Врати се назад Статии

Работи кои не смееш да заборавиш да ги понесеш на одмор!

Работи кои не смееш да заборавиш да ги понесеш на одмор!

Летен одмор – најочекуваниот период во целата година. Го планираме со месеци, вежбаме и го подготвуваме нашиот летен изглед, фантазираме како ќе се одвива целото патување, кои места ќе ги посетиме, кои коктели ќе ги пиеме на плажа итн. Иако мислиш дека ќе имаш веќе се испланирано, сега доаѓа тешкиот дел: пакувањето. Пакувањето е нешто кое знаеш дека мораш да го направиш, но понекогаш знае да биде фрустрирачко доколку не знаеш од каде да почнеш. Затоа ние ти составивме листа од неопходни работи кои не смееш да заборавиш да ги спакуваш во куферот пред да тргнеш на долгоочекуваниот одмор ова лето.

Крема за сончање

Покрај сите убавини кои ги пружа летото, дефинитивно сакаш да избегнеш непријатни ситуации како што е справувањето со изгореници. Најдобриот начин за превенција е редовно нанесување на крем за сончање, особено ако често се капете во вода. Иако постои мит дека поголемиот заштитен фактор штити повеќе од штетните UV зраци, разликата меѓу повеќето фактори е речиси минимална. Највисокиот фактор може само подолго да трае на твојата кожа во контролирани услови. Сепак во условите на одмор, каде лежиш на плажа, изложен на јако сонце и солена вода, мораш да нанесуваш крема за сончање на секои 2 часа за максимална заштита и секако, убав и здрав тен.

Заштита од комарци

Една од најголемите пропусти кои можеш да ги направиш во планот е да не спакуваш средства за заштита од комарци, како и препарати за каснатини од инсекти. Една од најголемите негативности во летото се комарците и инсектите, а тие не само што се досадни, туку можат и да пренесат болести, особено ако дестинацијата на која патуваш е далечна и тропска. Исто така, на листата додади и лекови за главоболка, вирус и алергија и чекирај ги сите овие препарати како неопходен дел од планот за пакување.

Патничко осигурување

Лекција број 1: никогаш не заминувај во странство без патничко осигурување! Можат да се случат многу неочекувани работи кои не биле дел од твојот план, а можат да ти зададат непотребен стрес, наместо уживање. Затоа, заштити се од секакви нервози и замини со мирна глава на одмор.

Добра книга и добри слушалки

Има причина зошто одморот се вика „одмор“. Тоа е период кој ти дозволува конечно да земеш здив и време само за себе во кое ќе уживаш и ќе се ослободиш од секакви мисли. А како најдобро се ужива, ако не со музика и добра книга? Затоа, ослободи минимален простор од куферот спакувај ги книгата и слушалките. Тие ќе ти бидат од особена корист во текот на патот, додека уживаш низ глетката од прозорецот.

Копија од документи

Ти напоменуваме секогаш носи со себе екстра копија од сите документи и билети! Направи фотокопија од првата страна на пасошот, кредитните картички, билетите и другите документи пред да заминеш на патување. Исто така, прати си e-mail за секој случај. Дополнителната сигурност нема да ти наштети!

Пакувањето покрај тоа што е здодевно, може да го исцрпи и твојот буџет. Сепак, ова не треба да те загрижува бидејќи тука се „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци или „Credissimo плус" до 80.000 денари кои ќе ти асистираат при финалните подготовки за летниот одмор.

П.С. Не заборавај да го спакуваш костимот за капење!

 

Поврзани статии

Врати се назад
Идеи кои ќе го претворат твојот одмор во уникатно летно преживување
Статии

Идеи кои ќе го претворат твојот одмор во уникатно летно преживување

Искористи ги нашите совети за да го поминеш одморот ова лето незаборавно! Кампувај, спиј под ѕвездите, изненади ги пријателите со пица

Прочитај
Дали го припреми буџет планот за престојната година?
Статии

Дали го припреми буџет планот за престојната година?

Почетокот на годината е идеален период да се создаде годишен буџетен план, со кој би ги намалиле непотребните трошоци.

Прочитај
Посети некој од најголемите забавни паркови на вода
Статии

Посети некој од најголемите забавни паркови на вода

Во овие спектакуларни водени паркови посетителите доживуваат врвни адреналински авантури, додека на забавата дефинитивно и нема крај.

Прочитај
Време е да ја посетите својата омилена летна дестинација!
Статии

Време е да ја посетите својата омилена летна дестинација!

Неколку корисни совети како да заштедите и да имате неверојатен одмор за паметење ова лето. Прочитај ги советите и примени ги

Прочитај
Плажи како од рајот, на само неколку часа од тебе!
Статии

Плажи како од рајот, на само неколку часа од тебе!

Погледни го списокот на најблиските и најдобрите плажи, кои ти се лесно достапни. Замини на одмор на едно од овие рајски места

Прочитај