Април – месец на градинарството и декорацијата.

Април – месец на градинарството и декорацијата.

Кажете му добредојде на топлото време со возбуда и радост, декорирајќи и уредувајќи го вашиот дом со весели и светли бои.

Во продолжение ќе ви понудиме неколку идеи за декорирање и уредување, со кои лесно ќе го трансформирате секојдневниот изглед на вашето катче во прекрасна пролетна оаза.

  • Дозволете во вашиот дом да преовладуваат светли и пастелни бои.
  • Внесете што е можно повеќе светлина.
  • Направете декоративни украси од школки и песок.
  • Украсете го просторот со цвеќиња во различни бои кои ќе внесат свежина и мирис.
  • Ѕидовите освежете ги со висечки саксии во различни бои.
  • Залепете тапети со светли бои кои ќе ве асоцираат на плажа или, пак, разбудете ја својата креативност и нацртајте летен пејзаж или графит на вашиот ѕид.
  • Доколку имате темни завеси, заменете ги со светли или со проѕирни за сончевата светлина да ја долови летната атмосфера.
  • Пожелно е бањата да биде во сина боја декорирана со школки, свеќи и морски ѕвезди, кои можете да ги залепите и на вашето огледало, пешкирите нека ви бидат во различни шарени бои и додадете зеленило.
  • Дворот и терасата уредете ги со многу растенија, удобни столчиња и фотелји, осветлете ги со фенери, свеќи и факли.

Бидете креативни 

Кога бојадисувате, изоставете еден или дел од ѕидот небојадисан. Ако купувате нови маса и столови, купете еден стол кој целосно ќе се разликува од останатите. Внесете малку разновидност во работите и сѐ ќе изгледа поинаку.

Одберете едно ќоше од домот и преуредете го во една мини-галерија. Пронајдете слики на интернет или, пак, повикајте некој да ви ги направи. Може да бидат од хартија, па потоа вие самите да ги залепите или директно насликани на ѕидот. Уредете го ќошето со интересни столови и ќе биде одлично место за дружење со вашите пријатели. Уредувањето на еден простор со растенија наспроти градежните материјали има многу предности и недостатоци.

Но и кога дворот доаѓа на дневен ред, а по „некоја случајност“ тоа е секоја пролет, најчесто се прашуваме: Што да засадам? По кој распоред да ги посадам растенијата? И сето тоа со желба дворот да ни биде убав?!

На пример: оградата од камен еднаш се прави, убаво изгледа, многу долго трае и не бара одржување. Но, нема никојпат да порасне, а уште помалку да расцвета! Постојат повеќе едноставни решенија како зеленилото во дворот да изгледа убаво.

Во овој случај ќе ви презентираме еден стар вообичаен зелен елемент, ниската жива ограда - бордура!
Ниската жива ограда е многу моќен декоративен елемент во пејзажното уредување. Традиционалните англиски и француски формални градини се втемелени на формите од ниска зимзелена жива ограда. Подигната покрај патеки, по рабовите на тревниците или на цветните леи. Зимзелената бордура повеќекратно ги назначува, ги акцентира зелените или други површини.

Затоа е важно да се одбере кој дел од дворот сакаме посебно да го истакнеме. На пример, ако ја одбереме влезната патека во дворот, тогаш бордурата се подигнува симетрично од двете страни и дополнително во тој случај силно се назначуваат две фокусни точки - вратата на куќата, челната фасада и гледано обратно влезната порта во дворот.

Се надеваме дека ќе ви користат овие совети за да ги направите вашиот дом и дворот поживописни. Во случај сето ова да ви изгледа како да ви требаат многу пари, а во моментот ги немате, знаете дека нема потреба од размислување и грижа. Само аплицирајте за брз кредит до 80.000 денари и добијте одобрување за само 7 минути! Со Credissimo сѐ е можно. Започнете со промените.



Врати се назад

Прочитај повеќе