Направи сам: Уникатна маска за Ноќта на вештерките!

Аплицираj
Направи сам: Уникатна маска за Ноќта на вештерките!

Прославата на Ноќта на вештерките е релативно нов тренд во нашата земја, кој постои долги години како традиција во Америка. Страшни или смешни маски, мрачна атмосфера, храна, пијалоци и украси од тикви и есенски мотиви се само дел од работите што ја прават оваа вечер толку популарна. Некои луѓе не ја сакаат оваа идеја, но за некои пак, ова е многу интересна вечер во којашто тие ќе ја покажат својата креативност преку некоја необична маска. Доколку се одлучиш во последен момент да се маскираш, а немаш подготвено маска, ниту пак можеш да си дозволиш да трошиш пари за нова маска, не грижи се, овој текст е токму за тебе.

Кога ја бараш совршената маска, страшно е колку лесно можеш да потрошиш тон пари на костимите купени во продавница. Освен тоа, никогаш не знаеш кој друг би можел да се појави во истата маска, а во твојот дом можат да се најдат толку многу работи и материјали што можат да бидат искористени за изработка на маска. Затоа, биди оригинален и направи си сам!

„Men in Black“ костим

Men in Black

Ова е наједноставната, а сепак уникатна маска за парови или пак, за најдобри другари со која можете лесно да го создадете изгледот од овој легендарен филм. Сѐ што ви е потребно се црни костими, вратоврски, очила за сонце и секако, сериозен израз!

Грозје

Halloween

Да, знаеме дека звучи чудно. Но, ако размислиш двапати, ова е всушност многу интересна и лесна идеја. Ти требаат само виолетови или зелени балони, во зависност од тоа какво грозје преферираш, и лепило. Залепи ги балоните на себе и подготвен си! А во случај балоните да испукаат, можеш да кажеш дека си суво грозје!

Wednesday Adams

Wednesday Adams

За оваа маска, треба да побараш обичен црн фустан, бела кошула, црни обувки и црни хулахопки. Сплети ја косата во две плетенки, нашминкај се со црна шминка и направи остар поглед. Ова е одличен начин да се вклопиш во мрачната атмосфера на Ноќта на вештерките, а сепак да имаш уникатна маска што ќе ја направиш сам!

Ако ти е потребен квалитетен костим за да изгледаш најинтересно на некоја специјална прослава за Ноќта на вештерките, тоа го можеш дури и на последниот ден пред плата, само со Credissimo до плата до 20.000 денари, со 0% камата и без дополнителни административни трошоци. А пак, во случај итно да ти треба поголема финансиска сума, тука е Credissimo плус до 80.000 денари, кој ќе те ослободи од сите грижи.

Повеќе

Избегнете ги вирусите оваа есен со следниве неколку совети.
Искористи ги последните сончеви денови од есента и вклучи ги твоите деца во многу забавни активности!
Погледни ги новите модни трендови кои се најпопуларни оваа есен!