Плажи како од рајот, на само неколку часа од тебе!

Плажи како од рајот, на само неколку часа од тебе!

Летото веќе е во полн ек, а со тоа и главното прашање, каде на одмор оваа година? Кога го бараш одговорот на ова прашање, сигурно помислуваш на некоја прекрасна плажа со чиста, тиркизна вода и совршено опкружување. Дали знаеш дека токму на вакви рајски места можеш да уживаш за само неколку часа пат и дека не ти е потребна огромна сума на пари?

Најблиските и најубавите плажи

Ти откриваме неколку најдобри плажи во близина кои можеби ќе ја решат твојата дилема.

Плажа Портокали Грција

Портокали плажа, плажа во Грција

Оние што ја посетиле оваа плажа велат „Ако не ја посетиш плажата Портокали, исто како да не си бил на Ситонија.

Станува збор за мала песочна плажа, која располага со многу природна убавина. Oпкружена со густа борова шума и карпеста околина. Бојата на морето e тиркизно сина, водата е многу бистра, а песокот на брегот е ситен и бел. Токму поради овие карактеристики се препорачува и за нуркање.

Плажата Портокали е лоцирана на 7 километри од гратчето Сарти. Влезот во неа е слободен и е поделена во два дела. Едниот дел е организиран, располага со чадори за сонце и со лежалки. А другиот дел е исполнет со големи карпести површини на кои посетителите поставуваат сопствени шатори, чадори и сè останато.

Бора Бора, Ксамил – Албанија

Бора Бора, Ксамил плажа во Албанија

Неверојатно ситен, бел песок, тиркизно-сина топла и чиста вода со совршен поглед. Вака со неколку зборови може да се опише Ксамил, или популарно познат како тиркизниот бисер на Албанија. Плажата располага со голем број лежалки и чадори, убави ресторанчиња каде што можеш да уживаш во разни морски специјалитети по одлични цени.

Додека престојуваш на оваа плажа уживајќи во твоето кафе или студен коктел, имаш можност да се релаксираш со поглед кон островот Крф и трите острови на Ксамил.

Островите се навистина нешто уникатно. Плажата е оддалечена околу 100 метри од најблискиот остров, па до него можеш да стигнеш со малку пливање. Островот не располага со плажа, но доживувањето сам да се исплива до островот е непроценливо.

Бечичи, Будва – Црна Гора

Бечичи, плажа во Црна Гора

Она што е интересно и треба да го знаеш е дека плажата Бечичи ја освои наградата „Гран при“ во 1935 година во Париз, како најубава плажа во Европа.

Станува збор за песочна плажа која е препознатлива по шарениот песок кој потекнува од карпите. Плажата е огромна, втора по големина на ривиерата на Будва и е поделена на неколку хотелски, но и јавни плажи. Постојат повеќе причини поради кои ја одбираме оваа плажа. Таа е една од плажите со најчиста вода, најголемата јавна плажа каде што не си принуден да изнајмуваш лежалка, а поради нејзината ширина, никогаш нема да почувствуваш голем метеж.

Над плажата Бечичи има прекрасно шеталиште каде што се простираат најлуксузните хотели и вили.

 

Албена Бугарија

Албена, плажа во Бугарија

Албена е одморалиште кое што е идеално за семеен одмор. Лоцирана на 35 км од градот Варна. Се наоѓа на северната страна на брегот на Црното Море и на само 12 километри од исто така познатото одморалиште на Бугарија, градот Балчик.

Албена на светската туристичка мапа е отсликана како ексклузивна убавина, рај за хедонистите и за љубителите на релаксирачки одмор. А знаеш ли зошто? Ова место нуди прекрасна пространа песочна плажа со ситен песок. Водата во морето е мирна, топла и кристално чиста.

Ова одморалиште нуди многу летни спортски активности како скијање на вода, возење со банана, возење со брод, одбојка на плажа и уште многу други.

Трпејца - Охрид

Трпејца, плажа во Охрид

Доколку одлучиш да летуваш во нашата земја, тогаш Трпејца е она што ти е потребно ова лето. Оваа плажа е позната како македонскиот Сен Тропе.

Плажата е покриена со ситни бели камчиња, а езерото во овој дел е чисто и сосема проѕирно, па лесно можеш да ги видиш белите камчиња во водата. На само неколку метри од самата плажа можеш да најдеш сместување и на овој начин буквално по цел ден да уживаш во сите убавини што ги нуди Охридското Езеро.

Ова се само дел од одличните летни дестинации кои едноставно можеш да ги посетиш. Направи си кратко истражување, предвиди си ги трошоците и донеси одлука каде ќе летуваш оваа година.

Доколку имаш потреба од дополнителни финансиски средства, Credissimo ќе биде со тебе и ова лето и ќе ти помогне да го реализираш одморот од твоите соништата. Аплицирај за брз кредит до 80 000 ден. само за неколку минути, максимално безбедно и целосно онлајн, без посета на канцаларии.



Врати се назад

Прочитај повеќе