Твоите цели и замисли за 2021

Аплицираj
Твоите цели и замисли за 2021

Новата 2021 конечно пристигна и со себе донесе огромна возбуда и надеж за годината што претстои. Колку убаво звучи да ја започнеш новата година одморен, полн со самодоверба и безброј планови и цели.

Дали веќе имаш список со цели? Ако си како повеќето луѓе на планетата, одговорот веројатно е да. Без разлика дали ги нарекуваш новогодишни ветувања или список на цели, ова е одличен начин да се фокусираш на работите што ти се важни.

Колкупати досега си вети себеси дека ќe пpecтaнeш дa пyшиш, ќе зaпoчнeш да вежбаш и да водиш здpaв нaчин нa живoт? Или дека ќе пpecтaнeш дa јaдeш cлaтки од понеделник. Дека ќе почнеш да штедиш во новата година. Сега навистина е моментот! Оваа година, наместо уште еднаш само да ветуваш, почни вистински да реализираш!

Имаш тешки и специфични цели што сакаш да ги постигнеш, но едноставно не знаеш од каде да почнеш? Почетокот секогаш е најтежок, но биди смел бидејќи е време за нови работи. Ако имаш големи соништа и амбиции, ние можеби ќе ти помогнеме во нивното остварување. Со правилен став, ништо не е невозможно!

За почеток, запиши сѐ што ќе ти дојде на ум. Обиди се да напишеш барем 10 цели, а веднаш потоа размисли и процени кои цели реално можеш да ги постигнеш.

Следната фаза е да размислиш за идеите. Која цел за тебе е најголем предизвик? Која е најтешко достижна? Која би се гордеел да ја постигнеш? Запомни, најдобрите цели се оние што тебе најмногу ти значат.

Подреди ги по важност. Најпрвин избери некои цели кои би можел да ги постигнеш за неколку дена. Потоа избери некои подолгорочни цели, кои би можел да ги оствариш за неколку месеци.

Доколку сѐ уште немаш јасна цел, можеби ние ќе ти дадеме идеја за 2021.

Подобро здравје во новата година

Веќе е јасно колку е важно здравјето и нема повеќе простор за изговори. Избриши ги лошите навики и почни да работиш на своето здравје. Јади домашно приготвени јадења, пиј вода во поголеми количини, биди спортски активен повеќепати во неделата, минувај повеќе време на планина и на чист воздух, смеј се почесто и не заборавај колку е важен сонот.

Повеќе време со најблиските

Минатата година беше тешка и мошне предизвикувачка, но нѐ научи на една многу добра работа, а тоа е дека среќата треба да ја бараме во малите нешта. Потруди се оваа година да одвоиш повеќе време за најблиските и придржувај се до ветеното. Тоа се луѓето што ти мислат најдобро и луѓето на кои најмногу си им потребен. Не дозволувај да се почувствуваат занемарени.

Негувај го пријателството

Во последно време изгуби контакт со некои стари пријатели? Реагирај уште веднаш! Јави му се на долгогодишниот пријател, поразговарајте и потсетете се на заедничките убави моменти. Колку повеќе ја одржуваш комуникацијата со пријателите, толку подобро ќе се чувствуваш. Секако дека треба да размислуваш и за нови контакти и пријателства од кои ќе научиш нови работи, а со тоа ќе се чувствуваш емотивно побогат.

Кажи им збогум на лошите навики

Ако имаш некаква лоша навика, сега е време за да ѝ кажеш збогум засекогаш. Ова ќе биде навистина тешко, но биди ментално силен и упорен. Потребно е да се вложи многу труд, но резултатот е најважен и долготраен.

Инвестирај во себе

Веќе добро ја знаеш поговорката дека човекот учи додека е жив, но дали максимално го правиш и ти ова? Најуспешните луѓе, со високи достигнувања, континуираното вложуваат и го надградуваат своето знаење со читање книги, енциклопедии, посета на курсеви и слично.

Време е малку да се посветиш и на себе

Да се ставиш на прво место не е себично. Без разлика дали се работи за промена на фризура, нов часовник, егзотично патување, не е важно, направи го тоа што поскоро. Работите што ги правиш за себе ти даваат нова свежа енергија и чувство на задоволство.

Многу е лесно да заборавиш на своите цели. Дали знаеш дека само 8 % од луѓето што си поставиле цели за новата година, навистина ги исполниле, а 75 % се откажуваат од своите ветувања уште по првата недела, поради некоја причина. Затоа, мораш да останеш сконцентриран на нив и постојано да се трудиш да ги оствариш, а доколку причината е немањето доволно финансии, тука е Credissimo до плата до 20 000 ден., со 0 % камата и со нов подолг рок на исплата, веќе до 45 дена! Доколку за твоите желби е потребен поголем буџет, тогаш аплицирај за Credissimo плус до 80.000 денари.

Повеќе

Земи Credissimo Плус до 80 000 ден. и може да добиеш нов iPhone 11.
Твоја одговорност е што поскоро да се запознаеш со предизвиците кои ги носи Интернетот, за подобро да се заштитиш себеси и своите блиски.
Понекогаш, потребен е само мал совет од луѓе кои веќе се успешни.