Бараш дополнителен приход? Неколку предлози како да заработиш дополнително

Бараш дополнителен приход? Неколку предлози како да заработиш дополнително

Секојдневните трошоци постојано растат, а се зголемуваат и нашите потреби за удобен и пријатен начин на живеење. Поскапуваат горивата, храната, туристичките и угостителските услуги, а сите сакаме да може да си дозволиме летен одмор на интересна дестинација, ручек со пријателите, викенд патување, нов телефон или подобар автомобил.

Токму затоа, сè повеќе луѓе бараат начин да обезбедат дополнителна заработувачка, но без да се откажат од својата редовна работа или од студиите на факултет. Иако сето ова можеби звучи комплицирано, добрата вест е дека денес постојат голем број различни можности за остварување екстра приход, прилагодени на различните интереси, вештини, искуство и слободно време што го имате на располагање.

Без разлика дали сакате да заштедите за патување, да плаќате рата за нов автомобил, да ги покриете месечните трошоци или едноставно да ја подобрите вашата финансиска стабилност, ви предлагаме неколку идеи за редовна и стабилна дополнителна месечна заработувачка.

1. Доставувач преку Wolt – ем спортуваш, ем заработуваш

Еден од најпопуларните начини за дополнителна заработка во Скопје и дел од другите градови во Македонија е работата како доставувач преку Wolt. Оваа можност е особено привлечна за луѓе кои сакаат флексибилно работно време и сами да одлучуваат кога ќе работат и колку ќе заработат. Доставувањето може да се врши со автомобил, велосипед или скутер, во зависност од условите и градот. Голема предност е тоа што работното време не е фиксно, па оваа работа лесно може да се прилагоди со вашите дневни обврски за редовно вработување, факултет или други активности.

Сè што треба да имате за да станете дел од тимот на оваа позната светска компанија е возило (автомобил, скутер или велосипед), смарт телефон со интернет, минимум 18 години и важечка лична карта, како и возачка дозвола ако доставувате со моторно возило. Затоа, за многумина токму ваквиот тип ангажман претставува одличен начин за стабилен дополнителен приход, особено во периоди кога има поголема побарувачка за достава. И не заборавајте - ако доставувате со велосипед, тоа позитивно ќе влијае и на вашата физичка кондиција.

2. Фриленс работа преку интернет платформи

Доколку поседувате одредени вештини, денес може да работите за клиент во која било држава во светот. Интернет платформите за фриленс работа брзо и лесно ги поврзуваат оние што нудат услуги и компаниите на кои им се потребни тие услуги. Пишување текстови, графички дизајн, преведување, програмирање, видео монтажа, дигитален маркетинг или управување со социјални медиуми се само дел од услугите кои се бараат на глобалниот пазар.

Предноста на оваа опција за екстра пари е што можете да работите од дома, да работите во делови од денот кога вам ви одговара и постепено да изградите сопствена база на клиенти.

3. Часови по математика, странски јазици, свирење инструменти

Ако добро познавате странски јазик, математика, или друга област, или пак знаете да свирите на некој инструмент, можете да заработувате преку држење приватни часови. Едната опција е да држите часови во живо за ученици или студенти во вашето место на живеење, но денес е многу лесно да предавате и онлајн што значително ги проширува можностите за работа. Предноста е што и оваа работа е делумно флексибилна односно времето на часовите може да го прилагодите на останатите обврски.

Дополнително, покрај учениците, сè повеќе возрасни инвестираат во учење нови вештини така што доколку сте квалитетен предавач, потенцијалот за дополнителна заработувачка е навистина голем.

4. Продажба на рачно изработени предмети

Креативноста исто така може да се претвори во дополнителен приход. Рачно изработен накит, декорации, персонализирани подароци, свеќи, козметика или други уникатни производи можат успешно да се продаваат преку социјалните мрежи и специјализирани платформи за е-продажба.

Со добра презентација и квалитетни фотографии, дури и малото хоби може постепено да прерасне во успешен дополнителен бизнис. Некогаш е доволна само малку хараброст и креативност.

5. Фотографирање и снимање содржини

Доколку имате вештини, искуство и опрема за фотографирање или снимање видеа, можете да ги понудите вашите услуги за родендени, семејни прослави, мали бизниси или фотографии и видеа за социјалните мрежи.

Денес, најголем дел од содржините на социјалните мрежи се видеа и фотографии така што побарувачката за вакви услуги е во постојан пораст. Дури и ако немате сопствена опрема, може да вложите во фото апарат/камера или пак на почеток да изнајмувате. Ако работите професионално и квалитетно, со тек на време, доброто портфолио и препораките од задоволни клиенти можат да донесат сè повеќе ангажмани, па дури и можност за развивање сопствен бизнис.

Како да ја изберете најдобрата опција за вас?

Кога одлучувате како да остварите дополнителни месечни приходи, најважно е да размислите колку време реално можете да одвоите секоја недела и кои активности најмногу ви одговараат. Не секој начин на заработка е идеален за секого. Некој претпочита динамична работа на терен, додека друг повеќе ужива во онлајн ангажмани од дома.

Најдобри резултати обично постигнуваат оние кои избираат активност што се вклопува во нивниот животен стил и постепено ги развиваат своите вештини. Дополнителната заработка не мора веднаш да биде голема, но со континуирана работа може значително да го подобри месечниот буџет.

Без разлика дали ќе се одлучите за работа како доставувач преку Wolt, фриленс услуги, онлајн часови или продажба на сопствени производи, најважно е да го направите првиот чекор. Ова се само дел од големиот број можности за екстра пари, а со добра организација и посветеност, дополнителниот приход може да стане важен дел од вашата финансиска сигурност.

Сепак, доколку ви се потребни повеќе пари, а немате време за дополнителни ангажмани, Credissimo нуди поволни финансиски пакети со кои можете брзо и лесно да добиете позајмица по поволни услови. За само неколку минути може да поднесете онлајн апликација за потрошувачки кредит во износ до 200.000 денари и рок на отплата до 36 месеци. Достапна е и супер поволната можност за кредит со 0% камата и нула трошоци, на износ до максимум 30.000 денари и рок на отплата од три месеци.