Помини ја Нова Година незаборавно!

Помини ја Нова Година незаборавно!

Прочитај повеќе за најдобрите дестинации за пречек на новата година доколку во овој момент си одлучил да ги спакуваш куферите. Ако сакаш да ја дочекаш Новата Година во друг град, погледни ги следниве  дестинации, каде што без сомнение би си поминал одлично.

Париз, Франција

Ако си романтичен, ова е идеална дестинација за тебе. Журката почнува со собирањето на Шанзелизе. Би било пожелно со себе да имаш и шампањ за наздравување со партнерот или со пријателите. Прекрасниот огномет во близината на Ајфеловата кула овие мигови ќе ти ги направи незаборавни.

Њујорк, САД

Пречек на Нова година на Тајм Сквер е една од работите што мораш  некогаш во животот да ја доживееш. Овој милионски град е преполн со настани во текот на целиот ден, до големото финале на полноќ.

Берлин

Берлинците имаат посебна страст кога се работи за огномет, кој често го лансираат од сопствените прозорци и тераси. Токму оваа навика го прави Берлин живописен за време на новогодишната ноќ. Многумина во Берлин ја пречекуваат Нова година на отворено за да може да уживаат во огнометот во целиот градот.

Истанбул

На кое друго место во светот би можел да ја пречекаш Новата Година на два континента истовремено? Без разлика дали прославуваш на европската или на азиската страна, ќе си поминеш феноменално. Илјадници луѓе ги преплавуваат улиците на Истанбул каде што постојаното свирење на возачите дополнително ја зголемува празничната атмосфера.

Амстердам

Во Холандија, новата година се пречекува со шампањ, крофни со јаболка и грозје, како и многу огномети кои го осветлуваат небото на полноќ. По доаѓањето на новата година, голем број луѓе ги преплавуваат улиците, но и баровите од кои поголемиот дел започнуваат со работа токму на полноќ.

Будимпешта

Атмосферата во Будимпешта за време на најлудата вечер во годината е навистина жива. Голем број луѓе се собираат на главните плоштади со цел да ја пречекаат Новата Година. Кога часовникот ќе покаже полноќ, нивната химна почнува да свири и насекаде се точи шампањ, се држат здравици и потоа уживаат во огнометот.

Да бидеме реални, ретко кому му се седи дома за Нова Година, затоа одбери си некоја од овие дестинации, земи си ги најблиските пријатели и помини си најдобро за Нова Година досега.
Ако веќе знаеш каде да одиш, а воедно знаеш дека не си баш при пари во моментот, Credissimo ќе се погрижи за тебе и за твојата желба.  Аплицирај за „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така може да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати, а ако сакаш да покриеш сместување, пат и пари за прослава само аплицирај за „Credissimo плус" до 80.000 денари и уште сега резервирај си карта.
Среќна Нова каде и да одиш!

Поврзани статии

Заблескај на матурската вечер и изгледај најмодерно.

Заблескај на матурската вечер и изгледај најмодерно.

Научи повеќе за новите матурски трендови оваа година и обезбеди незаборавна вечер за твојот матурант.

Најнеобичните места за дочек на новата 2024 година

Најнеобичните места за дочек на новата 2024 година

2024 година е „зад аголот“, а веќе на големо се разговара каде ќе се испрати старата и ќе се пречека новата година, која се надеваме дека ќе донесе многу повеќе среќа, љубов и успех на сите полиња.

Детоксикација после празниците? Да, може!

Детоксикација после празниците? Да, може!

Празниците носат радост, смеа и изобилство на вкусни задоволства. Секојдневната консумација на храна и пијалаци за време на празниците може да доведе до тоа да се почувствуваш летаргично и да имаш потреба од постпразнична детоксикација.

Кул предлози за прослава на твојот роденден

Кул предлози за прослава на твојот роденден

Ти се ближи роденденот, а ти сѐ уште немаш идеја како да го прославиш? Еве неколку кул идеи кои ќе ти помогнат.

Создадете приказна за паметење! Животот минува спомените се засекогаш!

Создадете приказна за паметење! Животот минува спомените се засекогаш!

Причини и совети зошто е добро да поседувата барем еден дигитален фотоапарат и како најдобро да го искористите во секојдневието.