Во текот на изминатата година стотици милиони луѓе ширум светот пребарувале на Google: „како да се збогатам“, „кои се навиките на богатите“, „кои се најбогатите луѓе“, „со што се хранат богатите“, „какви автомобили возат богатите“,„како се збогатуваат луѓето“,„какви проблеми имаат богатите“... пребарувањата на тема богатство и благосостојба, начините за нивно остварување, конкретниот интерес кон одделни милионери, изнесуваат милијарди. Тоа е само истражување на најголемиот веб пребарувач. За богатите напишале стотици книги - биографии, начин на размислување, донесување одлуки за нивните секојдневни навики. Се бараат модели, шеми и скриени тајни со кои го постигнале својот неверојатен успех.
И се уште нема магичен рецепт, нема голема тајна, иако голем број на слични модели се опишани. Вистината е дека ниту еден од нив не би можел да одговори доволно конкретно на прашањето: "Како го стекна богатството?" Всушност повеќето не сакаат многу да зборуваат, да се појавуваат пред медиумите и да парадираат со својот стандард на живот. Но, не ги спречуваат медиумите, истражувачите и обичните луѓе да ги следат и истражуваат.
Амансио Ортега - скромно шпанско момче со принципи
Секоја година, врвот на листата на најбогатите се разликува, но не драстично. Оваа година на врвот е сопственикот на Zara, Амансио Ортега, откако повторно го измести од врвот, Бил Гејтс.
„На улицата сакам да ме распознаваат само роднините, пријателите и колегите“. Ова е еден од најпопуларните и ретки цитати на Ортега, кој во својот 80-годишен живот има дадено 3(три) интервјуа на родни шпански новинари. Но, за неговата биографија и успех е пишувано многу неформално.
Рецептот за неговиот успех звучи едноставно: брзина, иновација и посветеност кон клиентите. Историјата за Ортега е приказна: Тој е роден во сиромашно, големо семејство. Неговиот татко е железнички работник и поради оваа причина семејството постојано се движи низ Шпанија. На 14 година Ортега го напушта училиштето и започнува работа во продавница и ателје за облека во Ла Коруња, каде за првпат го гледа идниот бизнис одвнатре. Следуваат години сѐ едно и исто, но тие се важни за денешниот милионер кој има набљудувачко око: Клиентите масовно се залагаат за поскапи модели облека, но многу малку можат да си дозволат да ги купат.
Тој имал само 27 години да ја создаде својата прва компанија - GOA, која произведува бањарки во речиси домашни услови. Но, не, било какви, туку имитација на луксузни. И тие се продаваат прилично добро. Ова е основа на која е базирана неговата следна компанија, Зара. Ортега ѝ вдахнува живот дури во 75-та (кога е на 40 годинi), а принципот ѝ е истиот- многу добра облека, достојна да им конкурира на моделиерските, на цените на обична конфекција.
Следат години на раст во Шпанија и во светот што го прават Ортега милијардер. Неговиот концепт продолжува да се базира на формулата: задоволни клиенти и евтино производство. За разлика од повеќето модни гиганти, сепак, Zara не наемува евтина работна рака, со што задржува повисок квалитет. Облеката се шие во Шпанија, Португалија и Мароко, што Ортега го прави со цел да ги зачува работните места во овие земји. Производството е организирано така што за многу кратко време може да се насочи кон нови модели и барања на клиентите. "Неверојатен успех? Ве молам! Ние само што почнуваме ", вели Ортега пред неколку години, додавајќи дека стремежот на Zara и тој на овој век ќе се заснова на иновации и раст.
Ворен Бафет - љубопитниот и трпелив интелигент
Ворен Бафет, можеби најголемиот познат инвеститор, никогаш не направил тест за IQ. Но, неговата интелигенција не е тешко да се погоди. Неговата сестра тврди дека е генијалец уште од детството. Неговите познаници го опишуваат како умен, рационален и рационален, трпелив и прагматичен. И скромен.
Ворен Бафет не е типичен берзански брокер. Обложува на долгорочните инвестиции и севкупниот раст на пазарот - бидејќи без оглед на периодичните кризи и падови, долгорочно финансискиот пазар секогаш бележи раст. Бафет е свесен за ова и може да чека. Во значителен степен богатството му се акумулира благодарение на експоненцијален ефект - малата инвестиција првично расте бавно, но со години ефектот се акумулира и профитот почнува да расте опасно од година на година.
Првите хартии од вредност си ги купува на 11 години (и денес смета дека било премногу доцна). Откако присуствува на состанокот на татко му со негов пријател - њујоршки брокер, Бафет е инспириран и успева да ја убеди својата сестра Дорис да инвестираат. Со своите џебни пари, купуваат шест акции од по 38 долари од американска нафтена компанија. Во првите месеци, акциите изгубиле 30% од својата вредност, и Дорис му ја наполнила главата дека идејата била лоша и така губат пари. Значи, кога акциите повторно се зголемуваат до 40 долари, Бафет продава на профит. И после тоа за краток период жали за тоа, бидејќи нивната вредност се зголемува до 200 долари. Тоа го амбицира младиот Ворен и тој почнал активно да изучува магијата на инвестициите. Така дознава и за ефектот на снежната топка - ако оставиш пари на пазарот, тој ќе се погрижи за нив. Но, дури по децении.
Преку годините Бафет е партнер во голем број бизниси, додека чека неговите пари на берзата да се зголемат. Веќе на 30та година од својот живот веќе го има првиот милион. Активно и успешно инвестира во компании од различни бранши. На 52 години има 376 милиони долари, на 54 веќе близу милијарда и половина, на 59 - речиси 4 милијарди. Денес богатството му изнесува 77 милијарди долари и расте со стотици милиони секој ден.
Тоа не му пречи да живее во истата скромна куќа која си купил за 31,5 илјади долари во 1958 година. Покрај тоа до пред три години вози само стари автомобили, додека во 2014 година неговата ќерка не кажала: "Ова е понижувачко! Треба да купиш нов автомобил" и така Бафет го менува стариот кадилак со нов модел. А еве и филозофијата во два цитата:
"Денес некој може да седи на сенка, бидејќи многу одамна некој друг му засадил дрво". Поинаку кажано Планирајте долгорочно, наместо да се трудите да остварите брз профит.
"Правило бр.1: Никогаш не губи пари. Правило бр.2: Никогаш не заборавај Правило бр.3. Ризик има тогаш кога не знаеш што правиш ". Со други зборови мислете пред да се фрлите во големата зделка.
Џордџ Сорос - импулсивниот, интуитивен благотворител
Да не мислите дека единствениот клуч за успех се големо трпение и ладен разум? Ако Џорџ Сорос се обидуваше да ги следи стапките и однесувањето на Бафет, веројатно требаше да биде целосен неуспех. Секој сам го открива својот пат, познавајќи се добро и верувајќи во себе. А Сорос е прилично буквален за ова прашање:
"Јас многу сметам на животинските инстинкти. Болката во грбот ми велеше што точно не е во ред. На пример, болката во долниот дел на ‘рбетот ми посочуваше проблем во краткорочни инвестиции, во левото рамо - проблем во девизните операции. Болката сакаше од мене да направам корекција, која во спротивен случај можеше и да не ги правам. Ова, се разбира, не е научниот метод за управување со инвестициите."
Не е, но очигледно делува. Сорос е интуитивен и импулсивен човек. За разлика од Бафет тој не сака да чека. Моќта е во краткорочни инвестиции, кратки продажба, шпекулативни операции, управува хеџ фонд, поинаку кажано е човек на ризикот. Благодарение на валутни шпекулации во 92-та година успева да сруши фунтата Стерлинг само за ден. Експериментот е симбол и е познат во економската историја како Црната среда. Од него британската централна банка губи над 3 милијарди фунти, а Сорос заработува над 1 мiлjaрд. Освен со игрите на берзата сепак Џорџ Сорос е познат и со хуманитарната дејност, која ja развива во целиот свет. Причина може да биде откриена во неговото потекло: Пред да стигне до неговата вокација во Њујорк Сорос бега од нацистички логор во неговата родна Унгарија - тогаш е уште само на 17 години. Доаѓа до Лондон, каде што учи филозофија во Лондонската школа за економија и работи како железнички работник и келнер. Откако завршува поднесува апликации за вработување во сите лондонски банки, но не го вработуваат никаде и започнува работа како продавач во фирма за трговија на големо. Дури подоцна е вработен во банка, според него бидејќи шефот исто така бил Унгарец. Во 50-те заминува за САД и долги години е трговец и аналитичар на Њујоршката берза, додека да го основа и хеџ фондот во 70-та (во тоа време е на 40 г.).
Една деценија подоцна решава дека веќе е доволно богат, за да започне активно да го менува светот. Во 79-а започна добротворна иницијатива за студентите во Јужна Африка. Првиот огранок надвор од САД на неговата фондацијата Отворено општество е создаден во Унгарија, а по падот на комунизмот и во повеќето источноевропски држави. Мисијата на Сорос е почитувањето на човековите слободи и правото на информации. Помага редица иницијативи поврзани со човековите права - на жените, на етничките малцинства, против дискриминацијата врз основа на полова и религиозна ориентација, образованието и демократското управување во држави од целиот свет. "Знаете, сепак пред да станам инвеститор, јас бев и човечко суштество. И мојата филантропија нема ништо заедничко со чувство на вина или обид за подобрување на имиџот. Го правам тоа, бидејќи можам и затоа верувам во тоа што го правам ", објаснува Џорџ Сорос.
Неговиот методот на берзата: Прво ги сослушува сите советници без да наметне мислење. Потоа преспива со донесената одлука. А потоа:
"Не станува збор за анализи и предвидувања, станува збор само за храброст. Тешко е да се објасни. Поинаку кажано дејствува навреме, наместо да мисли и анализира премногу.
Збогатување преку примена на идеи од големите инвеститори
Може да се извлечат многу сознанија од приказните за големите инвеститори. Некои од нив се корисни за секого, други треба да ги откриете сами.
Сепак, три приказни овде јасно покажуваат дека:
- Не е потребно да имаш посебно потекло, опкружување, среќа или чудо, за да ги постигнеш своите соништа.
- Треба да имаш принципи кои треба да ги одржуваш. И да си внимателен и лојален на сите, дури и ако сте подредени.
- Да набљудуваш за да направиш нешто подобро кое другите не успеале.
- Биди трпелив и размислувај во перспектива за иднината.
- Да веруваш повеќе на себе си и да ја слушаш интуицијата, отколку совети и правила.
- Да работиш со конкретна цел, без да се вообразуваш премногу и да ги трошиш парите за глупости. Прво ги заработи, потоа ги умножи, а на крај размисили како да ги дадеш за твојата идеалистичка кауза.
- Да не се предомислуваш и да имаш храброст да не го пропуштиш вистинскиот момент, кога го видиш.
Ако се двоумите, жалите и чекате да се случи чудо, сега е вистинскиот момент да престанете со глупостите и да помислите во каква цел, идеја и план може да инвестирате до 12000 денари од "Credissimo до плата" (0% камата во грејс период за секој прв и петти кредит) или до 40000 денари од "Credissimo плус" (и можност за враќање од 3 до 15 месеци). Дејствувајте!