7 необични традиции за Божиќ во светот

7 необични традиции за Божиќ во светот

Доаѓа периодот од годината во кој сите со нетрпение ги очекуваме Божиќните празници,  моментите исполнети со пријатни емоции и традициите коишто се неодминлив дел од овој голем христијански празник.

Во Македонија, како и низ десетици други земји во светот, Божиќ се празнува по стариот Јулијански календар.

Неколку денови пред Божиќ, ти ги откриваме нејнеобичните традиции во земјите каде што Христовото раѓање се празнува со малку понеобични традиции од нашите.

Какви се необичните традиции за Божиќ во светот?

Ukraina

УКРАИНА

Во Украина 49% од населението се Православни Христијани и исто како и во Македонија, Божиќ се празнува на 7 Јануари. На овој ден, луѓето преку ден се облекуваат во традиционални носии и се шетаат низ центарот на градот или селото пеејќи традиционални Божиќни песни.

„Кутја“ е најпопуалрното јадење за Божиќ направено од пченица, мед и семји, а фрлањето неколку лажици од популарното јадење на кровот е традиција по која се познава годината. На пример, доколку „парчето“ се залепи за кровот тоа е најава дека годината ќе биде плодна.

Avstralija

АВСТРАЛИЈА

Многумина можеби би им позавиделе на жителите на Австралија бидејќи за разлика од временските услови кај нас, на тој дел од светот сега е лето.

Божиќ во земјата на кенгурите и коалите се празнува на плажите на 25 декември, бидејќи кај нив прославувањето на празниците е по Грегоријанскиот календар. Семејствата се собираат и наместо мисирка се подготвуваат рибни специјалитети. Многумина се облечени како Дедо Мраз, но на плажа, капејќи се заедно со црвениот костум.

Им завидуваме на австралијанците за летниот Божиќ и празнувањето на плажа, но знаеш ли дека има многу плажи околу тебе кои што се само на неколку часа? Разгледај ги и направи си план да ги посетиш летото!

Egipet

ЕГИПЕТ

Можеби зачудувачки, но и во Египет, дел од населението наречени Копти, го слави Божиќ на 7 јануари. Главното случување е во Коптичката Православна црква во Александрија, кое е кулминација на претходниот 40 дневен пост. На Божиќ се јаде „Фата“, традиционален рецепт подготвен од ориз, леб и парчиња месо во сос со домати, оцет и лук. По него, следува разделување на десертот „Клак“ на најблиските членови од поширокото семејство и најблиските пријатели.

Finska

ФИНСКА

Според Финците, Дедо Мраз живее на северниот дел на Финска во Корватунтури (попознат предел како Лапонија). Луѓето насекаде од светот праќаат писма на оваа дестинација при што финската пошта има голем проблем во овој период од годината бидејќи добиваат писма за непостоечка дестинација.

Покрај богатата трпеза на Финците за Божиќ, тие исто така внимаваат и на животните, закачувајќи храна на дрвата пред нивните огради како би можеле истите да се нахранат. Но, пред да седнат на богатата Божиќна трпеза, голем број од Финците посетуваат сауна, бидејќи се верува дека треба да седнат чисти на масата.

Bugarja

БУГАРИЈА

За разлика од кај нас, во Бугарија православијето го има прифатено Грегоријанскиот календар и Божиќ се слави на 25 Декември. Традициите и обичаите се многу слични како кај нас. Најчесто на трпезата се става непарен број на столчиња, а на Бадниковата вечер се послужува посна храна.

Дедо Мраз во соседна Бугарија се нарекува Дедо Коледе, а коледарите како традиција се присутни и во нашиот источен сосед, кои откако ќе ја завршат песната добиваат коледарски ѓевреци и баници како подарок.

Norveshka

НОРВЕШКА

Во оваа скандинавска земја, прославувањето на Божиќ не се разликува премногу од типичното славење со размена на подароци и богати трпези. Но, Норвежаните имаат неколку најуникатни традиции за овој празник.

Една од нив е тоа дека за време на Бадниковата вечер ги кријат метлите и греблата за снег, за вештерките да не можат да ги украдат и да летаат со нив на празничната ноќ.

Japonija

ЈАПОНИЈА

Иако во Јапонија само 1% од населението се Христијани, сепак Јапонците го сакаат овој празник. Но за разлика од многу други западноевропски земји каде што мисирката е главно јадење за Божиќ, Јапонците најчесто за денот на Христовото раѓање го посетуваат познатиот ланец за брза храна – KFC.

Традицијата датира од пред речиси 50 години, кога KFC направиле многу успешна маркетинг кампања со закажување на нивните пилешки оброци за време на Божиќ.



Врати се назад

Прочитај повеќе