Пролет e, време e за нов почеток во домот и животот!

Пролет e, време e за нов почеток во домот и животот!

Сонцето веќе грее посилно, деновите стануваат подолги, а воздухот мириса на свежина. Пролетта носи чувство за нова енергија, обновување и можности. Ова не важи само за природата, туку и за нас, за домот, за секојдневните навики.

Ако зимата беше време за празнување и релаксирање по дома, пролетта е време за акција. И ако во јануари сите зборуваа за „нов почеток“ и „нови цели“, сега е вистинскиот момент да ги засукаме ракавите и да се активираме. Без разлика дали станува збор за пролетно чистење, освежување на домот или мал ремонт, можеш да направиш неколку работи наеднаш.

Пролетното чистење – задолжителна генералка

Чистењето  во пролет не значи само миење на прозорците. Вистинското пролетно чистење е рестарт на целиот простор околу тебе.

Ослободи се од непотребното – отвори го гардеробот и извади сѐ што не си носел во последната година. Направи го истото и со предметите низ домот. Донирај, продади или фрли. Дали веќе дишеш полесно?

Освежи го мебелот без да купуваш нов – дури и еден слој лак на стариот дрвен шкаф може да му даде нов живот. А, промената на текстилот (навлаки за каучи, завеси, теписи) во посветли бои веднаш ќе ја разбуди енергијата во просторот.

Внеси бои од природата – постави зелени растенија или свежо цвеќе. Не само што ќе ја разубават просторијата, туку и ќе го прочистат воздухот.

Мирисот создава атмосфера – етерични масла со цитрусни или цветни ноти можат да ја збогатат свежината во домот.

Мали промени, голем ефект

Сега е вистинскиот момент да направиш промени дома! Не е потребен голем ремонт – понекогаш малите подобрувања создаваат најголеми промени.

Освежување на ѕидовите – ако немаш можност да ги обоиш сите ѕидови, можеш да освежиш само еден со декоративна боја или тапети. Ова ќе внесе свежина во просторот без да направиш голем трошок за тоа.

Смени го осветлувањето – нови светилки или различна боја на светлината можат да создадат сосема поинаков амбиент.

Смени ги вратите и шкафовите – нови рачки, облоги или дури и мал слој лак можат целосно да ја променат атмосферата.

Терасата – место за одмор – неколку саксии со цвеќе, преклопливи столици и мали декоративни светилки ќе ја претворат и најмалата тераса во оаза за релаксација.

Пролетта започнува и во тебе

По зимските месеци поминати најмногу во затворен простор, време е да се вратиме на активниот начин на живот и да му дадеме нова енергија на телото.

Пролетен детокс – без екстремности, но со голем ефект
Детоксот не значи строги диети или гладување – доволно е да му дадеш одмор на телото од тешка храна, да го зголемиш внесот на свежи овошја и зеленчук и да пиеш повеќе вода. Замени го утринското кафе со топла вода со лимон и ѓумбир или со зелен чај.

Повеќе движење, повеќе енергија
Зимата често нѐ прави помалку активни, но сега е моментот да ја вратиме динамиката во секојдневието. Прошетките во парк, јога на тераса или првите планинарски авантури ќе ти помогнат да го освежиш телото и умот.

Пролетни викенд патувања – каде да одиш?
Ако имаш потреба од мал одмор, но не сакаш да организираш долго патување, размисли за кратко викенд бегство. Македонија има прекрасни локации, еве неколку предлози:

  • Охрид– прошетка покрај езерото, старата чаршија и манастирот Свети Наум се идеални за пролетно полнење на батериите

  • Галичник и Маврово – свеж планински воздух и одлична храна за совршен викенд
  • Смоларски и Колешински водопади – природни чуда кои напролет се во полн сјај

     

Како да ги финансираш пролетните промени?

Ако сакаш да го обновиш домот, да направиш мал ремонт или едноставно да заминеш на патување, но не располагаш со доволно средства во моментот, решението е едноставно. Наместо да одложуваш, финансирај ги сите твои потреби со  Credissimo и реализирај  ги сите твоите планови.

Пролетта е повеќе од промена на времето – таа е момент за свежи почетоци. Направи нешто ново за себе и за својот дом уште денес.



Врати се назад

Прочитај повеќе