Излегувањето од дома и престојот во средина на која не сте навикнати претставува излегување од вашата зона на комфорот. Убавата природа и предизвиците со кои таа ќе ве натера да се справувате го прават кампувањето авантура сама по себе. Сето тоа искуство, едноставно, е возбудливо.
За шатор не ви треба ништо особено, само нешто што лесно се мести и со добра „вентилација“, значи колку повеќе мрежа има на него – толку подобро. Најдобро ќе биде ако најдете шатор што има еден слој мрежа и уште еден платно. И запомнете, не оставајте го отворен за да струи воздухот (зашто ќе се наполни со бубачки), но и не дозволувајте да кондензира и да снема воздух во 4 сабајле.
Не носете голем куфер со себе.
Сигурно не сакате да го влечкате куферот по земја и да нема место каде да го сместите во шаторот. Земете ранец со средна големина, не ви треба ништо повеќе од тоа што го собира во еден ранец.
За спиење најдобро е да понесете вреќа за спиење, не душек. Душекот може да биде подобар избор за екстремно топли денови, а некои вреќи за спиење се направени за екстремно ниски температури. Затоа - проверете какво ќе биде времето пред да се спакувате.
Ситуацијата во која неколкумина луѓе седат заедно загледани во своите телефони, не се случува за време на кампувањето. За да се помине убаво, сите мора да се потпрат едни на други, на темите на кои можат да разговараат, на работите за кои знаат да се шегуваат и на песните кои знаат да ги свират и пеат. Квалитетно поминатото време со другите е последица на самиот престој во природата. Тоа ќе ви дозволи да уживате во оние мали нешта што ги носи непосредната комуникација.
Изгрејсонцата, зајдисонцата и ѕвездените неба стереотипно се поврзуваат за романтичарите, но дури и да не се пронаоѓате во оваа група, нормално е да ве воодушевуваат. Секое утро, секоја приквечер и секоја ноќ природата приредува спектакл на небото. Штета е да не се ужива во тоа, а кампувањето ќе ве одведе многу поблиску до нив.
Вештините како палење оган или поставување шатор нема да ви требаат во градот и нема да ви дадат самодоверба кога ќе се справувате со тамошните проблеми. Сепак, кампувањето може да ви даде доверба во сопствените квалитети со тоа што сте биле некаде на отворено, сте ги задоволиле сите свои потреби и задоволни сте се вратиле дома. Ќе совладате нови вештини, со нив ќе ја надмудрите природата и предизвиците кои таа ги поставува.
Купувањето опрема за кампување е еднократна инвестиција, а не мора да купите сѐ и сешто и работи што најверојатно нема да ви требаат. Храна можете да купите од супермаркет и да потрошите исто толку како да сте останале дома.
Опуштете се, наполнете се со енергија и позитивни мисли, кампувањето во природа е најдобриот начин за тоа.
Доколку буџетот ви е пречка за да имате добра опрема за кампување и да се чувствувате безбедно и сигурно, знаете дека нема потреба од разочарување затоа што Credissimo ќе се погрижи за тоа.
Аплицирајте за брз кредит до 80.000 денари и добијте одобрување за само 7 минути или, пак, ако сакате да одморите на крајот од месецот, тогаш аплицирајте за Credissimo до плата и земете секој 1-ви и 5-ти кредит во износ до 12.000 ден. со 0% камата.
Уживајте во создавањето нови искуства.