Попустите започнуваат, време е за шопинг!

Аплицираj
Попустите започнуваат, време е за шопинг!

Ако сакате да одите на шопинг со своите пријателки, најпрво организирајте се.

Проверете го буџетот и проверете што навистина ви е потребно. Не фрлајте ги парите бадијала. Купувајте паметно.

Прво, исчистете го плакарот: исфрлете сè што не ви е потребно, а преостанатата гардероба уредно здиплете ја. Еве како најлесно ќе го направите тоа:

Комплетната гардероба поделете ја на типови – маички, џемпери, фустани, чевли, сандали итн. Ослободете се од сè што ви е големо, мало, старо, демоде...

Откако ќе го направите тоа, спроведете мало истражување: што ви остана во плакарот? Кој стил, бренд или бои најмногу ви прилегаат? Која облека ви дава самодовреба? Која облека најмногу ја носите? Што ви недостига од облека или од обувки? Дури откако ќе одговорите на овие прашања, почнете да размислувате за шопинг. Ви честитаме на тоа што конечно вашиот плакар е полн со работи што ги носите!

Ослободете се од непотребните парчиња

Знаеме дека никогаш не би ги фрлиле. Но затоа можете да му ги подарите на Црвениот крст или на некоја друга хуманитарна организација. Или организирајте „голема размена“ со другарките.

Обновете ја шминката

Го средивте хаосот во вашиот плакар? Време е да се „фрлите“ на реорганизирање на вашиот несесер!

Прво, веднаш фрлете сè што е потрошено или е при крај. Потоа  ослободете се од сè што има „музејска вредност“, како и тоа што го купивте пред една година. Ако сте купиле нешто што било модерно, а не го користите, тогаш тоа нема никаква функција. Или ако имате 20 розови кармини, а употребувате само еден, време е да побарате совет од професионалец и да престанете бадијала да ги трошите парите.

Направете план за шопинг

Во почетокот на новата сезона добро е да разгледате што е тоа од плакарот што мора веднаш да го замените!

Многу жени имаат или премала или претесна гардероба, која не му прилега на нивното тело. Тоа е фрлање пари! Купувајте ја облеката во согласност со вашиот моментен изглед, а не со тој што сакате да го постигнете во иднина.

 Условот за исплатлив шопинг е добро познат – тоа е силната потреба веднаш да го облечете новото парче. Ако вашите чувства се млаки спрема нештото што треба да го купите, можно е долго време да стои во вашиот плакар.

Кога некој ќе го привлече вашето внимание, бидејќи е одлично облечен, вашиот поглед ќе се задржи на таа личност. Добро е да се биде забележан бидејќи тоа е одличен поттик за самодоверба.

Повеќето модни дизајнери сметаат дека одредени модели облека одговараат за сите генерации.

Купувањето треба да се исплати

(инвестирајте мудро)

Цената не ја одредува вистинската вредност на облеката, туку колку пати ја имате облечено.

Бидете креативни и снаодливи

(рачната работа сè уште е во тренд!)

Најдете модерни парчиња по разумна цена

Заштедете на облека што е новитет на модните писти бидејќи не знаете дали и идната година ќе биде модерна.

Следете го планот. Шопингот нека ви претставува задоволство и обновете го вашиот плакар. Не трошете на непотребни работи или, пак, исти или слични.
За да можете да бидете слободни во трошењето, Credissimo е секогаш тука. Искористете го Credissimo плус, кредит на рати и искористете ја нашата опција за рефинансирање и земете нов износ до 80 000 ден. Што и да имате на ум, имајте го и во плакарот. Среќен шопинг.

Повеќе

Прочитај повеќе за неколку интересни зимски спортови кои ќе направат да ја засакаш зимата уште повеќе!
Најдобрата клиентска услуга за 2018-та година помеѓу 5-те најпопуларни компании за брзи кредити во Македонија, според интернационалниот лидер за пазарни истражувања, агенцијата IPSOS
Се ближи крајот на годината, а ти си решил да ја прославиш надвор од домот и од државата. Кои се најдобри новогодишни дестинации што ќе те изненадат со своите понуди и ќе ја направат вечерта незаборавна?