Како да го заштитиш твојот буџет од инфлацијата?

ОД Credissimo МК | 18.08.2022
Како да го заштитиш твојот буџет од инфлацијата?

Ги имаш ли забележано повисоките цени на дневните потреби коишто секој ден ги купуваш? Да, живееш во период на зголемена инфлација, која од ден во ден ја намалува вредноста на парите коишто ги имаш на сметка. Но, она што треба повеќе да те загрижува е тоа што не знаеш колку долго ќе трае инфлацијата и дали високите стапки на инфлација ќе продолжат и во следниот период.

Доколку истражуваш како можеш да го минимизираш ефектот на инфлацијата врз твојот месечен буџет или твоите заштеди, еве неколку совети за тебе:

1. Обезбеди си гарантирани ниски каматни стапки на станбениот кредит

Размислуваш за инвестирање во нов дом? Сега е вистинското време за тоа! Во банките кај нас преовладуваат ниски фиксни каматни стапки за првите неколку години. Овој совет може да биде прифатлив и ако имаш променлива каматна стапка на твојот веќе постоечки кредит. Рефинансирањето ќе ти овозможи помала каматна стапка во следните 5 до 10 години, што е доволно време за стабилизација на светските економски текови.

2. Намали го износот кој го трошиш преку кредитните картички

Кредитните картички по дефиниција носат поголеми каматни стапки на отплаќање. Нивното минимизирање ќе ти заштеди големи трошоци за „менаџирање“ на кредитниот долг. Наместо тоа, можеби подобра опција е краткорочен кредит без камата, како нашиот кредит до 30.000 денари, опција со која без големи трошоци ќе ги затвориш кредитните трошоци, а износот ќе го отплаќаш без камата.

Стамбен кредит

3. Намали го луксузот

Направи анализа на сите твои трошоци на месечно ниво и види кои од нив може со лесно „пречкртување“ да ги елиминираш како непотребни. Честите патувања може да бидат одложени за некои подобри и попогодни времиња, неделните шопинзи да бидат намалени на прифатливо ниво, а ресторанските „седенки“ да се претворат со посета на пријателите на гости.

4. Направи простор за нови заштеди

Преговарај за нови телефонски пакети, претплати за стриминг платформи и други мултимедијални содржини, за нови ТВ-пакети или сѐ друго за коешто ќе можеш да ги намалиш „фиксните“ месечни давачки. Лесно е, сѐ што треба да направиш е да ги контактираш провајдерите и да побараш нов, поповолен пакет за тебе.

5. Пренасочи ги твоите заштеди и обезбеди поголеми приливи

Имаш заштеди кои ти се орочени во банка? Разгледај ги сите опции и погледни каде имаш поповолни услови за твоите заштеди од оние кои ги имаш сега. Поголемата депозитна каматна стапка ќе значи повеќе буџет за тебе на месечно или годишно ниво.

Заштедување на пари

6. Инвестирај во други пласмани

Дали знаеш дека златото се смета како најголемиот противник на инфлацијата? Многу луѓе ширум светот гледаат во златото како на алтернативна валута, бидејќи ретко се случува тоа да губи на својата вредност. Покрај златото, многу луѓе инвестираат и во недвижности како одговор на инфлацијата, бидејќи освен вредноста на недвижноста, дополнителни приливи можеш да остваруваш и од изнајмување на истата. И секако, тука се обврзниците и хартиите од вредност, кои на долг рок секогаш имаат примамливи каматни стапки.

Инвестиции и планирање на буџет

7. Разговарај со експерти

На твојата стратегија за инвестиции во следниот период секогаш добро ќе ти дојде совет од експерт кој ги следи трендовите на пазарот, можностите кои се отвораат како и помош при диверзификација на портфолиото. Така, на долг рок секогаш ќе бидеш заштитен од негативните ефекти на инфлацијата.

А, кога потребата за пари навреме повторно се јави, тука се нашите кредити до 120.000 денари , кои можеш да ги добиеш на твојата сметка само неколку минути по аплицирањето за кредит.

Назад

Mëso më shumë

Me shfrytëzimin e ueb-faqes për kredi të shpejta credissimo.mk, ju i pranoni kushtet për 'cookies' nga ana jonë. Me ato ne e përmirësojmë cilësinë e shërbimeve tona.