Врати се назад Статии

Каде за Нова Година?

Каде за Нова Година?

Сите луѓе различно ја доживуваат новогодишната вечер. Некои се подготвуваат за неа со недели. Резервираат место цел месец однапред, ја организираат забавата до најситни детали, одлучуваат што ќе облечат и слично. Најчесто нивните очекувања се толку високи што реалноста не може да ги исполни и тие завршуваат разочарани. Од друга страна, пак, има и такви што не знаат каде ќе слават сѐ до последен момент. Не му придаваат големо значење на дочекот, бидејќи тој претставува уште една обична вечер за нив.

Прослава во бар или дискотека со друштво

Одбери една од интересните понуди од различни локали на социјалните мрежи. Собери ги твоите најблиски пријатели, договорете се на кого што му одговара и решете точно каде ќе одите. Во сите барови и дискотеки ќе има супер забави, затоа не размислувај многу, зато што
не е важно кај си, туку со кој си!

Прослава дома со друштво

Ти олесна што оваа година нема да мораш да славиш во кафуле и ќе можеш да прославиш  во домашна атмосфера со најблиските луѓе. Ем ќе заштедиш, ем ќе ја прилагодиш атмосферата според твој вкус. Ќе купиш сѐ што сакаш за јадење и пиење, ќе се облечеш во нешто удобно и ќе си ја подготвиш најдобрата музичка плејлиста. Вака ќе се забавуваш, ќе танцуваш и ќе разговараш со твоите најдобри пријатели цела вечер.

Прослава дома со партнерот

Имаш партнер кого го сакаш и среќен си што оваа година нема да се заморуваш околу дочекот, бидејќи барем си сигурен со кого ќе славиш. И двајцата откачете ги друштвата и може да се  посветите еден на друг. Направи ги омилените јадења, симни си филмови што на двајцата ви се допаѓаат и подготви се за удобна и романтична прослава.

Прослава надвор од Македонија

Отсекогаш си сакал да го направиш ова! Новогодишен дочек во Рим, Виена, Будимпешта, Прага… Не може да не си поминеш  убаво на тие волшебно украсени места. Доста ти беше од едните исти прослави. Оваа година подготвен си за нови искуства. Најди си прикладно место во бајковит европски град и ништо нема да може да ти го уништи поминот.

Не постои идеален дочек на Новата година. Немој да се чувствуваш лошо доколку не оди сѐ по планот и твоите очекувања не биле исполнети. На крајот на краиштата, станува збор за една обична вечер која не би требало да биде многу поразлична од другите вечери во текот на годината. Не дозволувај  една вечер да ти ја дефинира целата година што следува.
Ти само размислувај каде, Credissimo ќе ти каже како! Аплицирај за „Credissimo до плата“ до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така може да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. Ако реши да одиш надвор од државата, нема никаков проблем! Аплицирај за „Credissimo плус" до 80.000 денари и уживај каде и да си!

Поврзани статии

Врати се назад
Доби нов член на семејството?
Статии

Доби нов член на семејството?

Добредојде, мало! Еве неколку совети како полесно да организираш прослава, задолжително со мекици! Види ги советите и примени ги

Прочитај
Безгрижен предновогодишен празничен шопинг
Статии

Безгрижен предновогодишен празничен шопинг

Нова Година. Божиќ. Фамилија. Веселба. Јадење, пиење... Слика на полно блаженство. Но, додека да стигнеме до таму, повеќето поминуваме низ пекол.

Прочитај
Најмагичните божиќни базари во светот
Статии

Најмагичните божиќни базари во светот

Дали знаеш кои се најпопуларните и најпосетени божиќни базари во светот? Види ја нашата листа! Види ги и ако можеш посети ги

Прочитај
Твоите цели и замисли за 2021
Статии

Твоите цели и замисли за 2021

Списокот со новогодишни ветувања е одличен начин да се фокусираш на желбите кои одамна сакаш да ги оствариш.

Прочитај
Декорирај го уникатно твојот дом оваа Нова година!
Статии

Декорирај го уникатно твојот дом оваа Нова година!

Направи кул забава со следниве брзи, едноставни и забавни идеи за новогодишни декорации и помини си ја новогодишната вечер незаборавно

Прочитај