  • Да најдеш информација за сите активни промоции, наградни игри и бонуси;
  • Да го видиш твојот Амортизационен план.

Како да си направам кориснички профил?

Ако сеуште немаш кориснички профил, можеш да си направиш во 3 чекори:

  • Избери износ, рок на исплата и регистрирај се пополнувајќи ги останатите податоци од првиот чекор;
  • Пополни ги твоите лични податоци на следниот чекор;
  • Воведуваш информации за твојот кредит и влегуваш во Мојот профил. Во твојот кориснички профил можеш да ги видиш сите информации за твоите кредити.
Назад

Прочитај повеќе

Со користењето на сајтот за брзи кредити credissimo.mk, ги прифаќаш условите за 'cookies' од наша страна. Со нив ние го подобруваме квалитетот на нашите услуги.