Прослави го Божиќ на свој начин

Прослави го Божиќ на свој начин

Доаѓа периодот од годината во кој сите со нетрпение ги очекуваме Новогодишните и Божиќните празници. Тоа се денови исполнети со пријатни емоции, љубов, радост и насмевки. Нема да заборавиме да ги споменеме и традициите коишто се неодминлив дел од овие празници.

Во Македонија, Божиќ се празнува по стариот Јулијански календар. Toj e еден од трите најголеми христијански празници кога се верува дека е роден Исус Христос. Божиќ е семеен празник и се одбележува во домовите и во црквите. Луѓето се поздравуваат со „Христос се роди – Навистина се роди“.

Кај нас при прославувањето на божиќните празници многу нешта се разликуваат од место до место, но овој празник е незамислив без Бадник, бадниковото гранче и бадниковата вечера која е посна. За Божиќ не се пости. Суштината на празникот е во љубовта, простувањето и милосрдието. Низ светот, тој се празнува на различни начини. Издвојуваме едни од поинтересните.

Во Чешка, се верува дека на Божиќ можеш да ја сретнеш твојата сродна душа. Слободните девојки застануваат пред вратата и фрлаат чевел преку рамо. Ако чевелот падне на земја со врвот кон вратата, девојката ќе се омажи следната година. Во Естонија пак, традиционално семејствата ги украсуваат домовите за празниците, а потоа, пред да се прошетаат по снегот до полноќната литургија, одат на мала релаксација во сауни и бањи. Традиција е празникот да се прослави на висока температура до 80 степени. Во Швајцарија има светско првенство за дедо мразовци. Тимови, облечени како Дедо Мраз, се собираат од целиот свет за да учествуваат во спортски активности како што се скијање, тркање со санки и натпревар во печење колачиња. И така, постојат многу необични традиции во во светот каде што Божиќ се празнува со малку понеобични традиции од нашите.

А, како празнуваме ние на Балканот? Се разбира остануваме верни на традицијата и се придржуваме до тој автентичен начин што си го имаме за прославувањето со традиционално подготвена храна, уживаме со семејството, одиме во кафеани и прославувуваме со придружба на жива музика - тамбураши, зурли и тампани.

Но, за сето тоа во овој период од годината ни требаат и најмногу пари. 

Нашата нова промоција може да ти обезбеди дополнителни средства за пред празниците, но и за после празниците.

Промоцијата ја промовиравме под насловот “Без гајле до догодина” и важи за сите нови клиенти кои што ќе земат до 200.000 ден. со одложена прва рата до 45 дена т.е. кредитот се зема сега, а првата рата се плаќа догодина.  Голема предност на промоцијата е тоа што кредитот во истиот тој грејс период 45 дена може да се врати целосно без камата и дополнителни трошоци. Колку земaш, толку враќаш!

Промоцијата започна од 02.12.2024  и ќе трае до 09.02.2025.

Доколку имаш потреба, искористи ја промоцијата уште сега.

Прочитај повеќе

7 необични традиции за Божиќ во светот

7 необични традиции за Божиќ во светот

Прoчитај и научи повеќе за 7 необични традиции поврзани со прославувањето на Божиќ низ државите во светот

0% каматаааа целааа зимааа

0% каматаааа целааа зимааа

Новогодишната атмосфера почнува да пулсира со забрзан ритам. Иако сè уште сме затрупани со секојдневните обврски, до празниците има уште неколку недели.

Декорирај го уникатно твојот дом оваа Нова година!

Декорирај го уникатно твојот дом оваа Нова година!

Направи кул забава со следниве брзи, едноставни и забавни идеи за новогодишни декорации.

Помини ја Нова Година незаборавно!

Помини ја Нова Година незаборавно!

Се ближи крајот на годината, а ти си решил да ја прославиш надвор од домот и од државата. Кои се најдобри новогодишни дестинации што ќе те изненадат со своите понуди и ќе ја направат вечерта незаборавна?

Најнеобичните места за дочек на новата 2024 година

Најнеобичните места за дочек на новата 2024 година

2024 година е „зад аголот“, а веќе на големо се разговара каде ќе се испрати старата и ќе се пречека новата година, која се надеваме дека ќе донесе многу повеќе среќа, љубов и успех на сите полиња.