Неколку причини зошто електричниот тротинет е најдобра инвестиција

Неколку причини зошто електричниот тротинет е најдобра инвестиција

Електронската револуција е речиси на прагот, а веќе можеме да ја забележиме низ нашите улици во форма на електрични тротинети. Ова модерно средство е многу едноставно и компактно и е одлична алтернатива за сите други превозни средства - заштедува пари, ја одржува околината почиста и ти овозможува да останеш надвор од градскиот метеж. Сѐ уште се двоумиш дали вреди да си купиш електричен тротинет? Можеби овие предности ќе ти помогнат да се одлучиш.

Заштеди илјадници денари!

Овие возила се многу поевтини од автомобилите бидејќи не работат на гориво. Тие работат на батерии кои едноставно треба да се полнат на неколку часа во зависност од тоа колку се користат. Освен тоа, тротинетот ги крати сите давачки за одржување, регистрација, осигурување и останати, здодевни трошоци кои се собираат. Електричниот тротинет може да те спаси од илјадници и илјадници денари годишно.

Можеш да му ги полниш батериите секаде, па дури и на работа!

Сигурно се прашуваш дали наоѓањето време и место за полнење на батериите на електричниот тротинет ќе ти претставува голем товар. За среќа, тоа не е ништо покомплицирано од полнењето на твојот телефон или лаптоп. Сè што ти треба е – штекер! Дури можеш да го оставиш приклучен на струја додека си на работа и да се вратиш со наполнет тротинет дома. Секако, доколку на твојот шеф не му пречи тоа.

Овозможува физичка активност

Иако изгледаат како да не налагаат никаков физички напор, всушност електричните тротинети бараат поинтензивна физичка активност при нивното управување отколку што мислиш. Додека возиш ги користиш рацете за да го стабилизираш тротинетот, јадрото и грбот ги држиш цврсти додека стоиш, а нозете ги примаат вибрациите кои се создаваат од патот.

Други предности кои ги нуди тротинетот се поголемата безбедност при возењето бидејќи не си дел од автомобилските метежи, а истовремено немаш контакт со бактериите и заразните вируси присутни во јавниот превоз. Исто како и велосипедите, електричните тротинети се еко-свесен избор за превоз бидејќи не придонесуваат кон загадување на животната околина.

Доколку сепак се одлучи да купиш електричен тротинет тука е Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така можеш да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. Ако сакаш поквалитетен и побрз електричен тротинет наменет за подолги стази тука е Credissimo плус до 80.000 денари кој ќе ти овозможи нов, кул и поусовршен начин на транспорт.



Врати се назад

Прочитај повеќе