Како што многумина сакаат да уживаат на прекрасни песочни плажи, со коктели покрај море и да се сончаат по цел ден, има и друга група луѓе што уживаат во целодневна и целовечерна забава каква што може да се искуси на еден од познатите светски фестивали.
Некои луѓе ова го чекаат цела година
Летната сезона на фестивали е отворена, вие само треба да одлучите на колку од нив ќе успеете да отидете до крајот на летото.
Како што температурите растат, љубителите на музиката и журките се подготвуваат за целодневна забава на сонце. Правилата за „нормално“ не важат. Ослободувањето од сите обврски што значат „да се биде возрасен“ е причината што од година во година стотици илјади луѓе се одлучуваат да посетат некој фестивал во текот на летото.
Но слободата и љубовта кон добрата музика не се единствените привлечни нешта. Со нив доаѓа и засиленото чувство за заедница. Секој е дојден со некоја причина, која и да е, сите имаат нешто заедничко.
Creamfields, Daresbury, Велика Британија
Четири дена, на полињата во Cheshire се одвива овој фестивал. Насекаде одекнуваат електронски ритмови од техно до транс. Овој фестивал е мека за љубителите на електронската денс-музика во сите форми. Некои од најголемите артисти на планетава вклучувајќи ги и Мартин Гарикс, Армин ван Бурен и Карл Кокс, се претставуваат на овој фестивал со совршено изведени диџеј-сетови пред огромната публика.
Фестивалот е сместен во парк со прекрасно езеро во средина. Сè е многу зелено и пријатно за релаксирање, во контраст со високото ниво на енергија од музиката.
Има неколку големи подиуми на отворено и неколу шатори. Сè е направено со многу љубов и тоа се чувствува. Атмосферата е многу релаксирачка. Листа на диџеи е разновидна. Некои се во музичката индустрија долги години, а некои се сосема нови артисти, но миксот е супер!
Егзит, Нови Сад, Србија
Егзит, овој настан е еден од најдобрите музички фестивали во Европа.
Се одржува на легендарната тврдина во Нови Сад. Генерално вклучува листа на изведувачи од многу различни жанрови. Во текот на три дена, може да очекувате да слушнете хип-хоп, EDM, рок, реге, драменбејс и многу други правци.
Преполно е со добри вибрации и добра музика до изгрејсонце.
Tomorrowland, Boom, Белгија
За љубителите на електронската музика Tomorrowland е нешто што не се пропушта. Секоја година го посетуваат 185.000 луѓе. Картите се распродадени буквално во неколку минути.
Целото место изгледа како тематски парк. Tomorrowland поточно е местото каде што се случува целата акција, додека Dreamville е за кампирање и релаксирање.
Квалитетот на продукција е неспоредлив.
Атмосферата на Tomorrowland е речиси како да сте на Олимписките игри. Карта се добива многу тешко, но вреди за секој цент!
Sea Dance Festival, Будва, Црна Гора
Си денс фестивал се одржува на преубавата плажа Јаз, опколена со планини. Ова е еден од фестивалите со најубав пејзаж.
За време на фестивалот температурите се движат околу 30 степени. Тоа значи дека редовен скок во Јадранот е неопходен и воопшто не звучи лошо.
Sziget Festival, Будимпешта, Унгарија
Sziget Festival е еден од најголемите музички и културни фестивали во Европа со повеќе од 1.000 изведби секоја година. Се одржува северно од Будимпешта на зелено островче на реката Дунав, која ги дели Будим и Пешта. Познат како фестивал на слободата, со мешавина од жанрови, фестивалот го окупира островот Маргарет цела недела, 24/7. Ова е еден од најочекуваните фестивали на континентот.
Сите карти, кои имаат пристапна цена, вклучуваат и кампување. Присутните може да си постават свој шатор, буквално каде било. На овој фестивал речиси ништо не е забрането.
Главната сцена носи артисти како Маклмор, Рајан Луис, Алт-Џеј, Пинк и Мејџр Лезр, исто така има и огромна сцена за електронска музика и хип-хоп и сè помеѓу. И штандовите за храна дури имаат своја музика и свои подиуми.
За некого ова е одмор и желба за која мечтае да му се исполни. Љубителите на добра забава и дружба мора да присуствуваат барем на еден од овие светски познати фестивали. Доколку ѝ припаѓате на таа група и сте човек за забава, сакате да се журкате со луѓе од сите земји во светот на еден од овие фестивали, а паричникот ви е party braker, Credissimo е секогаш тука за добра забава! Земете „Credissimo плус“ до 80.000 и забавувајте се како никогаш досега. Аплицирајте веднаш! Нека почне забавата!