Есен - периодот на зголемените трошоци

Есен - периодот на зголемените трошоци

Помина летото, најубавиот период од годината којшто е симбол за одмор, релаксација и уживање. Есента календарски веќе започна. Сите ние со нови сили повторно сме во акција, подготвени да се соочиме со нови предизвици и реализација на нови планови. Учениците се вратија во училишните клупи, завршија годишните одмори на сите вработени, а земјоделците почнаа да ги собираат плодовите од нивната макотрпна работа и трудот што го вложиле во текот на годината.

Претстои започнувањето на постудените денови во годината.

Го менуваме гардероберот, се подготвуваме за новата грејна сезона, правиме зимници, ремонти и освежување на домот за претстојниот период да ни биде попријатен и обезбеден. Сите тие работи ги зголемуваат нашите секојдневни трошоци, а тоа директно влијае на месечниот буџет.

Според пресметката што ја направивме, трошоците во есента се зголемуваат двојно, но и тројно повеќе – сѐ  зависи од тоа во кој дел од државата живееш.

Подготовката за училиште е 10.000-12.000 ден.

Доколку имаш дете, сигурно знаеш дека почетокот на учебната година секогаш е дополнителен и неизбежен трошок. За да се обезбеди еден ученик за на училиште потребно е да се купи училишен ранец кој чини помеѓу 1.000 и 3.000 денари, училиштен прибор кој чини од 2.000 до 4.000 денари, нова и потопла облека која ќе ве чини од 3.000 до 6.000 денари. Доколку имаш двајца ученици, овој трошок двојно ќе се зголемува.

Подготовката за факултет е 12.000-24.000 ден.

На многу државни факултети веќе е започнат уписниот рок. Таму плаќањето на партипациите е еднократно. Трошокот за партиципација на државниот УКИМ е од 12.000 до 24.000 денари. Трошоците на останатите државни факултети низ државата се помали. Студирањето на приватните факултети изнесува од 120.000 до 180.000 денари. Со оглед на повисоката цена, плаќањето на партипацијата може да биде и на рати. Доколку треба да се плаќа студентски дом или друго сместување, трошокот за студентите се зголемува уште повеќе.

Подготовката за грејната сезона е 18.000-25.000 ден.

Во есен покрај другите трошоци, се обезбедуваат и дрва за огрев. Во Скопје и околината овој трошок за дрва изнесува од 3.600 до 4.200 денари за метар кубен. Во другите градови цената за огревното дрво е 3.000 денари. За луѓето кои се греат на дрва потребни се минимум 6 метри кубни дрва за една грејна сезона, за дом со просечна квадратура за 4 члена.

Подготовката на зимница е 12.000-15.000 ден.

Ајварот, пинџурот и туршијата се само дел од нашите традиционални зимници кои секоја есен се приготвуваат во нашите домови. Оваа година според најавите од земјоделците, цените на зеленчуците за подготовка на зимниците ќе бидат 50 % повисоки. За едно семејство од 4 члена, подготовката на две до три различни зимници ќе изнесува од 12.000 до 15.000 денари.
 

Промената на летни гуми до 14.000 ден.

Доколку зимските пневматици на твојот автомобил се со помала помината километража, единствениот трошок ќе ти биде за менување на истите, а тоа не чини повеќе до 1000 денари. Но, доколку е потребно купување на нови зимски пневматици, тогаш математиката е сосема друга. Најевтините зимски пневматици чинат од 2.000 денари па нагоре, во зависност од квалитетот на пневматикот. Просечната цена е 3.500 денари. Доколку оваа сума ја помножиш со 4, тогаш цената за нови пневматици би достигнала 14.000 денари. За две возила цената се зголемува двојно.

Знаеш ли колку ќе бидат твоите есенски трошоци?

Направи пресметки и не заборавај да го оптимизираш твојот месечен буџет, а доколку имаш потреба од дополнителни финансиски средства аплицирај за бескаматен кредит. Земи кредит со 0 % камата и трошоци, кој е доста поволен избор за да го надополниш твојот буџет и да ги пресретнеш есенските трошоци. Освен што кредитот е без камата, другата предност е дека отплатата може да биде еднократно или на месечни рати.

 



Врати се назад

Прочитај повеќе