Сонце, море, плажа! Тоа се најчестите синоними за летото, омилениот период од годината за многумина. Утрата започнуваат рано, деновите траат долго, температурите се високи и сите со нетрпение ги кроиме нашите планови за патувања и нови доживувања.
А, баш заради тоа што летото нуди многу можности за олабавување и уживање, честопати го занемаруваме фактот колку, всушност, чинат тие уживања, па непромислено преземаме чекори кои се удар врз паричникот.
Во продолжение ти ги претставуваме петте најчести финансиски грешки кои луѓето ги прават во летниот период и ти помагаме како да не западнеш и ти во истата замка!
Трошење на премногу патувања во краток временски период
Голем број на примамливи идеи и покани за патувања пристигнуваат на твоја адреса токму за летниот период. Викенд-патување во некој од европските градови каде што живее твојата пријателка што долго време планираш да ја посетиш, романтичен одмор на море со партнерот, неколку дена на планина со родителите. Премногу понуди на кои не можеш да им одолееш и, навистина, сакаш малку „да се релаксираш“, но, сепак, иако можеби ти се чинат како незначаен трошок, кога ќе се пресмета вкупниот износ на патувањата, тие навистина може да претставуваат голем удар врз твојот буџет. Дај им приоритети! Одлучи се што е она што навистина го посакуваш во моментот.
Непредвидување на скриените трошоци
Честопати се фокусираме само на „големите ставки“. Кога станува збор за патувањата, детално планираш колку ќе чини сместувањето, колку ќе чини авионската карта, но дали детално ги планираш и останатите трошоци како трансфер од аеродром, билети за јавен транспорт, паркинг, патарини, такси, лежалка и чадор и слично? Дури и да не станува збор за патување, летото носи моменти кои знаат да нѐ изненадат финансиски: подароци за свадби и родендени на важни личности од твојот живот, вечерни излегувања со пријатели, трошоци за гориво бидејќи постојано си во движење. Планирај! Започни со запишување буквално на сите трошоци кои ги правиш во текот на денот и само така ќе можеш навистина да забележиш колку многу трошиш на непланирани скриени трошоци. На овој начин, овие издатоци ќе можеш да ги предвидиш и соодветно да ги намалиш во иднина.
Непланирано трошење во текот на денот
Започни го секој ден со план за тоа колку пари максимум си подготвен да потрошиш денес и држи се до тоа. Дали знаеш колку голема ставка во твојот буџет може да биде секојдневното хранење надвор од дома? Готвењето дома и приготвувањето домашна храна, наместо одење во ресторан е промена којашто мораш да ја направиш веднаш, доколку сакаш да забележиш позитивна промена на твојата банкарска сметка. Ако ти е досадно, немој да заминуваш во шопинг центрите, бидејќи мошне веројатно ќе те примами нешто што не го планираш како дневен трошок, и како резултат на тоа ќе потрошиш повеќе пари од она што го имаш испланирано утрово.
Прифаќање на last-minute понуди
План си е план! И држи се до него. Доколку годинава во мај имаше испланирано дека летово ќе реновираш дома, а на одмор ќе одиш во септември, кога понудите се поевтини, тогаш држи се до планот, иако пријателите те канат на продолжен викенд на море каде што „секако нема да потрошиш многу пари“.
Враќање дома „шворц“
Летото е за хедонизам и точно дека „еднаш се живее“, но и по враќањето од летниот одмор, треба да продолжи нормалниот тек на животот. Парите со кои располагаш, не треба да ти стигнат само за до крајот на одморот, туку тие треба да ги покријат и твоите основни животни потреби и кога ќе се вратиш дома. По пристигнувањето дома од одмор, треба повторно да се наполни фрижидерот, да се платат месечните сметки за одржување на домот и да продолжиш со редовното живеење. Никогаш не ги троши сите пари коишто ги имаш!
Се надеваме дека овие совети ќе ти бидат од полза, ако не за ова лето, тогаш за следното. Во меѓувреме, секогаш кога итно ти се потребни пари, тука е нашата понуда за бескаматен кредит со рок на отплата до 3 месеци со 0% камата и трошоци. Колку земаш , толку враќаш!