Сакаш да станеш планинар и да освојуваш врвови?

Сакаш да станеш планинар и да освојуваш врвови?

Природата е нешто што отсекогаш го привлекувало човекот. Беспрекорна тишина во која може да се слушнат само црцорењето на птиците, веењето на ветрот низ гранките на дрвјата, џагорот на безброј различни инсекти и животинчиња чиј дом се планините и ливадите.  А таму, чекорејќи по планинските патчиња, се чувствуваме помирни од кога било, поспокојни и посвесни за самите себе од каде било, освојувајќи нови врвови се чувствуваме сѐ поблиску до дома.

Започнување со планинарство

За успешно и безбедно занимавање со планинарство треба да се започне постепено. Првите искуства да се направат на пристапни терени и лесни планински искачувања, систематски и внимателно да се изучува планината и нејзините феномени, движењето на потешки патеки да биде со искусен планинар и да се искористи неговото искуство,или зачленување во планинарско друштво каде се добива соодветна планинарска обука. Внимателна подготовка на нашето тело со правилни физички тренинзи за совладување на напорите со кои ќе се соочиме при одењето на планина, е задолжителна. После неколку години се стекнува планинарско искуство и се стекнува статус на планинар, па после тоа ќе можеме и ние самите да организираме потешка планинарска тура, понатаму во зависност од наклонетоста и желбата може да се специјализира во некоја од гранките на планинарството: алпинизам, високогорство, спортско качување, ориентација, водичка служба и др.

Правила

На планинарење се оди организирано, во група, со водич кој води сметка за секој планинар и така што на крајот на колоната секогаш има некој кој јавува дали се сите на број, а ако некој заостанал, тогаш се причекува или се испраќа поискусен планинар да го бара. Во планината функционираат солидарноста и заемното помагање, но се подразбира дека секој кој ќе се одлучи на ваков излет ќе се придржува на некои основни правила.

Совети за почетници

Како планинар-почетник со слаба кондиција сигурно не треба да одиш на планина која многу бара, туку е попримерно да почнеш со оваа активност така што ќе се определиш за заминување во попитом амбиент, одење по ниски падини и ливади. Зачленувањето во планинарско друштво или клуб е од голема помош, бидејќи сите тие организираат еднодневни, тури за викенд и повеќедневни тури многу прецизно, давајќи точни описи каде се оди, каков е теренот и која опрема е потребна. Ако си несигурен, секогаш можеш пред поаѓање да го повикаш водичот преку телефон и со него да се посоветуваш дали си избрал излет соодветен на своите можности.

Покрај освојување врвови, целта на планинарењето е и уживање во природата и во друштвото. Кога неискусен планинар со недоволно кондиција ќе се најде во јака планинарска група, уживањето изостанува, зашто рутата е преамбициозна за тебе, па заостанувањето го забавува ритамот на цела група. Поради тоа е важно да се избереш тура по своја мера. Она што е добро е што во планина искуство и кондиција лесно се стекнуваат, па не е проблем за неколку месеци планинарење да се стекнат услови за заминување на потешки потфати. Многу планинари кога ќе се одлучат за некоја по тешка тура имаат и дополнителни подготовки, кондициски  тренинзи во теретана, на пример, пливаат и трчаат за да бидат подготвени за предизвиците кои си ги поставиле.

Планинарска опрема

Планинарењето е активности со која  е актуелна во текот на целата година и во различни временски услови. Со себе носи и одредени ризици и поради тоа важно е да се поседува и соодветна опрема. Опремата зависи од временските услови, висината, должината на престој во планина. Покрај стандардната опрема, потребна е и техничка опрема за искачување на заледени површини, карпи, експедициска опрема итн.

Облеката треба да ти биде во слоеви, и за топло и за ладно, а во ранецот задолжителни се резервна маица, резервни чорапи и мантил за дожд. Во планина секогаш се носат долги панталони. Кога можеш да си дозволиш можеш да купиш облека од т.н. активен материјал, која пропушта пот и за момент е сува. Во планина многу се корисни и планинарските стапови. Тие се потпора при качување и спуштање, добра поддршка се на лизгав, каллив терен, а исто така, ги растоваруваат и зглобовите.

Доколку си решен да започнеш со планинарење , прочитај ги овие совети и биди сигурен дека еден ден ќе ја постигнеш својата цел да освоиш еден или повеќе врвови и планини за кои си мислел дека е невозможно. Опремата ќе ти ја обезбеди Credissimo, твое е само да аплицираш за  „Credissimo Плус" до 80.000 денара или за “Credissimo до плата” до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс периодот, а исто така може да го продолжуваш периодот на враќање неограничен број пати!
Со среќа!



Врати се назад

Прочитај повеќе