Љубовта е портокалова!

Љубовта е портокалова!

Наближува 14-ти Февруари, Денот на вљубените. Веќе сме опкружени со романтична атмосфера од цвеќиња, идеи за подароци, викенд понуди за патувања, чоколади во форма на срце и плишени мечиња.

Љубовта лебди во воздухот и оние кои вистински љубат, сега имаат одлична шанса да го докажат тоа.

Токму по овој повод, Credissimo оваа година ja бои љубовта во портокалово и ти нуди неверојатно добра понуда со која ќе ти го олесни купувањето на совршениот подарок.

Започнува новата наградна игра во Credissimo – Љубовта е портокалова!

Како да учествуваш и какви награди можеш да добиеш?

Аплицирај за кредит до 120 000 ден. во периодот од 07.02.2022 г. до 03.04.2022 г. и стани потенцијален добитник на една од осумте парични награди по 10 000 ден. кои ќе се доделуваат седмично, или два ваучери за романтично патување во вредност од 30 000 ден. кои што ќе се доделуваат во месечните извлекувања.

А само сега, може да добиеш дополнителен попуст ако испратиш портокалово срце на нашиот чат. Искористи го попустот и аплицирај брзо, лесно и целосно онлајн.

Прослави ја љубовта од сите аспекти - не само љубовта кон партнерот, туку и кон твоите најмили, семејството, пријателите или колегите. Токму поради тоа уживај во прекрасните празници кои следуваат, без разлика дали станува збор за Денот на Вљубените или Денот на жената. Не заборавај да ги изненадиш саканите со подарок од срце, а Credissimo можеби ќе те изненади со вредна награда!

 
Добитници:
 

1. Прво извлекување 15.02.2022 - Ристе Нестороски, r**********@gmail.com е добитник на 10 000 ден.

2. Второ извлекување 22.02.2022 - Виолета Ќехаева, v**************@gmail.com е добитник на 10 000 ден.

3. Трето извлекување 01.03.2022 - Карина Трајковска, kar**********@yahoo.com е добитник на 10 000 ден.

4. Четврто извлекување 08.03.2022 - Тодорче Спировски, s*********@hotmail.com е добитник на 10 000 ден.

5. Петто извлекување 09.03.2022 - Менка Спасовска- Пановска, p***********@gmail.com е добитник на ваучер за патување

6. Шестто извлекување 15.03.2022 - Дени Станкоски, d**********@gmail.com е добитник на 10 000 ден.

7. Седмо извлекување 22.03.2022  - Ѓорѓи Георгиевски, g***********@hormial.com е добитник на 10 000 ден.

8. Осмо извлекување 29.03.2022 - Александра Нунеска, а********@gmail.com е добитник на 10 000 ден.

9. Девето извлекување 05.04.2022 - Дарко Шикалоски, s*************@gmail.com е добитник на 10 000 ден.

10. Десетто извлекување 06.04.2022 - Антонио Димковски, d**********@yahoo.com e добитник на ваучер за патување

 

 

ПРАВИЛА НА НАГРАДНА ИГРА

 

Согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Сл. Весник на РСМ“, број 24/11, 51/11, 148/11, 74/12, 171/12, 27/14, 139/14, 61/15 и 154/15 и 23/16), а во врска со член 125 и 126 од Законот, се утврдуваат следните правила на наградната игра:

 

ОРГАНИЗАТОР

Член 1

Организатор на Наградната игра „Љубовта е портокалова“ (во понатамошниот текст именувана само како „Наградна игра“) е Финансиско друштво КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст „Организатор“) со регистрирано седиште на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Р. Северна Македонија, со електронска пошта: contacts@credissimo.mk

 

ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ

Член 2

Наградната игра има за цел рекламирање на кредитните производи на ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје:

- кредит до 120000 денари на рати „Credissimo Плус“,

- кредит до 20000 денари „Credissimo До плата“.

 

 

ОФИЦИЈАЛНО ИМЕ, ОПИС И ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 3

Официјалното име на Наградната игра е „Љубовта е портокалова“.

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р.Северна Македонија, лица со и над 18 - годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит на било кој од двата кредитни производи и кои ги исполнуваат условите за одобрување и истиот да им биде одобрен и исплатен на наведената жиро сметка во кредитната апликација.

Наградната игра ќе започне од 07.02.2022 година од 00:01 часот и ќе трае до 03.04.2022 година до 23:59 часот. Кредитните апликации кои се поднесени во неработните денови и празници исто така учествуваат. Тие се разгледуваат и доколку се одобрат се исплаќаат првиот работен ден.

 

ТЕРИТОРИЈА

Член 4

Наградната игра се организира на територијата на Р. Северна Македонија и важи за сите полнолетни физички лица – државјани на Р. Северна Македонија, лица со и над 18 годишна возраст кои поднеле Барање за одобрување на кредит на било кој од двата кредитни производи, односно кои ги исполнуваат условите за одобрување на истиот и истиот им бил одобрен и исплатен.

 

ПОДАТОЦИ ЗА НАГРАДИ, ВРЕДНОСТ НА СЕКОЈА НАГРАДА ОД ФОНДОТ НА НАГРАДИ И ВКУПНА ВРЕДНОСТ НА ФОНДОТ НА НАГРАДИ ( ВО ДЕНАРИ)

 

Член 5

Во Наградната игра ќе бидат доделени следните награди:

1.Парична награда 8 х 10.000 денари = 80.000 денари

2.Ваучер за патување 2 х 30.000 денари = 60.000 денари

ВКУПНО 140 000 денари

 

ПРАВО НА УЧЕСТВО ВО НАГРАДНАТА ИГРА

Член 6

Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица – државјани на Р.Северна Македонија со и над 18 годишна возраст како и да ги исполнуваат условите за одобрување на кредит на било кој од двата кредитни производи, односно кои ќе поднесат Барање за одобрување на кредит и истиот им биде одобрен и исплатен на жиро сметката наведена во апликацијата за кредит и кои ја напишале/кажале својата новогодишна желба при поднесување на Барањето за кредит и дале согласност нивните лични податоци да бидат објавени јавно заедно со новогодишната желба. Како потврда за учество во Наградната игра ќе претставува мејлот кои го добиваат клиентите при одобрување на барањето за кредит.

Не може да биде Учесник во Наградната игра, лице кое е партнер или акционер или е во работен однос или врз основа на друг договор работи за Организаторот или работи со реализацијата, обезбедувањето и администрирањето на Наградната игра, како и членови на нивните потесни семејства.

Учесниците кои не ги прифаќаат овие Правила на наградната игра имаат право да го откажат своето учество во Наградната игра со праќање на Изјава за откажување на учество во Наградна игра на е-маил адресата contacts@credissimo.mk, во спротивно сите учесници ќе се смета дека ги прифаќаат Правилата на наградна игра и ќе учествуваат во неа.

Наградата ќе биде доделена само ако учесниците се квалификувани, имаат право на учество и ако целосно ги почитуваат Правилата на наградната игра.

 

ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ

Член 7

Извлекувањето на наградите ќе се изврши електронски по случаен избор од системската база на податоци во која учествуваат клиентите на кои им е одобрен и исплатен кредит, на следниов начин:

Прво извлекување 15.02.2022г. во 10 часот за период 07.02.2022г. – 13.02.2022г. – 10.000ден.

Второ извлекување 22.02.2022г. во 10 часот за период 14.02.2022г. – 20.02.2022г. – 10.000ден.

Трето извлекување 01.03.2022г. во 10 часот за период 21.02.2022г. – 27.02.2022г. – 10.000ден.

Четврто извлекување 08.03.2022г. во 10 часот за период 28.02.2022г. – 06.03.2022г. – 10.000ден.

Петто извлекување 09.03.2022г. во 10 часот за период 07.02.2022г. – 06.03.2022г. – 30.000 ден. ваучер за патување

Седмо извлекување 22.03.2022г. во 10 часот за период 14.03.2022г. – 20.03.2022г. – 10.000 ден.

Осмо извлекување 29.03.2022г. во 10 часот за период 21.03.2022г. – 27.03.2022г. – 10.000 ден.

Девето извлекување 05.04.2022г. во 10 часот за период 28.03.2022г. – 03.04.2022г. – 10.000 ден.

Десето извлекување 06.04.2022г. во 10 часот за период 07.03.2022г. – 03.04.2022г. – 30.000 ден. ваучер за патување

Извлекувањето на наградите ќе биде ќе биде електронски, по принципот на случаен избор, а ќе учествуваат сите кредитни апликации на начин и услови наведени погоре.

При извлекување на добитниците, во истото време ќе се извлекуваат резервни добитници, во случај ако некои од добитниците се откажат од добиената награда, односно да не може Организаторот да стапи во контакт со нив.

 

За текот на извлекувањето ќе се води записник, кој ќе биде потпишан од членовите на Комисијата која ќе биде составена од:

-  Двајца претставници од ФД КРЕДИСИМО ДООЕЛ Скопје

-  Еден Правник

Извлекувањата ќе бидат во седиштето на Организаторот на Бул. „Илинден“ бр.47/1-2, 1000 Скопје-Центар, Република Северна Македонија.

 

 

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОДИГНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА

Член 8

Правилата за Наградната игра ќе бидат објавени, пред почеток на наградната игра, по добивање на согласност од Министерството за финансии на:

- веб страните на Организаторот, https://www.credissimo.mk/,

- Facebookстраната на организаторотhttps://www.facebook.com/credissimo.mk

- мобилната апликација за Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.appstrand.credissimo и

- мобилната апликација за iOS: https://itunes.apple.com/mk/app/credissimo-mk-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5/id1239299443?mt=8

 

Добитниците на наградите ќе бидат објавени во рок од 3 дена од денот на секое од извлекувањата на наградите на:

- веб страните на Организаторот, https://www.credissimo.mk/,

- Facebookстраната на организаторотhttps://www.facebook.com/credissimo.mk

- мобилната апликација за Android: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.appstrand.credissimo и

- мобилната апликација за iOS: https://itunes.apple.com/mk/app/credissimo-mk-%D0%BF%D0%B0%D1%80%D0%B8-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B5/id1239299443?mt=8

Организаторот ќе ги извести добитниците за добиената награда по телефон на бројот оставен како контакт при одобрување на кредитот и по електронскапошта на онаа електронска адресакоја е наведена во Барањето за одобрување на кредит.

Доколку Добитниците немаат наведено дополнителна електронска адреса, за адреса за контакт ќе се смета адресата која ја навеле во Барањето за одобрување кредит.

Организаторот не одговара за неточно пополнети податоци во Барањето за кредит или неуспешен електронски пренос на податоците, прекин во комуникациската врска без разлика од причината од која потекнува, недостапност или немање на интернет, други причини како резултат на виша сила и сл.

Во случај да не може да се оствари контакт преку електронска адреса, добитниците ќе бидат дополнително известени телефонски.

Добитниците на паричните награди наградата ќе ја добијат на трансакциската сметка преку која ги добиле паричните средства на име кредит.

Добитниците на ваучер за патување, истиот ќе им биде даден на датум, час и место договорени со Организаторот и добитникот.

Ваучерот важи за периодот од една година и истиот е издаден од Фибула  ЕР Травел ДООЕЛ Скопје.

Добитниците наградите ќе ги добијат во рок од 60 дена од денот на објавување на наградите на горенаведените веб страници, доколку Организаторот не успее да стапи во контакт со нив го губат тоа право, во таков случај Организаторот има право, истата да не ја додели или да ја додели на резервниот добитник.

 

Со конечната реализација на наградата престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитникот.

 

Со самото учество во наградната игра, Учесниците ги прифаќаат овие Правила за наградна игра.

Доделувањето на наградата може да биде јавен настан. Организаторот има право со нивна согласност да ги слика/снима добитниците на наградите со што нивните лични податоци име и презиме можат да станат јавни и да бидат користени во аудио, фотографија или видео материјал, без право на дополнителен надомест.

 

ПРАВО НА ПРИГОВОР

Член 9

Незадоволниот учесник во Наградната игра има право во рок од 5 (пет) дена од денот на објавување на списокот на добитници да поднесе приговор во писмена форма до ОРГАНИЗАТОРОТ на Наградната игра кој е должен во рок од 5 (пет) дена, од денот на приемот на приговорот писмено да одговори на добиениот приговор.

 

ОГРАНИЧУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО

Член 10

Ако Организаторот утврди злонамерни дејствија од страна на Учесник во Наградната игра, со цел манипулација на истата, Организаторот има право да го дисквалификува и отстрани тој учесник. Организаторот има право да дисквалификува без предупредување секој Учесник, за кој се посомнева или утврди манипулативни дејствија, со цел освојување на Наградите.

Не може да биде Учесник во Наградната игра, лице кое е партнер или акционер или е во работен однос или врз основа на друг договор работи за Организаторот или работи со реализацијата, обезбедувањето и администрирањето на Наградната игра, како и членови на нивните потесни семејства.

Организаторот има за право да исклучи од учество во Наградната игра и да не дозволи добивање Награда на Учесник, за кој има податоци дека извршил злоупотреба со технички, програмски или други средства и уреди со цел неовластен пристап до системи на Организаторот и/или учество во Наградната игра и добивање на Наградата, или други дејства, спротивни на правилата на Наградната игра или на влезените во употреба нормативни акти.

 

ПРЕНОС И ЗАМЕНА НА НАГРАДАТА

Член 11

Наградите не може да се пренесат на друго лице.

 

КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Член 12

Организаторот во целост ќе ги почитува одредбите од Законот за заштита на личните податоци и во пракса ќе цели кон одржување високо ниво на добра практика при обработка на личните податоци.

При механизмот на случајно компјутерско извлекување на добитници, ќе се користат само ID броевите од Договорот за кредит, а нема да бидат користени нивните останати податоци.

Со самото Аплицирање, односно со одобрување и исплата на кредитот, Кредитокорисниците учествуваат во наградната игра. Доколку некој не сака неговите податоци да се обработуваат за таа намена, можат да го откажат своето учество во Наградната игра со Изјава за откажување пратена на е-маил адресата contacts@credissimo.mk,

За лицата кои ќе учествуваат во Наградната игра, односно Учесниците кои ќе ги добијат наградите Организаторот има право нивните лични податоци да ги користи во своите идни маркетинг активности.

 

ОТКАЖУВАЊЕ НА НАГРАДНАТА ИГРА

Член 13

Наградната игра може да биде прекината во случај на виша сила, согласно чл.8 од Законот за игри на среќа и забавни игри, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот да ја изведе наградната игра поради причини независни од неговата волја. Во овој случај, Организаторот, по известувањето и добиената согласност од Министерството за финансии, треба да ги информира учесниците за прекинувањето на наградната игра, за причините за прекинувањето и за датумот на прекинување преку соопштение во медиумите.

 

ОТСТРАНУВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ ЗА НАГРАДНАТА ИГРА КОИ ШТО БИ МОЖЕЛЕ ДА НАСТАНАТ

Член 14

Евентуално настанатите спорови меѓу Организаторот и учесниците во Наградната игра ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.

ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Член 15

Со исполнување на Правилата за учество во Наградната игра корисниците ги прифаќаат одредбите од овие правила. Овие правила ќе се применуваат по добивање на согласност од Министерот за финансии на Република Северна Македонија и по нивното јавно објавување пред започнување на наградната игра, а ќе важат до завршување на Наградната игра, односно до завршувањето на рокот за подигнување на наградите.

Со конечната реализација на наградите престануваат сите обврски на Организаторот на Наградната игра спрема добитниците.



Врати се назад

Прочитај повеќе