Брз кредит за зимска опрема и спорт

Брз кредит за зимска опрема и спорт

Нема ништо поубаво од магичното чувство да се разбудиш наутро и надвор да ја видиш околината покриена од бела, снежна покривка. Секој се сеќава на ова чувство од своето детство, а многумина го имаат и кога ќе пораснат. Без разлика дали повеќе сакаат да бидат надвор во снегот или истиот да го гледаат од прозорецот на нивниот топол дом.

Велат дека мавањето со снежна топка кон некој го означува почетокот на прекрасното пријателство. Планините почнуваат да повикуваат со чувство за слобода и желба за спуст, а сè повеќе распространети лизгалишта гарантираат весели, црвени образи за децата и целото семејство.

Значи, ако овие кревки производи на природата - снегулките не те исплашат, веројатно ги сакаш зимските спортови и забавaта помината во снегот. Иако зимата нуди и доста бесплатна забава, како тепањето со снежни топки, правење снешковци или снежни ангели, за поголем број од активностите е потребна зимска опрема. Избравме неколку можни инвестиции во опрема за зимски спортови кои можеш да ги обезбедиш со брз кредит од Credissimo, за да си подготвен за зимскава сезона.

За љубителите на ски и сноуборди

Опремата. За да скијаш или возиш сноуборд, не мора да имаш опрема. Повеќето одморалишта нудат ски, сноуборд и чизми за изнајмување. Многу добро би било ако си почетник и допрва ќе се учиш да се спушташ, одбери ја оваа опција. Меѓутоа, ако си љубител на снежните писти во долгорочен план, подобро е да ја обезбедиш сам потребната спортска опрема. Не е задолжително да се опремиш од глава до пети одеднаш - може да почнеш со најважното и да го дополнуваш твојот арсенал еднаш на сезона.

Облека. За разлика од опремата, облеката ќе биде потешко да ја изнајмиш. Ќе ти треба комплетна облека - ќе започнеме од термочорапи и терморакавици, па ски и сноуборд-маските и на крај ски-панталони и јакни. Добрата вест овде е: Можеш да си обезбедиш комплетна со помош на "Credissimo плус", кој е до 80000 денари со можност за враќање до 24 месеци.

Истражувајте нови дестинации. За љубители на скијачкиот спорт е јасно: има премногу ски патеки кои чекаат да бидат тестирани. Така што, ако оваа сезона сакаш да провериш како стојат работите во Франција, Австрија, Италија или каде и да е на друго место - со брз кредит од Credissimo лесно може да ја обезбедиш таа незаборавна авантура.

За семејства и деца

Кога во семејството има деца, веќе немаме избор: Забавата во зима е задолжителна за малите деца. Еве неколку начини да им дадете радосни доживувања:

Училишта за зимски спортови. Никогаш не е доцна детето да научи да скија. Неколку дена во друштво на другарчињата во планината се корисна идеја како за физичкото и емоционалното здравје, така и за развивање на социјални вештини и збогатување на знаењето.

Семејна екскурзија. Некои родители се резервирани за идејата малите деца да ги пуштаат во организирани патувања и кампови. Во овој случај, може да организирате семеен одмор. Дури и ако тоа не е поврзано со зимските спортови, ќе ви требаат најмалку санки. Релативно скромна инвестиција која може да ја обезбедите со Credissimo до плата - до 12000 денари, со 0% камата во грејс период за секој прв и петти кредит. Ова, се разбира, не ве спречува да им го покажете на децата најстариот начин на лизгање - со пластична кеса.

Градска зимна забава. Ледените лизгалишта стануваат се повеќе популарни секоја зима. И тоа за незначителна сума за влез и изнајмување на лизгалки. Освен ако не си купиш твои лизгалки кои ќе можеш да ги користиш секоја година. Ова не важи во толкава мера за децата кои растат, освен ако не тренираат ваков тип зимски спорт - пример уметничко лизгање.

За техно манијаци

Техно индустријата нуди разни „играчки“ за љубители на технологиите. Ќе почнеме од ракавиците со функција за Touch Screen со кои можеш лесно да ракуваш со смартфоните и таблетите, без да ги симнеш и да ти смрзнат рацете, а овде се и Go Pro камерите, за да го снимиш твојот спуст.

Други додатоци кои можеш да ги најдеш:

• Пренослив фен за ски и сноуборд обувки.

• Шлем со вградени слушалки што се поврзуваат со вашиот паметен телефон.

• Сноуборд за велосипед. Точно така, се монтира на предната гума.

• Јакни со регулација на температурата и проветрување и чорапи со грејачи.

• Сите додатоци, кои ги следат твоите движења, брзина, па дури и висина при вртење во скок!

За сето ова да го обезбедиш, Credissimo ќе ти помогне, односно ќе ти пружи рака кога мислиш дека паѓаш во снежните зимски денови, кога желбата за зимни лудории е голема, а неможеш сам да ја оствариш.



Врати се назад

Прочитај повеќе