Како што модерниот начин на живот станува сè подинамичен, така сè помалку време останува за да се посветиме на готвењето. Смути-пијалоците станаа еден од главните начини за здрава исхрана бидејќи се премногу лесни за правење, полни со потребните витамини и минерали и прават да се чувствуваме полни со енергија за да го започнеме денот и кои позитивно влијаат на нашето здравје. Всушност, смутито можеме да го дефинираме како сите потребни нутриенти во една чаша. Сепак, многу од смути-пијалоците што ги купуваме не содржат само здрави состојки, туку и многу шеќер, калории и маснотии. Затоа, најбезбедна варијатна е сам да си го приготвиш своето смути. Бидејќи ваквите пијалоци изобилуваат со свежо овошје, зеленчук и протеини, опциите за смути се бесконечни, а вкусовите разновидни, така што никогаш не може да ти станат здодевни. Затоа ние ти подготвивме неколку вкусни рецепти за здрави смути-пијалоци што можеш да ги приготвуваш брзо и лесно секое утро.
Слатка праска
Ова смути е брзо, слатко задоволство бидејќи се подготвува со нискомаслен сладолед од ванила измешан со јагоди и праски, кои му даваат природна сладост, додека ѓумбирот,пак, додава јака и специфична арома. Измешај една чаша млеко од 1% масленост со две лажици нискомаслен јогурт со вкус на ванила, половина чаша исечкани праски, половина чаша смрзнати јагоди, мала кафена лажичка ѓумбир во прав, две лажички протеин во прав и три коцки мраз. За да добиеш хомогена смеса без грутки, прво измешај ги течните состојки заедно со протеинскиот прав, потоа на крајот додај ги и покрупните состојки како овошјето и мразот.
Детокс чиа-смути
Чиа-семето може совршено да се вклопи во секое смути поради неговиот неутрален вкус, волуменот на семињата што дејствуваат заситувачки благодарение на нивната протеинска моќ, како и многуте придобивки врз целокупното здравје. Чиа се ситни, моќни семиња преполни со омега-3 масни киселини, кои се одлични за здравјето на твоето срце. Комбинирај ги со спанаќ, млеко од соја или бадеми и овошје како ананас и банана. Остави ја смесата да отстои неколку часа во фрижидер ако сакаш таа да има конзистенција на пудинг.
Цитрусна енергија
Доколку сакаш смути што брзо ќе ти даде голем наплив на енергија и истовремено ќе те освежи, тогаш ова е пијалокот за тебе. Oва е енергетска бомба богата со витамин Ц што веднаш ќе те расони и ќе те подготви за долгиот и напорен ден. Сè што треба да направиш е да измешаш брусница, банани, нискомаслен јогурт со цитрусно овошје како што се портокалот и цитронот. Потоа, додади екстракт од ванила за посладок вкус и уживај во прекрасната арома! Ова смути е совршен избор доколку си на построг режим на исхрана и сакаш нискокалоричен оброк кој ќе те снабди со сите потребни хранливи материи и позитивно ќе влијае на здравјето на твојот дигестивен систем.
Сакаш да си подготвуваш смути секое утро, но немаш како да го направиш? Опреми ја кујната онака како што посакуваш Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци или Credissimo плус до 80.000 денари и уживај во своите омилени рецепти.